Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ЕУ се обидува да го намали стравот кај балканските земји

 

ХЛУБОКА НА ВЛТАВА - Европските министри за надворешни работи во саботата силно ги поддржаа земјите од Западен Балкан како идни членки на ЕУ, иако остануваат сомневања кај потенцијалните кандидати, како што е Србија.

„Балканот е дел од Европа, и поради тоа и тие треба да бидат дел од Европската унија“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг, чија земја се наоѓа на чело на ротирачкото претседателство на ЕУ. Шансите да се оствари тоа беа неодамна згаснати кога германскиот канцелар Ангела Меркел побара пауза во проширувањето, откако ќе се приклучи Хрватска во наредните неколку години.

Сепак, министрите на ЕУ, кои се состанаа на дводневните разговори во замок во јужниот дел на Чешката Република, се обидоа да ги минимизираат стравувањата дека актуелната економска криза го намалува ентузијазмот за приклучување на шест релативно сиромашни соседни земји во Европската унија.

„Постојат два ризика кои треба да се избегнат“, рече европретставникот за надворешна политика, Хавиер Солана по завршувањето на разговорите. „Еден е ризикот од економски протекционизам, а другиот е ризикот од политички протекционизам, како што го нарекуваме национализам“.

Министрите на ЕУ, исто така, одржаа разговори со колегите од шесте балкански потенцијални кандидати: Албанија, Босна, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, беше јасен дека во сегашната клима неминовно ќе биде потешко приклучувањето кон Унијата. „Се' станува потешко и потешко, погледнете ги економските податоци. И зошто процесот на пристапување би бил поинаков - ние го разбираме тоа“, изјави тој за новинарите кога пристигна на разговорите.

Во изјавата на претседателството на ЕУ, објавена по состанокот, едноставно се вели: „Учесниците ги потврдија европските перспективи на Западен Балкан. Учесниците се согласија дека економската криза во Европа бара уште поблиска соработка меѓу ЕУ, меѓународните финансиски институции и земјите од Западен Балкан“, се додава во изјавата.

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, исто така, се изјасни силно против исклучување на проспективните кандидати. „Ако требаше да им ја удриме вратата в лице, не велам дека тоа ќе се случи, тоа ќе има катастрофални последици за регионот“, предупреди тој. „Мислам дека треба да го истакнеме аргументот дека Европската унија треба да учи од својата историја, а нејзината историја е дека поширокото ја прави посилна“, се надоврза британскиот колега Дејвид Милибанд.

Покрај тоа, има стравувања дека ратификацијата на Лисабонскиот договор за реформа на ЕУ, замислен да олесни натамошното проширување во Унијата, која веќе се зголеми од 15 на 27 членки од 2004 година, би можела да биде одложена. Чесите се една од неколкуте нации кои се' уште не го ратификувале договорот.

Сепак, финскиот министер за надворешни работи, Александар Стуб предложи проширувањето да продолжи и без договор. Францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер беше поскептичен. „Се надеваме дека Лисабонскиот договор ќе биде прифатен до крајот на годината, а во спротивно ќе нема можност за проширување“, рече тој. (АФП)

 


Статијата е прочитана 737 пати.

Испрати коментар

Од: Gjore
Датум: 29.03.2009 22:22:14
Зборот „нација“ не Ви е соодветен. Погрешно сте превеле од американски англиски! Ѓоре, Ротердам
Од: Mihajlov
Датум: 30.03.2009 01:52:27
Vo EU najgolema tezhina imaat odlukite na Francija i Germanija. Francija e vekje otvoreno na stranata na Grcija. Prijatelstvoto megju Grcija, Srbija i Francija e tradicionalno. Grujo treba da prekjine da se bajne, vo diplomatijata se pravi mozhnoto, a ne sakanoto.
Од: avganistan
Датум: 30.03.2009 07:54:49
Ma kakva Evropa bre. Vie ne ste ni za vo AVGANISTAN
Од: nekoj
Датум: 30.03.2009 12:53:44
So takvo vospituvanje i kultura sto go imate, ke sonuvate Evropa uste dolgo.

Најди! во Утрински
На прво место
Тепај го ближниот свој