Работа за своите деца обезбедија битолскиот градоначалник, претседателот на Советот, директорот на „Комуналец“...
БИТОЛА - Последните неколку месеци највисоките функционери во Битола масовно ги вработуваат своите синови и ќерки во јавни претпријатија и во државни институции. Незадоволството расте не само кај граѓаните, туку и меѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ.
Работа за своите деца обезбедија градоначалникот на Битола, Владимир Талески, претседателот на Советот, Лилјана Кузмановска, директорот на ЈП „Комуналец“ и локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Јовко Крстевски, како и други високи функционери во партијата и директори на државни институции.
Битолската јавност силно ја разбранува случајот со вработувањето на ќерката на подрачниот раководител за образование во Општина Битола, Снежана Петровска. По четири години работа со договор, професорка од средното медицинско училиште во Битола, мајка на две малолетни деца остана на улица, за нејзиното место да го заземе штотуку дипломираната ќерка на Петровска.
Четириесетгодишната битолчанка Морена Пандовска, професорка по фармацевтска технологија, дипломирана на Универзитетот во Нови Сад, наместо продолжување на работниот договор добила образложение дека веќе не може да предава во училиштето поради несоодветно образование. Нејзиното занимање не постоело во нормативот на училиштето.
„Ме оставија без работа. Шокирана сум. Се прашувам како по четири години работа во ова училиште ниту една надлежна институција не ме извести дека во нормативот не постои моето звање, дипломиран инженер технолог по фармацевтска технологија и оти не можам да го предавам тој предмет. Ако знаењето е сила и моќ, јас ја имам силата на знаењето, но ја губам моќта во лавиринтите што само ним им се познати“, обвини вчера Пандовска. Таа смета дека е изманипулирана, бидејќи нејзиното работно место однапред било испланирано за друг.
„Ќерката на Петровска дипломира на крајот на август. Излегува дека јас го чував местото за нејзиното девојче“, се пожали Пандовска.
Директорката на битолското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, Јасмина Никич-Десановска, вели дека не е отпуштени од работа една професорка, туку две, а на нивно место се примени нови со соодветно образование. Според неа, не станува збор за политички вработувања или за политички притисок, туку за почитување на законите.
„Никој не може да биде толку притиснат за да го прекрши законот. Станува збор за коинциденција. Од двете нововработени на определено време едната е ќерка на Петровска, а другата ќерка на судија од Врховен суд. Ние не можеме да дискриминираме некого при вработувањето затоа што е нечиј син или ќерка“, објаснува Никич-Десановска.
Подрачниот раководител за образование во Битола, Снежана Петровска, ги негира обвинувањата што пристигнаа на нејзина адреса. Како добар познавач на состојбите во битолското образование таа вели дека вработувањето на нејзината ќерка е законско. „Не е вработена само ќерка ми. Вработен е и друг фармацевт. Во случајот кога на отпуштената професорка и' истече договорот за работа само ќерка ми беше единствена фармацевтка пријавена во Заводот за вработување“, нагласува Петровска.
Меѓутоа, статистиката на Агенцијата за вработување во Битола вели нешто друго. Во Агенцијата две години за работа се пријавува дипломиран фармацевт и се' уште чека вработување. (А.Б.)
За сите Вие од СДСМ и ВМРО кои чекате на изборите да победат вашите, во меѓувреме дојдете кај нас во Тиквешијата и да работите на лозјата и да видите како е кога трудот не се плаќа.
Од: jovan
Датум: 26.10.2010 12:58:04
Tie toa go pravat veke 4 godini, vas sega li vi tekna. Do dusa ni proslite ne bea poarni sto se odnesuva do ovaa pojava.
Од: VMRO- EVROPA
Датум: 26.10.2010 13:08:05
Za vakvite dejstvija ,vo partiite vo zapadnite zemji se prezemaat merki na ostavka na rakovoditelite koi go napravile toa, vednas bez razmisluvanje,odnosno vo slucaj koi e potezok za niv a za nas e kako muva da te kasnalo, licnosta koja nepotisticki postapuvala se karakterizira od sooparticite kako ,, licnost so namalena moralni vrednosti,, . Ova ako ti go prilepat vo Evropa, so karierata ti e zavrseno za na vek. Ima bez broj slucai koga ministri postapuvale kako vo slucajot, no potoa barale izvinuvanje od clenovite na partijata koja e na vlast.
Ama ova e vo Evropa. Zatoa Premiere, liceto koe se vrabotilo na vakov nacin se ostava na rabota ,a liceto koe nepotisticki deluvalo se otstranuva od rakovodnoto mesto.
Од: Alek
Датум: 26.10.2010 15:29:32
Овие ја преминаа секоја мерка! Како канцер метастази се шират по државава јадејќи го здравото и исправното. Ова е една од главните причини поради која МОРА ДА ПАДНАТ!!! Нема да ги спасат ни смешните инспектори, ни судии марионети, ни нивните тајни полиции и тепачи. Никој!!!
Од: deljan
Датум: 26.10.2010 15:39:07
Госпоѓо Пандовска тоа што го кажувате и на што се сомневате, за жал се е вистина. Тоа што го преживувате јас го поминав и го почуствував, дури и болест си „заработив“ од нерва и неправда. Но тоа е нашата држава во која се е поставено за да биде изманипулирано. Во школството во последниве неколку години од 2006г. влегоја толку многу неписмени и расипани по карактер кадри што од нашите деца прават инвалиди. За пример, сите родители своите деца сакаат да им ги образоваат способни кадри а тие се малку па затоа кај таквите има и по над 30 деца во клас, а кај неспособни со сила запишуваат едвај од 10-15 деца. Но сепак сите молчат од образовни и трудиви инспектори, директори па се до министри затоа што директивата партиска е да се вработат криви-леви само да се дпмне-овци, а децате? тие се колатерална штета на системот партиски.
Од: pop
Датум: 26.10.2010 17:14:44
dojdi vo strumica pa da vidis sto e vrabotuvanje
Од: socijalec
Датум: 27.10.2010 00:22:13
Za zal i jas jja pocuvstvivav ovaa nepravda uste pred dve god koga posle dvaeset god.vo MRTV preku nok se najdov na ulica.Urednickata koja e od vladeackata partija vo oci bez sram mi kaza deka taa licno ke mi go vraci otkazot koj odamna mi go posakuvala.Toa i se sluci,bez i malku sovest, bidejki sum samohrana majka na maloletno dete, si go ostvari vetenoto.Sega sum bez dinar,se pobolev poradi toa,a moeto dete nemoze da svati zosto nejzinata majka za razlika od nekoi drugi sekogas i veli deka za se nema pari.E moja Makedonijo da znaev oti do ova deredze ke dojdam odamna ke si fatev magla odtuka.
Од: jas
Датум: 27.10.2010 07:52:00
oti e sistemot pokvaren i rasipan??
pokvaren i rasipan e deka e izraboten od pokvareni i rasipani.
nepotizmot e sve poveke i poveke prisuten i
na diviot zapad.
koga vakvi nesta se slucvaat no odi na arno.
seto e mafija i kriminal.