(Повод: колумната „Србомански бугаромани“ на Филип Петровски, објавена во Утрински весник“ на 30.10 2010.)
Не е голема трагедија еден „доктор по српска стока“ како мене да нема познавања од основниот политички и куртоазен бон-тон, но, кога е тоа случај со еден доктор по политички науки, тогаш нешто смрди во македонската држава. Во оваа насока, на моите колумни во „Фокус“ каде што е споменат, д-р Филип Петровски ми реплицира во „Утрински весник“, избегнувајќи дури да ми го спомене и името. Меѓутоа, покрај тоа што д-р Филип одговара во друг медиум и воопшто не ги демантира моите писанија, тој на УДБА-шки, да не речам уличарски начин, само наведува невистини од кујната на тајната полиција, со цел да ме дискредитира во јавноста. Да одиме по ред.
Ти, Филипе, добро знаеш дека јас не се приклучив кон посткичевските победници, бидејќи сакав да си ја исполнам мојата должност како Македонец. Не се приклучив кон српските инсталации во Македонија - а со тоа не дозволив да го добијат најголемиот доказ, со кој ќе го оспореа и осамостојувањето на Македонија. Ти добро знаеш дека доколку успееше местенката на СДБ во тоа време, преку мене да се фингира дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од бугарската држава, србокомунистичките инсталации осамостојувањето ќе го прогласеа за обид на „бугарофилите“ во Македонија за припојување кон Бугарија - бидејќи ќе добиеја непобитен доказ. Јас со добивањето политичкиот азил во Канада докажав дека Македонија се' уште не е демократска држава, односно дека се' уште е во србокомунистичката прегратка.
Доколку си бил засегнат патриот, требало да се спротивставиш на наводните лаги уште во 2000-2005 година кога се водеше мојата постапка за азил во Канада. Веројатно, не приговараше од оправдани причини: од дипломат со „три дена“ конзулство не треба да очекуваме ништо повеќе, освен лаги! Филипе, очигледно е дека газдите тебе те „пуштија по бука“, бидејќи на секој му е јасно дека по оваа полемика, твојата политичка кариера е завршена приказна.
Приказнава што ја промовира Филип е само нов обид на мал круг луѓе што се претставуваат како „патриоти“ и кои преку девалвирање на мојата личност и менувањето на историјата, сакаат да ја прикријат улогата на државно-полицискиот врв против просперитетот на Македонија. Доколку навистина си патриот, националист и единствениот вистински вмровец како што се претставуваш, тогаш моите наводи ќе ги демантираш со политички аргументи. Така, за моите наводни „криминални“ дејанија, на кои алудираш, постојат институции во Македонија што треба да ги решат.
Патем, јавноста се уште чека одговор на прашањата во врска со мојот и твојот политички ангажман во овие 20 години, а кои ти упорно ги одбегнуваш: зошто во Куманово, низ текот на деведесеттите „оперистите“ ги уриваа, де муслиманските де христијанските гробишта за да да предизвикаат меѓуетнички конфликт и кој учествуваше во уривањето? Дали ти си носител на акцијата „Чакам те да дојдеш“, односно, т.н. „Пресметка со ’бугарофилката’ Доста Димовска?“ Како успеа да служиш војска во ЈНА, во 63. Падобранска бригада, во која одеа проверени регрути од највисока доверба, бидејќи оваа формација на ЈНА беше ударна логистика на „опера“?
Само како илустрација да потсетиме дека на протестите учествуваа студенти со многу посомнително минато од Филип Петровски, па за нив не е отворено досие. Твоето досие е поради ширење национална и верска омраза. Ти, Филипе, со демонстарциите не се бореше за повеќе права на македонските студенти - туку се бореше за одземање на правата на Албанците. Твоето досие, чинам, е водено во законската рамка од една година. Тогаш се наметнуваат нови прашања: Која е цената што ја плати да нема кривичен прогон? Зошто не ги тужиш луѓето што ти го отворија досието? Ти така чесен и правдољубив, да не ја истераш правдата? Нема логика! Како е можно додека протестиравте со глад во 1997 година пред Собранието против политиката на СДСМ кога ви се слошуваше во шаторите пред Собранието, комплетната медицинска грижа за тебе и други ја организираше ДБК - ве носеше на прегледи во Клиничкиот центар и повторно ве враќаше на протести?
Зошто до денешен ден ја криеш од јавноста службената белешка од твоето досие на која се забележани повеќето телефонски разговори на твојата мајка со тогашниот влијателен министер на СДСМ, Бузлевски, за јавноста да не види што е разговарано? Бидејќи претендираш за местото н��в лидер на македонската држава, редно е јавноста да знае кој си ти - Филип Петровски.
Podobar dokaz deka od nas ne biva drzava zdravje.Od koga ne ima se deklarirame ili ne narekuvaat srbi,bugari,a edno vreme i grci.Ovie poslednive(grci) vo posledno vreme ne se aktuelni,zosto pogodete i sami.Vo sekoj slucaj sramni pisanija za toa koj bil spiun koj bil patriot.
Од: ЗНАЧИ КАКО МЕНЕ ТРЕБА
Датум: 11.11.2010 13:41:21
Му ги искинав списокот на Каракачанов се расправам со блгарофили и нивните лаги по форуми. А исто така не давам на србоманиве каде можам Македонија по музиката ја направија бановина. Ако го сретнам Вранишковски и него посланието ке му го истргам од раце. За Грција да не зборам колку можам делувам со нашето малцинство. Значи треба да си патриот а да си патриот треба да ја прочоташ вистината за Македонија.
Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 11.11.2010 14:47:46
Vistinskite Makedonci so potencijal da bidat "vodaci na svojot narod" vo Makedonija, nitu porano a nitu sega nemale sansa po demokratski pat da bidat "videni" od narodot. Vesto i uporno 24 casa dnevno i sedum dena nedelno za toa da ne se sluci se trudat "sluzbite" na onie koi sakaat da ni go nametnat (a eve gledame dosega i go nametnuvaa uspesno) "otode Grupcin"!
Bez samozrtva (barem i najmala) nema da moze da gi cistime vakvite neprijatelski i domasno kodoski elementi od Makedonija.
Zasega nadvor od Makedonija se uste ima slobodni misliteli Makedonci, a kako stojat rabotive so EU i NATO (Fuere i drugite koi ne navreduvaat kako da sme dzgan i baraat da gi zastituvame od reakcii) brojot na takvi Makedonci konstantno raste...no ovoj pat i vo samata Republika Makedonija!
Mozebi naskoro i Vinozito genocidot ke go narece GENOCID, a ne "nekulturen odnos" od Grcija kon Makedoncite (kako sto insistirase Vaskopulos da go narekuvame). Mozebi i "otode Grupcin" ke se kaze javno deka e GENOC