Британски пилот погребан по 64 години
Британскиот пилот кој пред 64 години загина за време на бомбардирањето на Берлин, конечно, ќе биде погребан со воени почести. Капетанот во авијацијата, Џон Бремнер, загина на 21-годишна возраст заедно со уште тројца кога нивниот бомбардер „халифакс“ во 1944 година бил соборен. „Халифакс“ бил погоден кратко време по испуштањето на бомбите. Четворица членови на екипажот успеале да скокнат со падобран од авионот пред тој да експлодира и да се урне во шумовит предел. Потоа станале воени заробеници. Неговите останки не беа пронајдени се' додека еден од преживеаните членови на екипажот, поранешен пилот Рег Вилсон, не го откри местото на уривањето.
Капетанот Бремнер беше закопан на воените гробишта во Херштрасе во Берлин. Неговите останки се положени покрај оние на неговите поранешни другари капетанот Ерик Чрч и водникот Кенет Станбриџ. На погребот што се одржа вчера присуствуваа некои од преживеаните членови на екипажот и роднините на оние што загинаа. (Би-Би-Си) |