Денеска случајно би можеле да слушнете некаков трач за својот партнер. Размислете за тоа дали треба да и' кажете или не, иако играта со отворени карти е препорачлива. Трачот може да биде и невистинит, но добро е да го предупредите партнерот.
БИК
Доаѓа есен, а вие веќе размислувате за некаква спортска активност што ќе ве одржи витални во текот на зимата. Суперидеја, само не дозволувајте да остане без реализација. Размислете подобро и сигурно ќе најдете некое место каде што ќе може да спортувате.
БЛИЗНАЦИ
Ве мачат љубовни проблеми, а вие веќе размислувате да посетите некој надрилекар? Па, тоа и не е типично за вас, но, ако сакате, тогаш - сторете го. Само немојте многу сериозно да го сфатите тоа што ќе ви го кажат. Сепак, вие си ја ковате сопствената среќа.
РАК
Драматични сте. Дури и Шекспир е гола вода за вас. Во што е проблемот? Вие сте најнесреќната личност на светот? Каснете малку чоколада или нешто благо. Веднаш ќе ви стане подобро и ќе се ослободите од своето глупаво самосожалување.
ЛАВ
Ве очекува добра забава, но тоа сигурно не значи дека веднаш можете да седнете во автомобилот и да заминете некаде надвор од градот. Прво (за жал) мора да ги завршите обврските на работа, а дури потоа да го
планирате денот. Стрпете се, вечерва ќе уживате.
ДЕВИЦА
Денешниов ден ќе биде преполн со друштвени случувања. Каде и да се појавите и во што и да учествувате, вие ќе бидете крал/ица на шармот и комуникативноста. Искористете го тоа и на полето на работата. Спојте го убавото со корисното!
ТЕРЕЗИЈА
Од некоја непозната причина денеска ќе се однесувате тотално недоверливо спрема луѓето во вашата околина. Во ред е да не им верувате на некои од завидните соработници на работа, но немојте да се однесувате параноично.
СКОРПИЈА
Можеби нема да верувате, но вистина е дека квалитетот на вашата љубовна врска зависи од компромисот, простувањето и приспособувањето. И тоа вреди не само за вашиот партнер туку и за вас. Иако тешко ви паѓа, барем обидете се.
СТРЕЛЕЦ
Крајно време е објективно да ја согледате својата емотивна ситуација. Тргете ги розовите очила и погледнете што ви пречи најмногу. Верувајте, доколку го направите тоа, ќе си ги решите проблемот и измачувањето во кои се наоѓате во последно време.
ЈАРЕЦ
Доколку сте родител, денеска треба да им посветите поголемо внимание на своите деца. Најдете некоја забавна содржина и одете таму заедно. Истовремено, обидете се и да поразговарате. Можеби ќе се изненадите како децата пораснале преку ноќ...
ВОДОЛИЈА
Ако сте во долга и бесконечно исцрпувачка врска - еве ви причина за радост! Конечно, ќе ги расчистите работите и ќе си појдете по својот пат. Ќе видите дека по раскинувањето ќе станете сосема нова личност. Ќе бидете изненадени.
РИБИ
Генијални сте. Додека сите се одмораа преку викендот, вие одлучивте тоа да го сторите токму денеска. Доколку навистина мислите дека сегашниот распоред на мебелот во домот ви оди на нерви - сменете го. Секако, за тоа ќе ви биде потребен цел еден ден...