Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Победа демантира вмешаност во лажирање

Генералниот менаџер на Пјуник, Андраник Цатурјан, вели дека не забележал ништо чудно и необично во мечот во Скопје

По веста што ја објави УЕФА дека ќе покрене истрага против Победа, нејзиниот претседател и еден фудбалер, под сомнение дека ги прекршиле принципите на интегритет и спортско однесување со манипулирање на конечниот исход во првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите со Пјуник, вчера се огласија и претставници на 11- кратниот ерменски првак. Тимот од Ереван останува надвор од лупата на УЕФА, но свој коментар даде генералниот менаџер на Пјуник, Андраник Цатурјан, кој беше на трибините на Градски стадион на 13 јули во 2004 година. Тој не гледа ништо спорно во победата на ерменскиот шампион во Скопје бидејќи како што вели за тоа и допатувале во македонската престолнина.

„Се сеќавам на тој натпревар, но не забележав ништо чудно и необично. Знам дека многумина зборуваа за тоа колку слабо играше тимот на Победа тој ден. Претходно не сум го гледал тој клуб како игра, па затоа и не можам да судам. Во секој случај тоа е проблем на македонскиот тим, а не наш. Нашиот тим отпатува таму за да победи и успеа во тоа“, вели Цатурјан во изјавата за водечкиот ерменски интернет портал А1+.

Претседателот на Победа, Александар Забрчанец-Ацуле, и вчера не беше достапен за коментар по одлуката на УЕФА да покрене истрага против прилепчани. Раководството на клубот вчера не одржа прес-конференција, а од Прилеп информација дека обраќање кон јавноста ќе има дури по 17 април, по завршување на истрагата и објавување на одлуката на комисијата за внатрешна контрола и дисциплина при УЕФА. Во средата Забрчанец за новинската агенција Ројтерс ги демантира сомневањата дека Победа учествувала во лажирање на резултатот против Пјуник.

„Никогаш не сме биле инволвирани во афера од ваков тип. Може да се победи или загуби, таков е спортот, таков е фудбалот, но нема ништо контроверзно во нашиот пораз од Пјуник. Фудбалската федерација на Македонија не' извести дека УЕФА ќе започне процедура и наскоро ќе ја соопштиме нашата официјална позиција за овој случај“, изјави Забрчане�� за Ројтерс.


Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар

Од: slartibartfast
Датум: 28.03.2009 08:45:13
Skopskite fudbalski klanovi ke napravat se za da ja grabnat foteljata na pretsedatelot na FFM. Ne moze da se pomiratg so faktot sto do denes nemale pretsedatel skopjanec.

Најди! во Утрински
Спорт
Грција непознат, но посакуван противник
Фудбалски вести
Формула 1 повозбудлива од кога и да е