Неочекувани вести во раните утрински часови ќе ве придвижат во акција. Ве очекува пораст на деловните и семејните обврски, па затоа водете сметка за времето. Ќе ве збуни студенилото и замисленоста на едно блиско лице. Денеска прво раз��ислувајте, па зборувајте.
Бик
Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе примат љубовна порака која ќе ја засили вашата самодоверба и верба во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно. Сепак, држете го апетитот под контрола.
Близнаци
Скромноста и ненаметливоста ќе ви бидат од поголема корист отколку гласното и бучно истакнување, особено кога станува збор за пријателските и деловните односи. Внимавајте на себе, но и на здравјето на вам блиска и сакано лице. Пронајдете ја причината за вашата несоница.
Рак
Внимавајте да не бидете денеска вовлечени во некој судир, против вашата волја. Еден збор ќе биде доволен да ве прогласат за соучесник или дури и виновник за дела што некому му нанесуваат штета. Љубовниот партнер не го разбира вашето расположение. Претераната чувствителност е штетна за вас.
Лав
Една женска личност, со која инаку немате добри односи, ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне да ги решите проблемите од финансиска или деловна природа. Оние што се во брак ќе мора да се приспособат на навиките и на потребите од роднините на партнерот. Контролирајте го својот потрошувачки нагон.
Девица
Не ги губете нервите за детали, односно заради нечие туѓо однесување. Постојат околности и личности, на кои за сега не можете да влијаете. Подобро здивнете од работата и договорете се за вечерно излегување. Ќе ве развесели пријатно и насмеано друштво. Прифатете ја помошта од една женска личност.
Терезија
Ако ги избегнувате семејните обврски, ќе му забележите на лице чија приврзаност ви е важна. Приватните обврски ќе ви одземат многу време. Опуштете се! Не може секогаш се' да тече според планот. Вечерта резервирајте ја за романтика. Не ја префрлајте вината врз другите.
Скорпија
Вашата немарност или заборавност ќе разлути еден член од вашето семејство. Ако веќе не можете да стигнете на време, не заборавајте да завртите на телефон и да им ја јавите промената на оние што ве очекуваат. Една љубовна порака ќе ви го разубави утрото. Прифатете го туѓото мислење.
Стрелец
Ако веќе сте решиле да потрошите одредена сума пари за уживање, забава или облека, немојте потоа да имате грижа на совеста. Добро ќе се забавувате во друштво на колегите од работа. Ќе ви биде пријатна наклоноста и додворувањето на некој колега. Согласете ги финансиските интереси со блиските.
Јарец
Иако саканите личности ќе ви пречат кога станува збор за исполнување на материјалните интереси, воздржете се од коментари. Некој би можел да ви понуди деловна соработка или да ви помогне да ги завршите проектите врзани за домот. Со насмевка ги уривате сите пречки.
Водолија
Денеска ќе бидете некако успорени, уморни и поспани. Ќе се обидете да избегнете некои обврски и да ги одложите договорите. Најсреќни ќе бидете меѓу своите четири ѕида, уште повеќе ако покрај вас се најде личност со којашто ќе создадете романтична атмосфера. Не се заморувајте со гласиштата.
Риби
Ваша блиска личност ќе биде многу нервозна. Многу време ќе потрошите разговарајќи со неа за проблемите што ја мачат. Ќе ве развесели една случајна средба по пат. Финансиската ситуација на кратко ќе го одложи исполнувањето на плановите. Со прошетка совладајте ја нервозата.