Што прават денеска
Коле Ангеловски
режисер
По викендот во Маврово и акумулирање свежа енергија во прекрасниот планински амбиент денеска се враќам на урбаното темпо на работа. Цел ден ќе ја снимаме новата емисија на „Балкан бенд“, па речиси не останува време за некои други планови. Освен ако не украдеме нешто време, спонтано.
Дани
пејачка
Почнувам со интензивни подготовки за снимањето на спотот за мојата песна „Живеам за другите“, што се надевам ќе го почнеме до крајот на неделава. Значи, денеска договор со режисерот, состанок околу сценографијата... и на крај да си ги платам сметките.
Христина Деспотовска
дизајнерка во „Кара“
Понеделнички седмицава ми почнува со неколку состаноци. Денеска продолжувам и со работа на новата колекција, а веќе треба и да се подготвувам за службено патување во Италија, што ќе го реализам во текот на неделава. |