Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Европа - Балкан

Руска шок-терапија

Иван Торов

Србија е длабоко разочарана што на Русија и' послужи како монета за поткусурување и полигон за одмерување на силите со Западот

БЕЛГРАД - Одлуката на Русија по кратката војна со Грузија да ја признае независноста на двата региона Јужна Осетија и Абхазија, во српските политички (владејачки) кругови предизвика вистински шок. Секако, непријатен, бидејќи со указот на претседателот Медведев практично им е одземен досегашниот најсилен адут во оспорувањето на независноста на Косово. Без разлика колку официјалните претставници од Москва се трудат да го смират Борис Тадиќ дека во руската поддршка за Србија, ниту по кавкаската авантура, ништо не се променило.

А дека и не е баш така, сега веќе и врапчињата знаат. Со тоа што „со прекројување на границите ги одбрани своите интереси“ во Црноморскиот регион, најпрво со вооружена интервенција во длабочина на грузиската територија, а потоа и со акт за признавање на независноста Русија (во очите на Белград) ги погази сопствените принципи на кои почиваше нејзиниот однос спрема Косово. Пораката до Европската унија и САД дека „вам Косово ви беше посебен случај, нам тоа ни се Јужна Осетија и Абхазија“, Русија стави до знаење дека во светската политика повеќе не може да биде спореден играч. Што значи, со други зборови, дека нејзините интереси (империјално-територијални или поинакви, сеедно) се поважни од меѓународното право на чиешто почитување толку здушно се повикуваше. Сето она што по повод Косово можеше да се слушне во изминативе месеци од Белград и од Вашингтон, а што на руското уво воопшто не му годеше, сега како „аргументација која го оправдува направеното“, излегува од устата на највисоките руски државници. Рускиот настап притоа е толку тврд, исклучителен и арогантен што не остава никаков сомнеж дека Србија и Грузија, односно Косово, Јужна Осетија и Абхазија се идеална платформа за нејзино враќање на светската сцена како голема сила. Со сите реперкусии што произлегуваат од тоа: интензивирање на конфронтацијата со Запад, крајно рискантно, дури и уценувачко (закани со прекин на испораката на нафта и гас) спротивставување на планираното ширење на НАТО до самата јужна граница на Русија, (Грузија и Украина) и поставувањето на ракетниот штит, ја обновува психозата на студената војна, или како што некои го нарекуваат „студениот мир“ во односите со Запад.

Изненадениот државен врв на Србија, на искушенијата и одлуките од Москва реагираше многу внимателно со соопштение за „загриженоста од развојот на настаните на Кавказот“ и уверувањето дека Србија, и покрај се', „останува приврзана кон ставот за почитување на меѓународното право, односно територијалниот интегритет на секоја суверена држава“. Сепак, таа изјава не можеше да го скрие големото разочарување на Белград од промената на рускиот став и сознанието дека Србија и Грузија на Русија и' послужија како монета за поткусурување и полигон за одмерување на силите со западниот свет. Во таков „светски судир“, малите држави секогаш го извлекуваат подебелиот крај, стануваат лесен плен на заткулисните игри на големите. Во тој контекст, Србија фактички ги има сите причини за сериозна загриженост најпрво затоа што Русија, по којзнае кој пат во историјата ја изневери, можеби дури и злоупотреби, потоа да стравува дека „големиот брат“ ќе ја испорача сметката за досегашната поддршка во форма на барање и Белград да ја следи Москва, односно да ги признае Јужна Осетија и Абхазија за на крај да стравува од можна завршница и самата Русија, мотивирана од „новите принципи“ - да ја признае независноста на Косово. Со самото тоа што двоецот Путин - Медведев во признавањето на „сувереноста“ на двата, по големина на населението маргинални, а сепак стратегиски многу важни црноморски региони, буквално ја примени истата формула што Запад ја „афирмираше“ со признавањето на Косово.

Српската националистичка опозиција, пред сите радикалите на Шешељ и народњаци на Коштуница, настојуваат да ја капитализира оваа ненадејна можност, обвинувајќи ги демократите на Тадиќ дека со „попустливата и предавничка“ политика, односно со „проевропскиот“ и „проамериканскиот“ курс ја прокоцкаа руската поддршка. Тие бараат Србија без двоумење да и' се придружи на Русија во признавањето на Јужна Осетија и Абхазија. Всушност, се оди на инсценирање отворен судир меѓу Белград и Москва, со тоа што Тадиќ, ако ги послуша советите да дигне раце од непродуктивната руска поддршка и се сврти кон Европската унија како единствен излез на Србија од долготрајната криза, би бил на чистина каде што би морал јасно да се одреди кон кое царство би се приклонил - Русија или ЕУ (САД).

Дека во српско-руските односи нешто не чини во последниве неколку дена, најдобра илустрација е одолжувањето на Белград да ја ратификува државната спогодба со Русија за изградба на гасоводот „Јужен тек“ и продажбата на Нафтената индустрија на Србија (НИС). Од дипломатските кругови се слуша дека руските лобисти се растрчани на сите страни за да ја убедат владата на Мирко Цветковиќ дека енергетската спогодба со Москва нема алтернатива. Имено, Русите се „загрижени“ дека Србија би се откажала од аранжманот, доколку Москва продолжи да ја уценува околу цената на НИС. Оној момент кога српската влада ја ангажираше угледната куќа „Дилој и Туш“ да ја процени вредноста на НИС, а особено деновиве кога во јавноста „протече“ дека НИС вреди 2,5 милијарди евра, а не 400 милиони колку што нуди „Гаспром“, рускиот амбасадор во Белград, Конузин, покрај дипломатските обичаи го предупреди домаќинот да „не си игра со оган“. Односно, без какво и да е одложување и дополнителни преговори и измени, ја ратификува гасната спогодба. Во спротивно, Србија би била „исфрлена“ од трасата на идниот гасовод „Јужен тек“.

Од тие причини српската опозиција се надева дека дополнителното затегнување на јажето со Русија, која и самата си го бара и го поттикнува, ќе биде единствената можност власта во Белград да биде соборена и пред да почне да владее. Веќе денес во Собранието на Србија, по едномесечна пауза, се очекува рововска битка во која малцинството со апсолутна опструкција и деструкција го блокира мнозинството, спречувајќи го да ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

 


Статијата е прочитана 1198 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 02.09.2008 08:21:02
bre, bre, bre...a na rusija srbija pozvazna od se na svetot, neli, a posebno vakva zatrcana po nato em im prodava ozruzje na gruzijcite. si imaat rusite i svoi domasni interesi osven da bidat pogolemi srbi od srbite. sto na majka im napravin srbija da ja odbtrani svojata teritorija? nisto!
Од: petrov
Датум: 02.09.2008 09:23:28
Aferim, nasiv Torov pocna i za megjunarodna politika da pisuva, arno ama negovite "streli' seuste se otrovni.Nikako nesto da napise kako sto e realno vo stvarnosta.Pak se prasuvam, koj te placa Torov vaka da pisuvas?Sto mislis nie samo tebe te citame, CNN i BBC gledame?Ne gospodine Torov, falamu na boga za internetot, nisto ne ostanuva skrieno.Jas citam vesnici na 5-6 stranski jazici, veruvam i ostanatite.A, ti, prodolzi i ponatamu, jas vece izvesno vreme ce te "pauziram"
Од: Nikola - Germanija
Датум: 02.09.2008 09:24:37
Se pokaza vistinskoto lice na Rusija i sprema Srbija. Toa me raduva od dve pricini. Prvo, Srbite poeke nema da se zanesuvaat pod parola "Kosovo e Srbija" (taa ideja odamna umre) i vtoro, i na nekoi krugovi vo MK ke im bide jasno, deka Rusija ne e verodostoen partner; naprotiv, teska toj narod i zemja, koja premnogu se oslonuva na Rusija.Rusija svoereme ja prizna MK pod ustavnoto ime poradi kompleksi sprema zapad, a ne deka se koj znae kolkavi priateli na Makedonskiot narod.Da bese taka, nemase sekoj vtor den da se posetat megjusebe Grcki i Ruski politicki pretstavnici.Znaci,umre i taa bozemska alternativa za Makedonija.Znaci,mislite se ubavo kade vi e mestoto.Srbija veke zakluci i go zema patot kon zapad.
Од: pameten
Датум: 02.09.2008 09:28:36
"дека Србија и Грузија на Русија и' послужија како монета за поткусурување и полигон за одмерување на силите со западниот свет." A shto mislele Srbite? Deka Bratskiot Ruski narod kje im go vrati Kosovo? Kolku id a s silna Rusija, ne mozhe da go pobedi obedinetiot Zapad. Integracijata so Zapadot nema alternativa ni a Srbija, ni za Makedonija. Srbija mora da go zhrtva Kosovo, makedonija - identitetot (takov kakov se zacvrstil za vreme na Titova Jugoslavija)
Од: Makedonec od cel svet
Датум: 02.09.2008 12:54:55
Ivane, poslusaj go Petrov i procitaj nekoj drug izvor na informacii
Од: Sloven
Датум: 02.09.2008 15:07:27
Neznam sto e poglupavo ovde tekstov ili "antickomakedonskive komentari"?Srbive se oslonuvale na Rusija!Pa na kogo ke se oslonat?!Vo poslednive 20 g.im ja e...a majkata koj stigna.Probaa da go zadrzat svojot narod vo edna drzava.Bea pod sangcii bez nikakva pomos,bombardirani,so milion izbeglici.Neznam sto vi e tolku cudno sto ete sega videle nekakva nadez vo Rusija.Sto napravile rusite za niv?Jas bi rekol mnogu, a mislam deka ke napravat i poveke.E sega od druga strana sto napravija turcite za nas sto tolku mnogu im se tintraat m.....ta ?Kompleksot na poniska vrednost e seriozna rabota pa zatoa ne treba covek da ima golemi zamerki.Nie barame nekoja si egejska ili naznam kakva Makedonija koja nikogas ama bas nikogas ne bila nasa,a od druga strana ete srbite se zanesuvale so nekakva ideja deka "Kosovo e Srbija"Neznam so kava idea vie ke se zanesuvate za dvaesetina godini mozebi "Skopje e Makedonija"?! Ako mu crkne kravata na sosedot vie sigurno nema da dobite poveke mleko atoa ...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.