Што прават денеска
Лазар Магдинчев тенисер
Уште две- три недели сум во Македонија, па потоа заминувам за Германија, каде што ми започнуваат мечевите. Сепак, и за време на домашниот престој, тренирам двапати дневно, а во меѓувреме животот си тече нормално - семејни ручеци, излегување во кафуле...
Кристина Арнаудова пејачка
Почетокот на денот ми е секогаш работен, во мојата игротека „Мики Маус“, каде што го средувам неделниот план на работа. Продолжувам со кафе- состанок ( кој долго време го договараме) со Кокан Димшуевски, а вечер чекам гости дома.
Герман Филков аналитичар во Центар за граѓански комуникации
Ако денот по утрото се познава, ова ќе биде многу работна недела. Понеделнички, на дневен ред имам милион работни обврски. Среќа што утрото ми почнува со џогинг, па ми дава енергија за во текот на денот. Како што правам често во последно време, цел ден се тешам дека вечерта ќе излезам да се релаксирам, но кога ќе дојдам дома, заморот ме совладува и заборавам на себеветувањето за излегување.
|