Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Писма
Има ли власта барем малку срам?

Иван Гошевски

Буџетот на една држава ни покажува која е Владата и кои се нејзините приоритети, за што се залага таа, кои и се нејзините вистинските интереси. Поучени од претходните, еве веќе четири години единствено што можеме да кажеме е веќе видено!

И оваа година, буџетот што го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека таа нема намера да се откаже од својот комодитет, но затоа многу македонски семејства како резултат на овој буџет ќе мора да сторат тоа единствено за доброто на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е жртва што ќе ја дадат македонските граѓани за да опстои оваа власт, односно да се рекламира.

Па, Владата на Груевски, Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со експертот Ставревски, работејќи на штета на народот, не покажува ниту мала загриженост за состојбата во која се наоѓа македонската економија.

Ако го погледнеме буџетот за 2011, ќе видиме дека празните политички говори на претставниците на Владата, кои четири години ги повторуваат, од типот на тоа дека ова им е важно, дека она им било приоритет, дека пред се' приоритет им е македонскиот граѓанин, паѓаат во вода.

Типична слабост на Владата за која се говори секојпат кога се усвојува буџетот на Република Македонија е тоа дека троши многу пари. Како и во секој досегашен нивни буџет, така и овој има пари за повеќе реклами на Владата, за нови возила и опрема на МВР, за нови договорни услуги.

Буџетот вели дека повторно имаме пари за споменици, музеи, жичарници, каскадни прегради, автобуси, економски промоции. Имаме пари за спортски сали, тениски игралишта...

Како да не беа доволни сите оние спортски сали што беа направени во дворовите на училиштата онаму каде што децата воопшто немаат никакви услови за образование. А сведоци сме на правење нови спортски сали што и онака голем дел прокиснаа или воопшто немаат никаков технички прием за да бидат ставени во употреба.

Но, реалната состојба во која се наоѓа македонската економија не е проектирана во буџетот што го предлагаат тие. Реалноста во која живеат македонските граѓани вели дека џебовите на граѓаните се празни.

Денес во Република Македонија реалноста вели дека има помалку работници во индустријата, дека има пад на индустриското производство, цените на живот се поголеми, струјата е се' поскапа. Зголемена е невработеноста, граѓаните мизерно живеат. Бројот на блокирани фирми расте. Фирмите се' уште должат плати, а блокирани се од државата за неплатени обврски од страна на државата.

Во моменти кога во Република Македонија има работи што неопходно и' недостасуваат, односно кога здравството пропаѓа, кога болниците се без медицинска опрема, стечајните работници штрајкуваат, кога земјоделците не го добиваат заслуженото, оваа неиживеана Влада продолжува со неодговорната политика.

Дека не сте одговорни - видовме. Но, дали имате барем малку срам!?

#
Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.11.2010 12:24:10
А кој го изгубил СРАМОТ па да го најдат ови од власта АКА ич немат срам.Лажат ли лажат дури СУШАТ.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 08.11.2010 12:45:47
Кога на деца ќе им дадеш да го водат домашниот буџет, тие нормално, за сите пари ќе си купат играчки. Така е и со портокалчињата, не се они криви - едноставно толкав им е капацитетот......
Од: antarktik
Датум: 08.11.2010 13:30:09
Goce Delcev,Pitu Guli kapacitetot na ovie e ist kako i na prethodnite. I te kako e golem, ama samo za da se "nafatiraat" (toa e Makedonceto politicarce). Nemoj taka da gi potcenuvas, ti se molam, kapacitet na koj moze da im pozavidi Italijanskata+Portorikanskata mafija zaedno. A narod kako narod, pogotovo Makedonceto. Kesi "mlati prazna slama", a ovie kako i prethodnite ke se fatiraat, fatiraat,fatiraat......
Од: nekoj
Датум: 08.11.2010 13:50:21
Tie pravat kriminal od ogromni razmeri, vie prasuvate za sram? Ako kriminalecot imal sram nemalo da bide kriminalec. Tuku podobro e da se zaprasate kako ke gi isterate
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 08.11.2010 17:05:11
Абе деца, не заборавите една секуличка мудрост. пОДОБРО Е ДОБИРШ ШАМАР ОД ПАМЕТЕН ЧОВЕК ОД КОЛКУ БАКНЕЖ ОД БУДАЛА! Терајте како сте почнале...

Најди! во Утрински
Писма
Како не стрижат мобилните оператори






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia