Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Кокино доби менаџмент-план

На промоцијата, беа прочитани стихови за сонцето, симболот на културниот предел

Катерина Богоева

Мегалитската опсерваторија Кокино, стара околу 4000 години, по седум години од првите археолошки истражувања на монументалниот рид над истоименото кумановско село и по три години од влегувањето на четвртото место на листата на НАСА на стари опсерватории во светот, вчера го доби и својот план за управување како културен предел. Во хотелот „Холидеј ин“, на впечатлив ликовно, музичко, поетски начин, планот изработен според стандардите на УНЕСКО беше промовиран од Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство и археологот Јовица Станковски, директорот на Народниот музеј Куманово, кои посочија на најзначајните моменти од досегашните истражувања и верификацијата на локалитетот и на предвидените можности за заштита и одржлив развој.



„Добрата зачуваност на локалитетот до денешни дни не обврзува на голема одговорност во неговата заштита, во интерес на генерациите што доаѓаат. Менаџмент планот е еден од најзначајните чекори во правец на проекција на иднината на ова заштитено подрачје, од големо културно и историско значење. Тој нуди јасна визија за управување и негова комплексна заштита, а Музејот Куманово е прва институција во Македонија која подготвила и донела ваков стратешки документ. Тој покажув�� дека сите чинители (музејот, Општина Старо Нагоричане, државата) се свесни за значењето на локалитетот, дека имаат визија како да го сочуваат, да го заштитат и промовираат и да ја запознаат пошироката јавност со неговото значење“ - посочи Станковски укажувајќи дека Кокино, иако не е целосно научно идентификуван и валоризиран локалитет, досега понудил можност за научен археолошки и астрономски поглед на „потемните“ делови на праисторијата, за менување на стереотипите за културно заостанување на нашата бронзенодопска култура во однос на истовремените, големи цивилизациски жаришта околу Медитеранот и Блискиот Исток.

Целта на претставениот план е да го заштити првиот културен предел во земјава, да ги заштити неговите вредности и да ги изнајде начините како економскиот и културниот придонес од заштитеното добро да се искористи како предност за развој и јакнење на одржливиот општествен и економски развој и интерес на локалната заедница. “Неговата изработка е само чекор напред во придвижувањето на Кокино кон барањата на УНЕСКО за номинирање на локалитети за поврзани со астрономијата или древни опсерватории за листата на светско наследство како нова посебна категорија на светското културно наследство“, рече Павлов, информирајќи ги присутните дека ОН ја прогласија идната година за меѓународна година на астрономијата.Присутните со големо внимание го проследија уметничкиот дел од промоцијата, каде избор стихови за сонцето од македонски поети, пред изложените слики на Сергеј Андреевски, рецитираа поетесите Билјана Станковска и Светлана Христова Јоциќ, избор странска поезија рецитираше, Милан Бабиќ, а на кавал и на тамбура настапи Бајса Арифовска. Беше промовирана и идеја за основање на фондација за Кокино, а падна и првата клапа од филмот за локалитетот, кој ќе се снима во режија на Иван Митевски - Копола, сценарио на Русомир Богдановски, а во продукција на Музеј -Куманово.


Статијата е прочитана 508 пати.

Испрати коментар

Од: prof.dr.Vladan Zlatanovik
Датум: 19.12.2008 02:09:00
Mnogu odamna ocekuvav da se pojavi nekoj vakov tekst. Prv pat koga bev na Kokino, toa bese ljubov na prav pogled. Stapiv vo vrska so gospodinot Jovica Stankovski, direktore na Muzejot, na moe baranje, donese nekoi artefakti (keramika i metal). Od sopstveni sredstva investirav vo istrazuvanjata. Priznavam, so penzioniranjeto, rabotata se zabavi ama ne e zaboravena. No, gospodinot Jovica zaboravi na se. Da prejdam od samofalbi na realnosta. Kokino zasluzuva daleku pogolem tretman od strana na drzavnite institucii i nivnite voditeli ( n.p. Pasko Kuzman) sporedeno so podvodni i nadvodni muzei vo Gradiste! Ama ne se vo Ohrid! Tie sredstva da se investiraa vo Kokino (ej, lugje, pa toa e edna od 4-te opservatorii vo svetot a nakolni gradbi ima na sekoe ezero!! duri i vo Dojran), da se osigura lokalitetot, pateki, ispisani tabli, parking...A da ne zboram za patokazi od Kumanovo do lokalitetot. Steta za naseto poteklo, za kulturata i naukata na nasite pretci.

Најди! во Утрински
Култура
„Катињ“ на Вајда за крај на „Синедејс“
Отворена изложбата „Вучедол“ - мит што опстојува
Филмскиот воз „Кочо Рацин“ ќе стане традиција
„Синедејс“ поминува со празни сали
Научен собир на млади македонисти
Мирољубивиот Адријан и неговите бескрајни војни
Изложба за Старата скопска чаршија