Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Писма
Како не стрижат мобилните оператори

Живко Богоески, Прилеп
Во последно време сме бомбардирани од разни мошне поволни понуди на постојните мобилни оператори, на кои лесно налетуваат наивни жртви. Не знаеш која од која е попривлечна кога на штандовите ви ги презентираат симпатичните претставнички. Дури по склучувањето на договорот и со стигнување на првите сметки, ќе забележите дека сте купиле рог за свеќа и дека има голема разлика од она што вербално ви е презентирано и она што навистина го добивате. Но, веќе е доцна, бидејќи за добивање една бесплатна мобилка, сте потпишале верност (или подобро речено уцена) од 24 месеци од која на никој начин не можете да се ослободите. За жал, такво непријатно искуство со операторот ВИП имав и јас.

Имено, имав претходен договор од 24 месеци на два броја и кога ми помина минималниот рок на траење од 24 месеци, добив љубезна понуда за продолжување за уште 24 месеци и некаков си пакет ВИП СМАРТ М . Тогаш од страна на претставничката во продавница во Прилеп ми беа вербално презентирани условите со претплата од 259 денари, со добивање на 1.000 бесплатни минути кон корисниците на ВИП и, секако, бесплатен мобилен телефон. Иако и во претходните договори имав забележано многу нејаснотии и чудни пресметки, кои не ми беа презентирани во договорите, наивно го прифатив понудениот пакет. Ми ставија еден куп листови да ги потпишам, без да имам можност подетално да ги проанализирам и заминав среќен со нов мобилен. Кога ми дојде месечната сметка, беше толку јасна и прегледна што и Тианхе-1 (кинескиот мегакомјутер) тешко ќе се снајде и ќе ја разбере. Воопшто не се совпаѓаше со она што ми беше презентирано при потпишување на договорот. Кога забележав дека налетав на јадицата, решив другиот број, кој го имав во истата компанија, да го прекинам, бидејќи рокот од 24 месеци му беше изминат на 13.10.2010. Но, видете чудо! Во барањето за прекин прочитав дека „договорот ќе биде раскинат по истекот на рокот на известувањето од 90 дена?!“ Таква клаузула во договорот што беше склучен на 13.10.2008 година воопшто не постоеше. Рекламирав во претставништвото на ВИП, но вработената онака службено ми кажа дека такви биле прописите на нивната компанија. Па чекајте и реков. Кога го склучував договорот, веќе по 2 часа станав ваш клиент, а сега за да се откажам, потребни биле дури 90 дена, а се разбира за тоа време ќе си тече месечната претплата, зборувал- не зборувал. Ми одговори дека се такви нивните интерни прописи.

Значи, јас принудно и по истекот на договорот морам да бидам нивни абонент и да ја плаќам месечната претплата уште 90 дена. И што да се каже повеќе. На сите овие пакети специјално им се избираат што понеразбирливи наслови и имиња, како овој ВИП СМАРТ М или слично за да бидат позбунувачки за клиентите и понеразбиливи, бидејќи кога клиентот е збунет најлесно и се стриже. Не знам дали постои некаква контрола и заштита од ваквите примамливи понудувачи, кои едно ви нудат на штандот, а друго ви испраќаат со месечните сметки. И, прашувам - кој воопшто ги штити интересите на многубројните клиенти на ваквите мобилни оператори, кои без никакви скрупули ги доведуваат во заблуда потрошувачите и потоа како во село без кучиња прават како ќе им се ќефне? Најдобро е изгледа, луѓето да бидат претпазливи на слаткоречивите понуди и добро да ги разгледаат договорите во кои има мноштво стапици и празнини за наивните потрошувачи.


#
Статијата е прочитана 1410 пати.

Испрати коментар

Од: gocedelcev
Датум: 08.11.2010 12:11:11
Државата треба да забрани лажно рекламирање а сите провајдери лажат во своите реклами! Пример ВИП вели комуникацијата е бесплатна помеѓу корисниците на ВИП што воопшто не е точно! Секој разговор помеѓу ВИП корисниците се наплаќа!
Од: spire
Датум: 08.11.2010 12:55:21
Zivko, i jas si go papav od ovie VIP-ovci...... nazdravje da ni e...........
Од: bitola troa skolovan
Датум: 08.11.2010 13:13:53
slucajno vo svetot e se izmisleno i verovatno e vgradeno vo nasite zakoni ama so novorodencina ne se implementiraat i sproveduvaat zakoni.neka ni e na zdravje.
Од: од редовен читател
Датум: 08.11.2010 13:42:18
Веројатно вакви случаи има на стотици и така ќе биде се додека државата им прогледнува низ прсти на операторите, а тоа го прави од многу едноставна причина. Толку пари на седено место никој не „зарабтува“, погледнете го чистиот профит на Т-mobile и се ќе ви биде јасно, нашата државичка без нималку срам од граѓаните си лапа по 40-50 милиони евра на име дивиденда, па затоа и нема корист да интервенира во лажните реклами и пакети на операторите.
Од: nekoj
Датум: 08.11.2010 13:47:10
Jas ne znam i sto e tolku problem? Nisto ne se podpisuva bez da se procita.
Од: jas
Датум: 08.11.2010 14:28:41
Abe Goce delcev idi obrazuvaj se malku, ne siri gluposti. Komunikacijata vo vip e besplatna i ne se naplaka sekoj razgovor ne tresi gluposti. Sekoj razgovor se naplaka ako zemes paket od 100 ili 200 den preplata, e sto da ne sakas za tolkava pretplata da zboris za 0 denari.
Од: граѓанин
Датум: 08.11.2010 16:55:38
Сите 3-4 телекомуникациски компании кај нас се служат со лажни реклами многу вешто и скришно упакувани во примамливи а лажни 'обланди'. Јас мака мачам со ОНЕ - повеќе од една година им плаќам сметки а не го користам телефонот, секое мое барање за раскинување на Договорот лежерно го игнорираат. Покрај државната администрација овие компании се дефинитивно најкрволочните пијавици на овој нарoд..
Од: milica
Датум: 08.11.2010 19:57:31
Najdobro razotkrivanje na laznite ponudi e reklamata od ONE: kaj nas nema finti nitu skrieni trosoci. E pa, znaci nasekade imalo, naivnite nasednuvaat.
Од: Ljubezen povik od VIP
Датум: 09.11.2010 00:14:37
Za volja na vistinata moram da kazam da posle objaveniot tekst mi se javi lice od VIP ,koe mosne ljubezno se interesiurase za moeto izrazeno nezadovolstvo i problemot so prekid na dogovorot. Istoto mi objasni deka brojot po moe baranje ce bide vednas iskljucen od mrezata, sto e i napraveno, i mi objasni deka uslovot vo baranjeto za prekid na dogovorot od 90 dena bil pogresno vmetnat vo moeto baranje, odnosno toj se odnesuval samo na novi klienti, a jas sum vece korisnik na VIP uslugite povece od 2,5 godini i istiot uslov ne se odnesuva na mene. Isto taka pokusa ljubezno da mi gi razjazni uslovite na ponudata VIP SMART M,Toa prijatno me iznenadi, no se prasuvam dali morase da pisuvam tekst vo dneven vesnik za da se prekine dogovorot , koga istiot davase moznost za prekid posle 13,10.2010god. i dali toa istoto ne mozese da go napravi nivnata simpaticna prestavnicka na nivniot stand vo Prilep. Sepak ovaj gest e za pozdravuvanje.
Од: ne razbiram
Датум: 09.11.2010 03:29:23
nikoj ne e ti e kriv sto ne ja razbiras pretplatata, i nisto ne kaza sto e toa sporno vo smetkata, so pretplata od 295den da razgovras so site vip broevi besplatno ne e i taka loso. Normalno koga ke potpises dogovor treba da cekas 90 dena za raskinuvanje a rokot za raskinuvanje e 30 dena toa e kaj site operatori. Si zemal besplaten telefon i ne sakas da platis pretplata e pa daj mi ti togas telefon bez da ti platam:)

Најди! во Утрински
Писма
Има ли власта барем малку срам?






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax