Според американскиот функционер, крајно време е да се реши спорот за името
Слободанка Јовановска
Премиерот Никола Груевски не успеа вчера да му избега на американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон, кој откако виде дека македонскиот лидер ќе најде илјада причини да не се сретнат во Скопје, ја смени маршрутата и, место да тргне за САД, замина за Загреб.
Таму Гордон сакаше да му ја пренесе лично пораката од Вашингтон дека е „крајно време“ да се реши спорот за името и да се одблокираат евроатлантските перспективи на земјата. Атмосферата околу посетата на Филип Гордон личеше на лов меѓу мачка и глушец, бидејќи премиерот мистериозно не можеше да долета од Мароко во Скопје, иако од средата наутро се отворени аеродромите во таа земја, а успеа да стигне на небитен состанок во Загреб, иако меѓу хрватската и македонската метропола разликата е само еден час. Така што кога утрото слета во прва официјална посета на Македонија, високиот американски функционер начека испревртена агенда, а на неа недостасуваше средба со премиерот, кој е единствен што има моќ да одговори на американските барања.
По средбите со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Бранко Црвенковски, Гордон изјави дека САД силно поддржуваат договор за името меѓу Македонија и Грција, но дека на него се чека предолго.
„Силно ги поддржуваме членството на Македонија во НАТО и евроинтеграцијата на земјата. Решението на спорот за името е клуч за да се откочи тоа. Мојата порака е да работите конструктивно со Грција за да се најде решение и да одите напред. Кога ќе се случи тоа САД ќе бидат многу силен поддржувач на договорот“, рече Гордон.
Место Груевски, пораките од власта на Гордон во Скопје му ги пренесе претседателот Иванов, кој му порачал дека високо се цени ангажманот на САД за надминување на спорот, при што Македонија е подготвена за заемно прифатливо решение, но само во рамките на Повелбата, резолуциите на Обединетите нации и на меѓународното право. Според пораката на Иванов, Македонија е таа што е најзаинтересирана за решение, но до него може да се дојде само со почитување на рамката во која се водат разговорите и со искрена политичка волја меѓу двете страни.
„Вашингтон е силно заинтересиран за политичката и з�� безбедносната стабилност на Македонија и за нејзина успешна интеграција во НАТО и за почнување на преговорите со Европската унија. САД сметаат дека е крајно време да се надмине спорот за името и да се деблокира евроинтеграцијата на земјата“, соопшти лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по средбата со Гордон.
На прашањето дали тоа „крајно“ значи дека спорот треба да се реши до јуни, до самитот на Унијата, Црвенковски одговори дека тој рок е веќе нереален, па не бил ни спомнат.
„Периодот до јуни, реално, е краток и дотогаш може само да почне некој процес што ќе значи решавање на спорот. Уште повеќе, ако премиерот Груевски инсистира на одржување референдум, што до јуни не може да се направи. Но, може да биде јасно обнародено дека влегуваме во фаза на решавање на спорот. Од аспект на САД, претпоставувам дека следната одредница за нив е самитот на НАТО во ноември. Дотогаш процесот треба да заврши, што значи дека деновиве треба да почне“, изјави Црвенковски.
Тој извести, исто така, дека со Гордон разговарале за меѓуетничките односи, при што гостинот од САД нагласил дека радикалните и екстремистичките методи се неприфатливи и треба да се направи си', со создавање соодветен политички амбиент, тие да останат изолирани. Тоа што е најдено толкаво количество оружје, според него, говори дека тие структури се активирани и се сериозна закана.
За средбата со Ахмети американскиот гостин соопшти дека му се заблагодарил за конструктивната улога што ја имал во промовирањето на меѓуетничките односи во земјата и на силната изјава на осуда на насилствата на границата. „Тоа е нешто што ние во САД силно го осудуваме и тука сум за да изразам силна поддршка од САД за Македонија и за билатералните односи“, порача тој. Конструктивниот Ахмети, пак, го злоупотреби присуството на Гордон давајќи изјава само на албански јазик. (С.Ј.)
Koj e koj vo prikaznata za lovot na gluvcheto Jerry od strana na macorot Tom?Poradi sopstvenata minijaturnost vo sekoj pogled Grujo saka da bide Jerry i da go naditri golemiot i silen Tom.Saka da se smee zadovolno na krajot na filmot piejkji si sokce so cevce i lulajkji se na lulaskata,zadovolen sto go naditril agilniot protivnik.No,crtaniot film ne e zivotna realnost.Kukavickoto krienje so sigurno pribeziste kaj sestrata od HDZ ne mu uspea.Uspea samo povtorno da ja izrezili Makedonija vo ocite na svetot.Iako i od ova saka da poentira kako golem patriot-zastitnik na FIROM,ovoj pat ja pretera.Hrabar e samo koga pluka po Branko i SDSM i si gi leci kompleksite so toa.Nema hrabrost nitu da ostvari zakazana sredba na koja nema da slusne prijatni raboti.Premierot pod stakleno zvono e naucen na falbi,laskanje i poltronstvo.Ne trpi drugo.Najmalku kritika,pa neka e i od SAD.Sakase sam da vladee i odlucuva za se,pa eve mu.Bujrum,sto veli Burhan.No,saka samo privilegii od vlasta,a ne odgovornost.
Од: italia
Датум: 14.05.2010 00:43:28
ne znae sto da kaze pa izbegnuva sredbi,no zaboravi so koj si ima rabota pa go presretnaa vo zagreb,no za amerikancite toa ne e ponizuvanje sto gujo izbega tuku samiot se posramoti,tie go najdoa, i mu kazaa toa sto trebase da mu kazaat gujo ne uspea da gi izbgne amerikancite.sitno brojat.
Од: diplomat
Датум: 14.05.2010 02:30:37
Vo evropa za sekoja policiska akcija,detalno se informira,a pogotovo koga ima ubieni,ne e tocno toa sto go tvrdi Pendarovski,vo pravo e koga zboruva za makedonskata policija,bidejki niti instituciite znaat za svoite dolznosti,niti gragjanite znaat koi se ustavno zagarantiranite prava!Vo Zapad i instituciite se na visoko nivo transparentni,no i gragjanite pravat pritisok i znaat sto baraat,zatoa instituciite se efikasni!Vo balkanot se smeta deka policijata moze da ubiva,bez da se proveri i dava odgovornost!Svedoci sme,deka pogotovo koga se vo prasanje albancite,se precekoruva so upotrebata na oruzje!Vo EU policijata upotrebuva oruzje,no togas obvinitelstvoto istrazuva po sluzbena dolznost za mozno obvinenie,poradi precekoruvanje,zloupotreba na sluzbenata dolznost,so toa sudot angazira eksperti i pravi rekonstrukcija na deloto(Tatrekonstruktion)znaci kako se odvivala realnata situacija i kako kompetentni policajci vo takov slucaj bi postapuvale,po osnova na site relevantni fakti!
Од: dedo dimo
Датум: 14.05.2010 03:32:59
Na zalost "diplomatot " mora da e Albanec so mnogu zagreana glava ,i od takvi se pravat problemi vo drzavata .A shto sakash policijata da pravi ,tie otvoraat ogan zatoa shto bilo ne izbezno deka ke bidat fateni za prefrlanje oruzje a policijata da gi pokani na kafe ili da se branat a voedno da e branat i drzavata .Vo nikoja zemja na svetot ,takvo neshto ne propustaat.Po nekoj od zagreanite Albanci ,koj se sosema mal broj ova go podrzavaat .Va she e da se probudite i svatite vie ziveete vo Republika Makedonija i kako i site drugi luge vo drzavata mora da se pridrzuvate sprema zakonite.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 14.05.2010 03:50:17
Срамот на Македонија продолжува.Ако овде избегнува ТВ дуели и настап пред народот со теми кои не се нималку пријатни( за него), вакво однесување во најмала рака не приличи на политичар а камо ли на премиер.Доаѓа времето на отрезнување.Дали премиерот со својата неодговорност не сфаќа за последиците кои ги носи неговата нњодговорност во целост.
Нели доцнеше на состанокот со министерот од Израел - дали некогаш бил некаде на време.Знае ли за одговорност, и последиците од неодговорноста?Сметката набрзо ќе му стигне.
Од: steve frankfurt am main
Датум: 14.05.2010 06:18:31
Ti Diplomatu treba i drugata strana na medaljata da ja prevrtis. Vo zapad kako sto velis ti, policijata ne tolerira pukanje vrz niv od strana na prepolno kombe so municija. Ti garantiram. Vo mene policijata nikogs nema pukano, znaes? Cudno kako ti samo ednata strana ja gledas.
Од: Златко
Датум: 14.05.2010 06:21:19
Не знам зошто со сила се правиме глупави и луди. Слушам како обични луѓе, но за жал и разни Груевиќи на големо викаат „ќе сме го бранеле името“, „требало да ги прекинеме преговорите“ итн. 1. Кое име ќе браниме? Името кое сега го имаме и под кое светот официјално не признава е FYROM, БЈРМ. 2. Ако ги прекинеме преговорите, кое име ќе ни остане за меѓународна употреба? Па името FYROM, БЈРМ. Целото ова сценарио со лажење на народот и изигрување некаков си „патриотизам“ е всушност купување време за што подолго Груевиќите да останат на власт и преку разни проекти и тендери да се прават милијардери. За да разберат луѓето кое име во моментов имаме и кое име „браниме“ нека гледаат Евровизија за неколку седмици и ќе видат кое е нашето меѓународно име кое Груевски не сака да го промени. Нашето име во моментов е FYROM, под кое име претседаваме и со Советот на Европа.
Од: prostak
Датум: 14.05.2010 07:06:38
Jas prost sum si, ama kolku tolku ccitam, pa razbrav deka imalo oblak od ccad na Maroko pa mnogu delegacii ne mozzele da patuvaat i toa bilo najaveno. Od ssto sum tolku prost sepak razbiram deka ima nekakvi merki za bezbednos.Znam deka vie i zzivotot bi go dale za da jandete priccina da kritikuvate, ama ova so beganjevo duri iza mene ssto sum si tolku prost i seusste ve sakam i vi veruvam sepak e malku preterano..
Од: trajan
Датум: 14.05.2010 08:19:00
Ne sum znael deka samo Grujo bil problemot za reshavanje na problemot so imeto?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.05.2010 08:29:36
Очекувана малициозност во написот на која се изналепија виножитните коментатори.Тоа што премиерот во Загреб присуствува на економскиот форум однапред закажан тоа новинарот не го интересира,вака ќе му се пише одработано. Вероватно г-дин Гордон е ,,импресиониран,,од средбата со виножитниот спасител,оти ретко се среќава гумарабика однесување,едино можеби ќе му замери за безидејноста но тоа никој и него очекува тука каде нас,навикнати сме на лет во место.Г-дин Ахмети испорача еден куп барања пред оној што дошол да соопшти за решавањето на проблемот со името,кој од кој просветлен.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 14.05.2010 08:42:23
Makedonija si gi ispolni site obvrski kako partner na SAD, pochnuvajki od vojnite vo Avganistan i Irak, pa preku nelegalnoto apsenje na lica vo ime na CIA, pa se do priznavanjeto na nelegalno proglasenata nezavisnost na Kosovo. SAD i se dolzhnici na Makedonija i nemaat naikakov prostor da postavuvaat nekakvi baranja i rokovi. Kluchot na site nivni nervozi na Balkanot momentno se naogja vo Atina. Gordon mozhe da trcha po eden chovek kolku shto saka i mozhe se da bara i nebo i zemja no na krajot samo narodot kje go dade konechniot odgovor. Gruevski nema da ostane zapishan vo makedonskata istorija kako lichnost koja mu go nanese najgolemoto ponizhuvanje na Makedonskoit narod.
Badijala im e na grcite da plakjaat kriminalni grupi za da ja destabiliziraat Makedonija. Nashata razuznuvachka sluzhba ochigledno dobro si ja vrshi rabotata.
Од: Македонски Американец-Детроит
Датум: 14.05.2010 08:49:09
Се мешаат бсаби и жаби. Полицијата треба да каже дека има работа со терористи (како што САД не мери сила во Авганистан и Ирак каде нејзината војска е во прашање,, а уште помалку пак во САД кога полицаец е во прашање. Имено во Детроит еден Афроамериканец беше застрелан од полицијата затоа што не го фрлил греблото кога му наредила полицијата. Човекот беше глув и собирал лисја кога полицијата со извадено оружје му се приближила и побарала да „се разоружа“ од греблото...
Да му бев јас таму на тој Гордон да го прашам, го праша ли тој Ахмети зошто ( и како тоа) нема знаме на Република Македонија на зградата, а наместо тоа има од Албанија, НАТО, САД, ЕУ...и се разбира партиско од ДУИ? Или можеби како што тврдеа во 2001 со Чинокот биле во Селце „на окупирана територија“ а не во Македонија и не го повредиле воздушниот простор на Македонија!? Да не знае и тој за „ОТАДЕ ГРУПЧИН“?
Уште кога го видов со рацете во џеб. некултурно да се однесува во присутво на Али Ахмети.
Од: Od Lexus
Датум: 14.05.2010 09:08:47
Hehe Grujo bega toj so cela sila se bori i za Eu iNato ali ne po sekoja cena na predavnicite i plukacite za niv e beganje Precedatelot Ivanov mu kaza istoto kako i Grujo negovata pozicia e jasna grcistata dobia pozajmica i ke prodolzat so nivnata fakelaki normalno na Usa im se brza...
Од: Дете бегалче - во сопствената земја Do diplomat
Датум: 14.05.2010 09:14:02
Пробај во Германија,или САД,да шверцуваш оружје и да пукаш „во самоодбрана“кон полицијата,да видиш како ќе те „Погалат“!Оној со оружје во рака,треба да е свесен дека може да Погине!Кога„вооружените групи граѓани“(UÇK-së)употребуваат оружје(ракети,автомати,митралези,пиштоли...)тогаш е сè во ред.Штом се открие Бункерот со Купишта оружје,тогаш се работи за „прекумерна употреба“на сила и „кршење“на човекови права!Криминалните групи,се користат за сосема друга намена!Зад Маската на обесправеност и загрозеност се кријат други,сосема Појасни Цели!Проблем на Македонците е што имаат Малоумни Политичари,алчни за пари и за привилегии,кои не и се Дораснати на ситуацијата!Загрозеноста,социјалниот немир,невработеноста и обесправеноста,ги чувствуваат сите граѓани на Македонија!Ниту се Албанците најзагрозените,ниту се работи за Еднонационален проблем,на кој сите други се имуни! Беззаконието кое е Вкоренето во нашето општество е причината за Хаосот во кој живееме!
Од: Бегалка
Датум: 14.05.2010 09:16:29
Кој кажува дека нема да му избега и таму?! А, што и ако се сретне?! Аман, бре народе, што очекуваме од чоечето?!
Од: citatelka
Датум: 14.05.2010 09:19:07
Vie sto go kritikuvate Gruevski za kogo navivate?Site vrsat pritisok za pregovori za imeto so cel sto pobargu da ja zavrsat rabotata za brisewe na imeto Makedonija, toa im e celta i na evropa i na sad.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 14.05.2010 09:30:03
Stom Amerikanecot gledase potreba da leta duri za HR i da se vidi so samonareceniot spasitel na MK,togas draga moja "portokalova druzina",toj imase VAZNA PORAKA da mu prenese od Obama!No dali taa dostasa kaj pastirot,ne sum bas siguren,zosto toj vo minatoto precesto se pokaza "imun" na porakite od megjunarodnata zaednica.Za EU i SAD e vazno da se resi sporot so imeto,a kako ke se resi,niv ne gi interesira,bidejki vo interes im e samo stabilnosta na Balkanot,mada po cena na MKskite cuvstva!Razlika megju DPMNE i SDSM e taa sto SDSM barem vo nadvoresnata Politika gi zastapi MKskite interesi i ne ja izolirase MK vo Evropa i svetot.DPMNE vodi klientelna politika vo MK,od koja samo budzetarite (administracija i penzionerite) se ofajduvaat,a nikako pogolemiot del od naselenieto vo MK.Zaradi nezatlivite budzetari obicnite danocni obvrznici vo MK vo idnina ke platat previsoka kamata od 10% namesto 1,5% za stranski krediti.Ama krajot na vladata se doblizuva,barem taka se nadevam.Nadezen Pozdrav!
Од: Kemal Ataturk
Датум: 14.05.2010 09:51:40
САД не признаа под уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (мислам 2005 г), ама ние не знаевме да го употребиме тоа.
Зошто за се мора да има „АМА
Од: ...
Датум: 14.05.2010 10:38:18
Го чекам уште кометарот на Кимов. Друже Кимов, Феликс помина на ред, ајде сеа и ти испукај се и дај му поддршка на твојот НЕСПОСОБЕН лидер!
Од: Ana
Датум: 14.05.2010 11:36:22
Македонски Американец-Детроит do nekade ja razbiram tvojata ignorantnost! Albancite imaat NACIONALNO zname, so VEKOVI...koe zname isto taka e i drzavno zname na R.Albania, koja e sozdadena kako denesna drzava mnogu podocna. Faktot sto vie nemate nacionalno zname tuku samo drzavno, koe go smenivte po kejf na Grcija, objasnuva zosto vie ne mozete da gi razbirate cuvstvata na albancite prema nivnoto zname.
Од: јас
Датум: 14.05.2010 11:50:45
Овчарот успеа ( пак ) да ја посрамоти Македонија !!!!! Џабе му е оправдувањето на Среќко & CO , нашето мало фирерче пак успеа да се посрамоти ( по кој знае кој пат ) пред очите на светските дипломати...И мислеше дека овој пат ќе биде недофатлив...Ама се прерачуна , американецот го начека во Загреб и ( се надевам ) ДОБРО МУ ГИ ИСТЕГНА УШИТЕ ..Да знае со кого си има работа..Не му се ова Среќко , Кимчо и другата портокалова братиоја , која паѓа во занес кога пастиро ќе отвори уста ( да каже уште една лага )...Ако си и малку човек и патриот како што тврдиш ) дај си оставка како човек и барем по тоа да бидеш по добро запамтен д македонците !!!!
Од: nadidan
Датум: 14.05.2010 12:35:50
Зошто не го притиснат Папандреу у...Грција (големите),има голем проблем со името па не сака да си го реши оти така им одговара, мислејќи дека Македонија ќе си го смени името и на тој начин да ја снема, ама се излажале Македонија била е и ќе биде ВЕЧНА.
Од: b
Датум: 14.05.2010 13:00:11
До читателка! Драга читателке,
Многу ни се плашат, многу сме силни и умни и затоа цел свет се свртел против нас, како така да не уништи, да си шивеат без нас, т.е без страв. Тоа е филозофијата на сите апсолутисти, па и на твојот омилен водач. Само страшливците како него и неговите слепи послушници како тебе така размислуваат.
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 14.05.2010 13:04:07
Krajno vreme e da bide glokaliziran problemot so imeto na Makedonija. Imeno, problemot ne e veke za imeto kako da se vika Makedonija tuku so imeto Makedonija koe e etablirano i prifateno od site. So toa problemot veke i ne e globalen tuku lokalen zaradi edna tvrdoglava zemja koja ne saka da ja prifati realnosta tuku saka da nametne fikcija. A problemot veke se glokalizira bidejki vo tek e simulacijata na referendum, anketa koja zapocna na denot na pobedonosecot Sv. Gorgi, denes se odviva vo Radovis a za nekolku dena ke bide zavrsena vo Skopje. Znaci sudbinata na imeto e vo racete na tie na koi im pripaga. A promenata na imeto sega, bi znacelo stavawe izmet namesto slag na vrvot na makedonskata torta pravena i cekana so vekovi.
Од: eleni
Датум: 14.05.2010 14:01:40
Filip Gordon e sudski cinovnik (clerk of the court ) koj gi brka so sudska pokana (subpena) svedocite vo sudski proces ?
Од: Kopuk
Датум: 14.05.2010 14:57:34
Do: Blue fighter: Tom i Jerry i site sto mislat kako nego
Koj ja rezili Makedonija vo Svetot, sto zboruvas be covece, pa ne li gledas deka 'SVETOT' te ponizuva i minimizira, te igra kako sto saka, se dodeka ne mu pokazes 'cvrst karakter'. Vednas da se izgradi voena baza i toa RUSKA (ili Kineska) vo Makedonija, pa da vidime kako Amerikancite ke se osekjaat. Treba premnogu da si itar za da go igras 'svetot' a ne da mu se klanjas. Zaradi mnogute poltroni sto gi ima taa Makedonija megju makedonskite i albaskite (shquiptar-skite) politicari
nikogas nema da uspeete da ve cenat. Vo svetot se cekori so krenata glava ne so molenje.....
Од: Goran
Датум: 14.05.2010 15:46:04
Haha, mnogu ste smesni site. Kakvi spekulacii, de vocari de gluvci a pojma nemate sto zboruvate.
Celata poenta ovde e da se pluka na premierot..
A za komentive, sami sebe ovci se pravite.
Pozdrav