Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Гоце Арнаудов

пејач

Бидејќи викендите ми се исполнети со настапи, преку неделата се трудам да завршам некои организациони работи. Но, еве, стигна четврток, а јас ништо немам фатено, па денеска треба да забрзам. Праќам фотографии и ЦД-еа во Австралија, каде што ќе гостувам од 6 септември, се договарам со музичарите што ме придружуваат и ако имам време ќе одам или до Дојран или до Суви Лаки на Огражден.

Ирена Спировска

ТВ-водителка

Утринава, прво имам гостување во Сити радио, па потоа се зафаќам со подготовката на претпоследната емисија од сезонава на „Дом и дизајн“. Гледам колку што е можно побрзо да ја завршам работата, па ќе се обидам барем на неколку часа да побегнам од Скопје, на викендичката во Лешок.

Елвир Мекиќ

пејач

Во Охрид сум, полу работно - полу одморски. Денешниов ден ми е од тој одморскиот дел, па си се забавувам на базенот на хотел „Милениум“. Во текот на денот одам да го посетам и Јован Јованов, кој од летово е и режисер на една емисија, па да му дадам морална поддршка.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ