Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Научен собир на млади македонисти

Собирот ќе го поттикне лингвистичкото проучување на македонскиот јазик

Институтот „Блаже Конески“ од Скопје и Катедрата за македонски јазик изминативе два дена го организираа традиционалниот, шести по ред, научен собир на млади македонисти. Целта на Собирот е да го поттикне лингвистичкото проучување на македонскиот јазик од страна на младите истражувачи во Македонија и во светот и да овозможи воспоставување научни контакти меѓу нив. Истовремено, овој научен собир е и место каде што младите лингвисти-студенти, постдипломци и асистенти може да ги изнесат своите ставови, идеи и резултатите од истражувањата поврзани со македонскиот јазик.

Како што не' информираа организаторите, на годинешниот собир ќе учествуваат вкупно 47 учесници, од кои 22 се од земјава, а 25 се од странство. Странските учесници доаѓаат од 12 земји, Австрија, Албанија, Романија, Русија, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Чешка, Словачка, Франција и САД. Ова е најголем број на странски млади македонисти кои некогаш учествувале на некој научен собир и покажува дека интересот за проучување на македонскиот јазик од страна на младите научници во странство е голем.

Учесниците ќе настапат со реферати од областа на семантиката, лексикологијата и зборообразувањето, морфосинтаксата до фонологијата. Темите што се обработуваат се однесуваат и на современата состојба на македонскиот јазик и на неговиот историски развој. Поставените проблеми се разгледуваат и во споредба со други јазици.

Сметаме, велат на Катедрата за македонски јазик, дека во Годината на македонскиот јазик ова е уште еден многу значаен настан за нашата земја, особено поради тоа што се работи за млади интелектуалци кои се во мисија да го шират интересот за македонскиот јазик и македонската култура низ светот, преку својата научна и просветна дејност. (Н.П.)


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар

Од: Robert
Датум: 19.12.2008 09:42:55
Se gordeeme so Makedonistite i istite treba da se nagradat. Posebno so nekakva pocesna nagrada treba da se potiknat strancite makedonisti! Bravo!
Од: vlade
Датум: 19.12.2008 17:32:46
e pa lesno e - makedonskiot jazik e sozdaden vo 1945 - kratko i slatko... :))

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Катињ“ на Вајда за крај на „Синедејс“
Отворена изложбата „Вучедол“ - мит што опстојува
Кокино доби менаџмент-план
Филмскиот воз „Кочо Рацин“ ќе стане традиција
„Синедејс“ поминува со празни сали
Мирољубивиот Адријан и неговите бескрајни војни
Изложба за Старата скопска чаршија