Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија и Србија ги поправаат односите

Спикерот Велјановски во посета на Белград

Од нашиот известувач
Светлана Унковска

Белград – Претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, вчера беше во Белград на разговори со српското раководство за поправање на односите меѓу двете земји откако Македонија во октомври минатата година ја призна независноста на Косово. Тоа признавање фрли сенка врз долгогодишните добри односи меѓу двете земји.

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ, по средбата со Велјановски изјави дека „ова е важен чекор во обновувањето на духот на добрите соседски и пријателски меѓусебни односи“.

Шефовите на двата парламента, Трајковски и Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, се согласија дека двете соседни држави треба да ја развиваат и унапредуваат заемната соработка на сите полиња.

„Соработката на двете пријателски држави ќе даде поттик за воспоставување поголема соработка затоа што економиите меѓу двете земји се блиски и интензивни . Многу е значајно Македонија и Србија во текот на годинава да добијат визна либерализација, за која ние добивме препораки од европските институции, а до крајот на годинава очекуваме да добиеме датум за започнување преговори со ЕУ“, истакна шефот на македонскиот парламент, Велјановски.

Претседателката на српскиот парламент, Ѓукиќ-Дејановиќ, се заблагодари на тоа што, и покрај политичките обврски на Велјановски поради претстојните претседателски и локални избори, сепак, ја прифатил нејзината покана, со што се конкретизираат и интезивираат соработката на двата парламента.

„Добро воспоставената соработка ќе биде добар мост за продолжување на економската, политичката и државната соработка“, истакна Ѓукиќ-Дејановиќ.

Велјановски претходно се сретна и разговараше со премиерот на Србија, Мирко Цветко��иќ, на која шефот на македонскиот парламент се заложил македонскиот јазик да биде внесен во Европската повелба за регионални малцински јазици, која Србија ја има ратификувано. Премиерот Цветковиќ даде уверување дека ова наскоро ќе биде исправено и дека со тоа Македонија и Србија ќе ги продолжат добрососедските односи, по извесното оддалечување поради признавањето на Косово од македонска страна. Св.У.)


Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар

Од: AHIL69
Датум: 18.03.2009 06:51:06
kako ne gi e sram,prvo gi rasipaa odnosit a sega gi popravaat, tolku e zalna vladata, kao nebare ja otkriaja amerika, pa tie gi napravija site problemi so srbija, najdobar potez na vladata na gujo ke e da si zaminat zasegogash vo zemjata nedodija i tamu da si igraat drzava
Од: Драги
Датум: 18.03.2009 09:18:05
Добрососедските односи со опкружувањето се секогаш во интерес на секој граѓанин на Македонија,а посебно со Србија со која секогаш сме имале пријателски,економски па дури и родбински врски бидејќи голем број Македонци живеет таму.Мислам дека во овој период за сега односите се коректни,и добро би били така и да продолжи
Од: Адмирал до Ахил69
Датум: 18.03.2009 10:35:59
Абе шутрак еден, за каква тoa влада пишуваш и што напаѓаш? Па Велјановски е претседател на Парламентот и не е во Владата. Боже, каква опозиција имаме. Дури и ние се срамиме од неа.
Од: Bitola
Датум: 18.03.2009 12:08:30
Do admiralo-aj ako sakas tolku ne se srami.Pa toj Trajko e prodolzena raka na sramnata si nasa vlada,101 zakon donese za 100sekundi koina ustaven mu padnaa,go priznaa kosovo zaedno so toj"srbino"so sedi donego,pa sega ke gi poravale odnosite.More sram davie se do Pakistan.
Од: turlak
Датум: 18.03.2009 13:29:56
epa ono Makedonja samo s Sarbia ima dobri odnosi.. ;)

Најди! во Утрински
На прво место
Може ли да пропаднат претседателските избори
Почна битката за визите во Брисел