Број 2949  понеделник, 30 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп


Овен

Го менувате предметот на интерес и прекокупирани сте со нови содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса. Неуморни сте. Се соочувате со предизвици, кои не се ни малку лесни. Бидејќи, за чудо, сте темелни и истрајни, работите се одвиваат на задоволувачки начин.



Бик

Побарајте ја главната причина за сите свои постапки во потсвеста. Мора да посветите повеќе внимание на менталното здравје и да почнете да размислувате за себе. Имате енергија одвеќе, која одлично се обновува, па работата е одличен лек против нервозата. Планирате нови деловни и општествени контакти.



Близнаци

За доброто расположение причината можете да ја најдете во заљубеноста, популарноста и мноштво надворешни аспекти на среќата. Со партнерот сте во феноменални односи, така што ништо друго не ви е важно. Преплавени сте исклучиво со позитивни чувства. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав.



Рак

Оптимист сте во врска со претстојните случувања, зашто тие се одлична компензација за чувството на пониска вредност. Подложни сте на влијанијата на околината, повеќе од што е препорачливо. Со Близнаците одлично соработувате, што не е баш честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, па можеби сте малку површни.



Лав

Вие сте во фаза на вљубување и потреба за уметничко изразување. Искористете ја поддршката на планетите, тргнете во освојување. Ја освојувате целта и доживувате незаборавни мигови. Помалку среќните Лавови се соочуваат со неверство и здравствени проблеми. Планирате нови семејни средби.



Девица

Напорна работа, во која доаѓате до целосен израз. Сите стапици успешно ги решавате, ги восхитувате шефовите, кои тоа од вас го очекуваат, но и соработниците. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.



Терезија

Конечно разумот победува. Емоциите остануваат во втор план, зашто сфативте дека тие само ви пречат. Сите одлуки ги носите со главата. Работата бара методичност и трпение. Терезиите што се обезбедиле на емотивен план, немаат проблеми. Оние другите, со помалку среќа, незадоволството го префрлаат на околината.



Скорпија

Бурните емоции ги насочувате на пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате , туку им ја фрлате вистината во лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, зашто не сте свесни кога на другите им е непријатно. Евидентни се засилени емотивни реакции.



Стрелец

Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Истрајни сте во решавањето на деловните стапици, јасно ги согледувате. Скромно ги признавате резултатите, давајќи на знаење дека другите ви помогнале. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаци и Девици е вистински мелем за душата.



Јарец

Мислите дека никој не ве разбира. Тоа и не би бил толкав проблем, ако не се разочаравте по малку во партнерот. Пред вас има многу работа, а малку помош од партнерот. Припадник сте на практичен земјен знак, па мрзливоста ве нервира. Доколку се здружите со припадник на воден знак, ќе имате подобра среќа.



Водолија

Не сакате партнерот да ве гуши, па ќе реагирате на неговиот најмал обид. Преокупирани сте со п��рите, па денешните емоции се насочени повеќе кон нив, отколку на односната личност. Прекрасни моменти со Лавовите се базираат само на другарството. Сфаќате дека од нив сте очекувале невозможно.



Риби

Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се и разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате заснована е исклучиво на физичка припадност, или пак фантазирате за тоа. Семејните односи влијаат на плимата на оптимизам и аспекти на надворешна среќа.

Најди! во Утрински