Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



Овен

Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и' е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател.



Бик

Навредени сте за секоја ситница, а тоа ве прави нервозни и ве вади од колосек. Бидејќи ставот е субјективен, најдобро е да се повлечете и на мир да ја анализирате ситуацијата, која е искомплицирана. Кога работите не одат како што треба, пожелно е да се прекинат, барем на кратко.



Близнаци

Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Најлошо е чекањето. Одличен ден за писмена преписка за договарање на нови работи. Јадете што е можно полесна храна, избегнувајте црвено месо.



Рак

Денешните случувања ќе ги доживеете премногу драматично и фатално. Ќе сметате дека ја најавуваат промената за која сега не сте подготвени. Но, набрзо во неа ќе препознаете сосема поинаква смисла, којашто мудро ќе ја искористите. Соочете се со своето минато.



Лав

Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе и' биде симпатична на околината. Една личност од спротивниот пол ќе влијае на вас поттикнувачки. Еден случаен допир ќе заврши со ерупција на страсти.



Девица

Непланирано ќе потрошите многу пари за вечерна забава или ќе излезете во пресрет на молбата на една женска личност и ќе и' зјамите некоја вредна работа за важно излегување. Расположението ќе ви осцилира од многу добро до летаргично. Попладне одморете се.



Терезија

Срамежливи во контактите со околината, знајте дека вината лежи во вас. Последиците што датираат од раното детство сега стапуваат на сцена. Мора постојано да се борите со минатото, зашто ако ги запуштите работите, може да биде доцна.



Скорпија

Не дозволувајте трачевите да се испречат на вашата љубовна среќа. Многу ќе работите, но очекуваната заработувачка нема да ве разочара. Донесете правилно решение. Единствен проблем ќе ви биде тоа што апетитот ќе ви биде зголемен.



Стрелец

Насобраните недоразбирања ќе почнат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Можни се пречки во варењето на храната.



Јарец

Ќе се зголемат вашите сексуални апетити. Најмалку ви е потребен некој љубовен триаголник. Ќе го добиете она што сте го нарачале, односно платиле. Затоа, размислете дали рекламациите се оправдани. Внимавајте на хроничните тешкотии.



Водолија

Се чувствувате болно и осамено. Најверојатно е дека навистина сте болни и осамени, но што имате направено да не дојде до тоа? Бидејќи сакате се' и веднаш, бавниот развој на настаните никако не ви оди од рака. Наследени тегоби од ревматски тип и забоболка.



Риби

Бидејќи сте во романтична фаза, ви годат несекојдневни работи: уметност, афери и љубов пред се'. Во врска со тоа се јавува и отсуството на чувство за реалност, па така доаѓаат и грешките. Ви се нудат две можности: да се олабавите и уживате без оглед на последиците.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ