Новак Ѓоковиќ
Сакам семејство со многу деца
Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите, а сигурно и најпопуларни тенисери во светот, во интервју за сараевски „Сан“ открива дека сака многу деца, ужива во вода, претпочитува психолошки книги, а најмногу се плаши од височина.
„Не сум бестрашен како на теренот. Приватно е сосема друго. Еве, на пример, минатата година се исплашив кога во луна-парк во Париз пробав едно возење. Или, пак, никогаш не би скокнал со подобран. Се плашам од височина!“, вели Новак.
Чаршијата со месеци зборува за неговата наводна свршувачка со долгогодишната девојка Јелан Ристиќ. „Полека, чекор по чекор... Најголема желба ми е еден ден да станам семеен човек и да имам многу деца. Тоа е најголемо богатство во кое човек може бескрајно да ужива“, изјави Ноле без притоа да ги демантира или потврди гласиштата за свршувачката. Тој во девојката, како што вели, ја гледа својата најголема поддршка, а таа, пак, веќе е навикната на се' што носи животот на еден славен тенисер. „Јелена знае каква е мојата работа. Таа е изградена ��ичност, магистер по економија. Сега подготвува докторат, има своја работа и нејзината несебична поддршка многу ми значи“, додава Ноле. |