Што прават денеска
Орце Зафировски
стоматолог
Вообичаено утро - лесен појадок, кафе, а потоа одам во Стоматолошката комора да го видам распоредот на наредните семинари на кои треба да присуствувам. Во меѓувреме ќе испиеме некое кафе со колегите - стоматолози. А попладне ќе правиме демо-снимки за некои нови песни заедно со мојот соработник Борче Димитров.
Марија Партикова
доктор по алтернативна медицина
Почетокот на уште една нова работна недела - од сабајле приготвувам уште нешто за моите пациенти, се' на растителна основа и од 11 до 18 часот сум на работа. Се среќавам со луѓе, се обидувам да им помогнам со моите чаеви, тинктури и сирупи и да им влеам надеж дека за секоја болка има билка.
Сашко Георгиевски
стилист
Се' уште ни се свежи впечатоците од одморот и денешниот ден ќе го искористиме за да се потсетиме и преку фотографии на нашето морско лето. Денес ми е слободен ден, а тоа значи дека со сопругата Ане максимално му се посветуваме на нашиот син Иво. |