|
|
|
|
|
|
Скандал
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
Ејми Вајнхаус ја „поздрави Атина“ на почетокот од концертот, а потоа и „публиката во Њујорк“
Контроверзната пејачка Ејми Вајнхаус ја започна европската турнеја завчера со скандал во Белград, појавувајќи се пијана на сцената. Веднаш по излегувањето на бината, со задоцнување од половина час, во видно лоша состојба, Вајнхаус најпрво седна, а потоа и падна. Во почетокот публиката беше збунета, но потоа сфати дека пејачката, која е позната по своите проблеми со алкохолот и со дрогата, не се чувствува добро.
Вајнхаус зборуваше неразбирливо, се обидуваше да пее, но веќе со првата нумера „Just Friends“ стана јасно дека не е во состојба да го одржи концертот. Одличниот бенд се обидуваше да ја извади ситуацијата, упорно свиреше, трудејќи се да ја одржат атмосферата и да ја смират бесната публика, а вокалот Томсон во неколку наврати беше принуден да ја фати Вајнхаус за да не падне на земја.
Посетителите на тврдината Калемегдан, според податоците на организаторите околу 20.000, беа револтирани од однесувањето на британската пејачка, а покрај исвиркувањето и викањето „уа“, на нејзина сметка беа испорачани и навредливи зборови.
И покрај острото негодување на публиката и смеата што Ејми ја предизвикуваше со своето тетеравење и мрморење на сцената, нејзиниот менаџмент одлучи да не ја отстрани од бината, па агонијата продолжи да трае цел час.
По извесно време дел од публиката почна да бара на сцената да излезе американскиот музичар Моби, дел ги жалеа музичарите што свиреа и понатаму обидувајќи се да ја задржат Ејми на нозе, а другите го напуштија концертот.
Организаторите од „Авалон продукција“, затечени од ситуацијата, не беа во можност да дадат изјави за претставниците на медиумите. Имено, и покрај стравувањата дека Ејми нема да биде способна да ја почне турнејата, нејзиниот менаџмент ги уверил дека е подготвена и оти нема да има никакви проблеми. Публиката на Калемегдан дури се распрашуваше и дали ќе им бидат вратени парите за влезниците, а, според се', нема да се случи. Останува да видиме што ќе биде со концертите на Ејми закажани за Истанбул (вечерва), Атина - 22 јуни... (Вечерње новости) |
#
|
Статијата е прочитана 2738 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Жан |
Датум: 20.06.2011 09:45:32 |
|
Зошто плаќаат пари да ја видат оваа на жалост истрошена личност на млади години е прашањето. Кога ќе излезат солидни музичари кои не им е само славата во глава, туку музиката и пријателството. Музичари кои не гледаат само да покажат што повеќе секс, што на жалост децата го гледаат и мислат дека така треба во животот. Женски музичарки секс, машки кој повеќе можи да е жена... Ни требаат стабилни идоли на здрава нога, кои знаат што е музика, што глупирање и расипништво. |
|
|
|
|
|
|
Од: valeri |
Датум: 20.06.2011 11:19:40 |
|
Sukur sto Ejmi izleze pijana vo Belgrad:) Da ja Donesea Avalonci vo Skopje, ke ne teraa site do eden da peeme na scena, a nadvor od koncerton nikoj od publikata da ne pisne deka Ejmi bila pijana. Da se slucese vo Skopje, "koncertot ke bese najuspesen na site vreminja". Alal da ti e Ejmi, teraj si rabota so Avalonci! |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 20.06.2011 12:16:07 |
|
Navistina bese malku "dezorientirana" ! Mozebi e vo depresija sto ne bese povikana za nastap vo makedonskata predizborna kampanja? Tuka mozebi i podobro ke se vklopese i poveke ke zarabotese! A i nikoj nemase do kraj da doznae dali kupila plac u Hrvatska, dali kupila sest stana , dali proneverija pari u Ceska, dali gi platila trosocite so poronevereni ili isprani pari....! Vazno, kolku sto mozela, tolku ispeala, fer i demokratski! |
|
|
|
|
|
|
Од: dimitar |
Датум: 20.06.2011 17:49:51 |
|
Tie Avaloncite se odnesuvaat kako zastitena mecka.....ajde sga brzo na site da im gi vratat parite za ovaa bruka od nekoja si pejacka, dosta se nafatiraa!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|