Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Мајката на капитенот на Челзи фатена во кражба

Дефанзивецот и капитен на Челзи, Џон Тери, заработува 135.000 фунти неделно, а со премиите и спонзорските договори таа сума се зголемува. Со добрата плата Џон Тери му овозможи на своето семејство удобен живот. Така на својата мајка, како и на тештата им купи куќи во ексклузивната улица во Лондон и им овозможи раскошен живот. Но, тоа очигледно не им беше доволно. Мајката Сју Тери (50) и тештата Сју Пол (54) фатени се во кражба на облека во супермаркетот „Марки-Спенсер“, а работите кои се обиделе да ги украдат вределе 800 фунти. Полицијата ги приведе на разговор, а двете жени ја признаа вината и изјавиле дека не знаат зошто тоа го направиле. Џон Тери, според пишувањата на медиумите, е разочаран и посрамотен поради сличувањата кои ја насмеја островската јавност.

Поради корупција, Полска остана без судии



Секојдневно во Полска на виделина излегуваат нови и нови корупциски скандали врзани за фудбалот, што донесоа до тоа да нема доволно судии за делење на правдата на фудбалските мечеви од Првата лига.

Полскиот фудбал е во огромни проблеми. Полицијата досега зад решетки стави дури 68 судии и спортски работници, кои се обвинети дека примале мито. „За натпреварите од Првата лига мора да имаме минимум 18 судии, а останаа уште само 17. Згора на тоа, тие се обврзани да судат и некои меѓународни натпревари“, изјави еден претставник на судиската организација во Федерацијата на Полска.

Капело: Руни, луд Човеку, смири се!



Селекторот на Англија, Фабио Капело, му порача на напаѓачот на Манчестер јунајтед Вејн Руни итно да го смири темпераментот, нарекувајќи го „луд човек“. На италијанскиот стручњак не му се допадна однесувањето на Руни, кој на претходниот меч со Фулам заработи исклучување.

„Што тоа се случуваше во твојата глава кога го удираше корнер знаменцето. Ти си луд човек, потполно луд“, му кажа Капело на Руни.

Холандија ја пречекува Шкотска во квалификациите за сп 2010



Група 1: Малта - Данска, Албанија - Унгарија, Португалија - Шведска

Табела: Данска (3 меча) 7 бода, Унгарија (4) 7, Албанија (5) 6, Португалија (4) 5, Шведска (3) 5, Малта (5) 1.

Група 2: Израел - Грција, Молдавија - Швајцарија, Луксембург - Летонија

Табела: Грција (4) 9, Израел (4) 8, Швајцарија (4) 7, Летонија (4) 4, Ликсембург (4) 4, Молдавија (4) 1.

Група 3: Северна Ирска - Полска, Словенија - Чешка

Табела: Словачка (4) 9, С.Ирска (5) 7, Чешка (4) 7, Полска (4) 7, Словенија (4) 7, Сан Марино (5) 0.

Група 4: Германија - Лихтенштајн, Русија - Азербејџан, Велс - Финска

Табела: Германија (4) 10, Русија (3) 6, Велс (4) 6, Финска (3) 4, Азербејџан (3) 1, Лихтенштајн (3) 1

Група 5: Шпанија - Турција, Белгија - БиХ, Ерменија - Естонија

Табела: Шпанија (4) 12, Турција (4) 8, Белгија (4) 7, БиХ (4) 6, Естонија (4) 1, Ерменија (4) 0.

Група 6

Табела: Англија (4) 12, Хрватска (4) 7, Украина (3) 7, Белорусија (3) 3, Казакхстан (4) 3, Андора (4) 0

Група 7: Романија - Србија, Литванија - Франција

Табела: Србија (4) 9, Литванија (4) 9, Франција (3) 4, Австрија (4) 4, Романија (3) 4, Фарски острови (4) 1

Група 8: Црна Гора - Италија, Р.Ирска - Бугарија, Кипар - Грузија

Табела: Италија (4) 10, Р.Ирска (4) 10, Бугарија (3) 3, Црна Гора (3) 2, Грузија (5) 2, Кипар (3) 1

Група 9: Холандија - Шкотска

Табела: Холандија (3) 9, Шкотска (3) 4, Исланд (4) 4, Македонија (3) 3, Норвешка (3) 2


Статијата е прочитана 646 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Победа демантира вмешаност во лажирање
Грција непознат, но посакуван противник
Формула 1 повозбудлива од кога и да е