Број 2721  четврток, 26 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Корупцијата е еден од главните проблеми во Македонија

Македонија не е способна да врши истрага за аферите со корупција, оценува Советот на Европа во својот извештај

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Кога ќе се погледне годинашниот извештај на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ), се гледа дека тоа не успеа во целост да ја отслика ситуацијата во Европа, определувајќи се само за земјите-членки на СЕ, кои се опфатени со процедурата за следење на обврските преземени со членството во СЕ, т.н. мониторинг и постмониторинг-дијалогот. Македонија се наоѓа во втората група земји и како таква таа е опфатена со извештајот.

ПС на СЕ во дијалогот што го води со Македонија смета дека на Собранието на Македонија итно му се потребни нови правила за работа, во кое ќе бидат земени предвид јазичната рамнотежа, траењето на расправата и парламентарната работа. Членовите на мониторинг-комисијата при посетите на Македонија забележаа дека Собранието заседава пет дена во неделата во текот на целата година, што не им дозволува на пратениците да ги среќаваат своите избирачи во изборните единици. Покрај ова, во собраниските расправи не е утврдено ограничување на времетраењето на дискусиите во ниту еден дел од законодавната процедура, што се одразува со попречување или задоцнување на законските проекти во корист на бескрајните дискусии.

Во извештајот накратко се зборува и за предвремените парламентарни избори и за контекстот што доведе до нив, недостигот од дијалог и поделбите меѓу владината коалиција и опозицијата итн. Оцените за изборите не се дадени во овој извештај, тие беа тема на извештајот на делегацијата што ги набљудуваше. Главната оцена дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за парламентарните избори во Македонија е дека тие не ги задоволија фундаменталните меѓународни норми. ПС на СЕ се надева дека новото парламентарно мнозинство и новата владина коалиција ќе ��идат способни да воспостават позитивен дијалог со опозицијата, со цел да се подобри функционирањето на демократските институции на земјата.

Добар дел од извештајот е посветен на борбата против корупцијата, што беше „приоритет меѓу приоритетите“ на Владата. ПС на СЕ констатира дека правната и институционална рамка во оваа област беше засилена. Изменет е и Антикорупцискиот закон за да им се забрани на политичките партии да примаат или да трошат пари од анонимни донатори. Меѓу позитивните мерки за борба против корупцијата во Македонија се наведуваат и Законот за спречување конфликт на интереси, Антикорупциската комисија, но, и покрај сите овие мерки за борба против корупцијата, таа борба не е доволно глобална, оценува ПС на СЕ.

Покрај сите напори, корупцијата останува широко присутна и таа е олеснета со отсуството на добровладеење, транспарентност и спроведување на дело на одговорноста на администрацијата. Македонија не е способна да врши истрага за аферите со корупција ниту, пак, да ги изведе виновниците пред суд и покрај постигнатиот напредок, смета ПС на СЕ. Многу случаи на корупција беа доставени до судовите, но потоа тие беа закопани. Ургентно се бара од Македонија да го спроведе ефикасно на дело антикорупциското законодавство и да ја зацврсти независноста на институциите и на механизмите за контрола.

ПС на СЕ констатира дека втората фаза од децентрализацијата и пренесувањето на надлежностите од централната на локалната власт започна пред една година. Од 82 општини, само 42 беа подготвени, притоа се нагласува дека реформата во оваа област бил голем предизвик со оглед на амплитудата на децентрализацијата. Тензиите и отсуството на доверба меѓу заедниците (се мисли на етничките заедници) ја прават тешка соработката меѓу албанските општини во кои владее опозицијата со централната власт. Се забележува, исто така, дека не е пресечено прашањето за доделување специјален статус на градот Скопје.

На демократското функционирање на Македонија, исто така, му се забележува дека целосно не го има укинато кривичното гонење за клевета. ПС на СЕ предвидува да го продолжи постмониторинг-дијалогот со Македонија, кој ќе биде засилен по изборните нерегуларности од 1 јуни.


#
Статијата е прочитана 1065 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 26.06.2008 08:52:53
Sto se odnesuva do korupcijata ,tuka nema da ima nikakvi promeni, taka ke si ostane uste dolgo vreme.(Ako preziveeme)
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 26.06.2008 13:09:07
До премиера ГРУЈО И ЊЕГОВА ДРУЖИНА. Синко Грујо овој што писуев у весник, читамо, читамо и не верујемо. Овај Извештај од тај ПС на СЕ нема га куде наши Латаси, Јанко лудио, миленко Метла,нема га ни у македониум. ЗНАЧИ не е ИСТИНА. К’ко може све да не ваља, ни влада, ни парламент, ни судије,ни борба сс корупција и криминал, ни изборе, ни администрација. Ово задње, на пример, немају људи столице и масе да седнев па да почнев да остварују ПРЕПОРОД И ПРЕОБРАЖЕЊЕ! На нас бабе и бате Стојанче, овај ИЗВЕШТАЈ ни личи к’ко да га ИЗМИСЛИЕ новинар или га писала ЛИЧНО Шекеринска. Затој ПОСЛУШАЈ НАС ПОСТАРЕ, ми смо ти од оне 500 000 твоје, одма пошаљи Гордану ТАМО НА РОНУ, с’с камере, да сабере тај ПС на СЕ и право У АПС у ШУТКУ. Да не једев џабе дај и ПРОГРАМУ за РОД И ПРЕПОРОД на Македонију, нека читав и нека видев дека и и Ти не седев с’с скрстене руке. Дека работеш и д’н и ноќ ама ногу душмани. Душмани не само ови наши домородни новинари него се јавие и тамо од далеко. Батали ги, гледај у нас
Од: nekogo
Датум: 26.06.2008 22:15:30
Edno od najgolemite zla na denesnicata ne samo vo Makedonija tuku voopsto vo svetot e tokmu korupcijata.Kaj nas ne se znae suste kade taa e najprisutna, no so sigurnost veke moze da se utvrdi deka istata ne ke moze da se resava so sudii i sudstvo koi naviknale da sudat po preporaka od nekoj poviskok; odnosno naviknale nekoj da im kaze kako da sudat. So sigurnost veke se primetuva deka ovaa vlast mnogu ne se mesa vo sudstvoto i poveketo sudii i sudovi se vo panika ne znaejki neznaejki sto da pravat, nenaviknati na takov nacin, da go pocituvaat Zakonot koj nikogas ne im bil celta tuku "naredbata" ili "prepotrakata"

Најди! во Утрински
Втора страница
И Грција се откажа од 9 јули за името
Патриотска пиратерија
Verbatim

"""