Број 3154  понеделник, 07 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Ќе остане ли обиколницата без возила?

Ниеден град во Европа нема кружен прстен на кој се наплатува патарина

Билјана Ангеловска


Шест месеци по пуштањето во употреба на северната обиколница на Скопје државата реши да ја даде под концесија. Од оваа најнова сообраќајница идниот концесионер ќе има чиста добивка, бидејќи за нејзино одржување ќе нема никакви трошоци во догледно време, а ќе ги собира парите од патарината.

Автопатот со вкупна должина од 26,5 километри, што се градеше цели седум години, чинеше 125 милиони евра. Изградбата на обиколницата имаше цел да го растовари метежот од улиците во Скопје, особено да ги тргне тешките товарни возила од градските сообраќајници, како и оние што транзитираат. Според податоците од Студијата за оправданост на изградбата, со пуштањето на автопатот во употреба, прогнозираниот сообраќај низ Скопје до 2010 година требаше да биде намален за околу 30 проценти. Но, со поставувањето наплатна рампа тоа не само што нема да се постигне, туку ќе има и обратен ефект. Фактичката состојба покажува дека обиколницата е далеку од очекуваната експлоатираност, со оглед на тоа што по неа минуваат релативно мал број возила. Се очекува тој број уште повеќе да се намали откако ќе почне да се наплатува патарина. И оние што сега го користат обиколниот пат, повторно ќе почнат да влегуваат во градот за да ја избегнат патарината. Тоа нема да биде изненадување, бидејќи Скопје, најверојатно, ќе биде единствен град во Европа каде што ќе се наплатува возење по обиколен пат.

Во Агенцијата за државни патишта го преброиле дневниот сообраќај по обиколницата и бројката од близу 9.000 возила, според нив, е повеќе од задоволителна. Агенцијата очекува таа постепено да се зголемува, просечно за околу пет отсто на годишно ниво.

„Со воведувањето наплатна рампа веројатно за одреден процент ќе се намали бројот на возилата, особено на патничките. Сепак, се претпоставува дека оние возачи што транзитираат и немаат потреба да влегуваат во градот, ќе ја користат обиколницата за да го избегнат метежот и побрзо да дојдат до крајната дестинација“, вели директорката на Агенцијата, Наташа Валкановска.

Не постои начин како да се спречи тешките товарни возила да влегуваат во градот и да се насочат кон обиколницата. Од МВР велат дека полицијата санкционира само таму каде што има прекршување на поставената сигнализација. Според Агенцијата за државни патишта, пак, поставувањето сообраќајни знаци за диференцијација на товарниот сообраќај е исклучително надлежност на Градот Скопје. Но, од Градот појаснуваат дека тие имаат ингеренции само во опфатот на Генералниот план на Скопје. „Ние сме надлежни за градските сообраќајници, на кои има знаци за ограничена тонажа на товарните возила. Ние не можеме да поставуваме сообраќајни знаци на автопат“, велат од Градот Скопје.

Државата одлучи скопската обиколница да ја стави во еден од пакетите на патни правци што ќе се даваат под концесија. Таа е во таканаречената Источна концесија и би требало да претставува мамка за идниот концесионер да се зафати да стопанисува со другите понеатрактивни патни правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип и Миладиновци - Штип, во вкупна должина од 177,5 километри. Дека останатите правци се неинтересни, вклучувајќи ги и оние од Западната концесија каде што, исто така, има еден правец на кој би требало да се привлече концесионерот, покажува решеноста на државата да направи се' за да привлече интерес, па дури и да го субвенционира концесионирањето. Според пресметките од експертите, Владата ќе треба да плати околу 200 милиона евра субвенции.

„Изборот токму на обиколницата, како дел од Коридорот 8, да се даде под концесија произлезе од анализите направени од консултантот, на техничката, економската и на финансиска исплатливост на патиштата, со цел да се најде најдобар начин за групирање на патните правци што се даваат под концесија. Меѓу другото, со давањето на обиколницата под концесија државата ќе обезбеди рутинско, односно годишно и периодично одржување, што подразбира обновување и рехабилитација на постојниот автопат на секои десет години“, појаснува Валкановска.

Дискутабилно е дали македонските патишта се рехабилитираат на секои десет години, особено оние од понизок ранг каде што е евидентно дека не е интервенирано со децении. На автопатиштата, пак, само се крпат дупките, а за некои поголеми интервенции не може да стане збор. За тековното и за инвестиционо одржување на патиштата се грижи ЈП „Македонија пат“, кое за таа обврска во 2009 година имаше на располагање 970 милиони денари, или нешто повеќе од 15 милиони евра. Со овие пари треба да се држат во топ-форма околу 4.500 километри државни патишта.

„Од овие пари, 170 милиони денари се наменети за инвестиционо одржување, значи, за надградби, за санации на свлечишта, решавање на црни точки, обновување на сообраќајната сигнализација и патната опрема, санација на штетите од елементарни непогоди. За зимско одржување на патиштата се наменети 240 милиони денари. Тековното одржување, пак, носи 327 милиони денари што треба да се употребат за прегледувачките служби и патарите што постојано крстарат по патиштата, за отстранување згазени животни, одрони, расчистување на сообраќајки, поправка на коловозите, крпење на дупките и друго“, вели Васил Коцев, координатор на подружници во „Македонија пат“.

Сосема е јасно дека со 15 милиони евра не може многу да се стори за драстично да се подобри квалитетот на нашите патишта. Владата ветуваше големи инвестиции во патната инфраструктура, но се покажа дека тоа се само празни зборови. Очигледно се преценила во пресметките, па одлучи голем дел од патните правци да ги даде под концесија. Концесионерот ќе има обврска да ги одржува сообраќајниците и да плаќа концесиски надоместок. Сепак, неговата добивка ќе биде неспоредливо поголема од трошокот. Според пресметките на француската консултантска куќа „Луј Берже“, од Источната концесија концесионерот би имал приход од над 800 милиони евра, а од Западната дури 1,5 милијарда евра. Иако засега никој не сака да каже колкав процент од концесиите ќе добие државата за 35 години издавање на патиштата, неофицијално се зборува за бројка од околу 260 милиони евра, што во споредба со над две милијарди евра заработувачка на концесионерот, е занемарлива сума. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 4248 пати.

Испрати коментар

Од: Debarcanec
Датум: 07.12.2009 00:19:41
E bravo uste edna glupost na vmro.Se rasturija od slikanja pred da ja otvorat i edvaj ja napravija pa sega ja kako ke gi sobirame parite pa ete od pametnite glavi na vmro ke gradt patarina.Dobar vi e naslovot nieden grad nema vo evropa kade sto se plaka patarina za zaobikolnica ,podobro ke bese da kazevte niedna partija na vlast nema vo evrop kako sto e Vmro poz..
Од: jimmy1
Датум: 07.12.2009 02:27:31
Kako sto trgnale rabotite kaj nas ke pocne da se naplatuva za se i sesto, kako da sme doseleni od nekoja druga planeta pa se se upotrebuvaat nekakvi novi a dodusa i glupavi idei. Kaj nas dokolku nekoj nema pari da plati patarina ne ke mozi doma da si odi. Vo zapadnite zemji se odi na toa da se ukine naplatuvanjeto na patarina, a kaj nas sve se odi vo obratna nasoka. Vo Avstralija Sidnej i Melburn gi povrzuva najmodernata saobrakajnica i nikade nema postaveno naplatni rampi a patot e vo dolzina na 1000 kilometri. Kaj nas vo drzava so golemina od 150 kilometri napreku i popreku ima postaveno stotici naplatni rampi. Onda zosto se plaka registracija za vozilata i kade se slevaat tie pari, namesto da se upotrebuvaat za popravki na patistata i da se ukine naplatuvanjeto. So vakvi nenasitni politicari zedni za pari nema do nikade da stigneme.
Од: kinez
Датум: 07.12.2009 02:43:04
pa toa ti e MKD patarini i po trotoarive ima da pustat samo da sobirat pari,9 godini patot se cekase uste 9 godini ima da me cekat da pominam za da im plakam ne be budalo nema da plaka nikoj
Од: Бисер
Датум: 07.12.2009 08:23:48
Ова ќе биде единствен случај да обиколница има патарина.Градските власти ова не смеат да го дозволат.
Од: Игор
Датум: 07.12.2009 08:34:14
Може ли барем една работа да се направи како што треба во оваа држава?
Од: Pero_MKd
Датум: 07.12.2009 08:58:21
A shto e so Strumica...ako trgnesh od Strumica kon Shtip seushte ke se vozish po kaldrma(ne e zafrkancija, vo Makedonija vo 2010 seushte se vozi po kaldrma), a kon patot kon Gevgelija do avtopatot e poln so dupki(more dupcishta), nebare se vodela tenkovska bitka od dvete strani na patot.Sekoj shto ke reshi da dojde ili pojde od Strumica, treba da ima na um deka patuvanjeto e rizicno za negovite bubrezi, a za onie so hemoroidi preporacuvam da gi izbegnuvaat ovie patni pravci
Од: Трпе
Датум: 07.12.2009 09:29:12
По се излегува дека некој се мајтапи со неспособностана ова ЕПП влада.Ке им кажат нешто и си гледат сеир од нив.Дали некој во ова влада е способен да размислува со своја глава.Дали знат која е целта на заобиколниците.Но така ке биде се додека деца ни ја водат државата.
Од: remi
Датум: 07.12.2009 09:35:58
Pa ova ne e obikolnica tuku avtopat tetovo - Kumanovo,,,,
Од: mkd
Датум: 07.12.2009 09:43:04
Alal da im e na planerite. Pogolema glupost nemam slusnato. Pogotovo sto nema ziva kola po patarina. Ne se resava problem tuku se pravi,pak site niz grad za da ne platat
Од: Takvi temii, a ne samo politika
Датум: 07.12.2009 10:10:59
Da, niakde vo Evropa toa ne e slucaj. Sekade pred vlezot na golemiot grad se isklucuvas od avtopatot, odis po tranzitot i potoa pak se vklucuvas na avtopat, tranzitot koj e duri pogolem od nasata delnica od Skopje ne do Katlanovo, tuku do Veles, ne se placa patarina. No, kaj nas novinarite se bavat samo so politika i cekaat soopstenija od ministerstvata i partiskite stabovi, ne gi brkaat vakvite gafovi i perfidno kradenje pari i toa ne go isteruvaat do kraj. Toa e nivnata rabota, da go animirat javnoto mislewe po odreden problem i preku javnoto mislenje da ja nateraat vlasta da raboti kako sto treba , e ne novinarite da ja prezemaat vlasta i tie da sudat. Oruzje na novinarite e javnoto mislenje, nego treba da go sozdavaat, a ne da baraat direktna vlast.
Од: citatel
Датум: 07.12.2009 11:34:57
Ima ima uste pogolemi gluposti i trosenja pari. Tolku najavuvanoto cuvanje na kameniot most zapocna. VMRO_vecot sedi vnatre ne izleguva voopst(go gledam od prozorecot na ivni pajko kukata) pred nego si parkiral vozilo, vo zabranetata zona, mu postavile klozet pokraj samiot most i tolku. Seuste se prodava seisesto na mostot, prevarantite so kibritcinja rabotat i navistina neznam zosto e toj tamu. Dali ima vo drugi drzavi vakvi rabotni mesta bas me interesira. Da e vo germanija toj i bi go cistel mostot. Prekrasno rabotno mesto
Од: krste najdovski
Датум: 07.12.2009 11:36:13
Zelbata na sekoj Makedonec e da se pojdi vo vecniot grad,a posebno koga se nekoi praznici.Pariz e toj grad, ako pojdite so kola ke mora prvo da platite pa da ja koristite taa obikolnica koja vodi na site strani od svetot,pa go imate Milano i.t.n. samo zavisi od drzavata kako ja ima regulirano taksata za koristenje na avtopatite.A vie pocituvana novinarke,prosetajte niz Evropa,ali so kola a taa moznost ke ja imate posle 19 dekemvri.
Од: zelezara
Датум: 07.12.2009 13:09:21
Pa patarina normalno koga budzetot e prazen udri po ovoj prost narod
Од: Jovica- Babe
Датум: 07.12.2009 13:54:59
Moze da se proglasime za najglupava drzava na svetot,bidejki kako sto trgnala vladata uste malku ke se plaka i danok na izdisaniot vozduh :(
Од: saso
Датум: 07.12.2009 14:31:26
Gospod neka ni e na pomos nemam zborovi za povece.Ovoj Gruevski ke ni napravi da bideme kako Etiopija.Sramota e Gruevski.
Од: Jas
Датум: 07.12.2009 16:01:44
Prvo registrirajte gi vasite neregsitrirani koli, pa potoa zboruvajte za patista koj vie celo vrme mi prajte zastoj.... i do avtorot "Ниеден град во Европа нема кружен прстен на кој се наплатува патарина" pogolem amater ne sum cital do sea
Од: odmene
Датум: 07.12.2009 17:36:55
sto gi mamite lugeto pa segde vo evropa se plaka za avtopat.nema vrska dali e obikolnica ili ne.novinari ve molam da se informirate pred da pisuvate vakvi gluposti.
Од: sk 63
Датум: 08.12.2009 09:14:05
Ova e uste eden dokaz deka drzavata /citaj vlasta / ne odbira nacin da dojde do pari.Obikolnicata ne e napravena za da se sobiraat pari tuku za da se rastovari soobrakajot niz gradskite soobrakajnici.i da se namali aero zagaduvanjeto i sega se prasuvam koj e toj sto ke plati patarina koga molze besplatno niz centralnoto gradsko podracje.Navistina nesto stol moze da se sluci samo kaj nas mu cestitam na toj komu mu padnala na pamet ovakva " pametna " ideja so koja vsusnost rabotime vo korist na sopstvenata steta.
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 08.12.2009 13:25:19
Imam jas edna ideja za ovaa rabota da se postavat kameri ispred obikolnicata i istovremeno da se postavat znaci od vremeto na samoto priblizuvanje na ovaa obikolnica vo radius od 2 km i toa znak na sekoj 500 metri so celisno izvestuvane do kolku teskite tovarni vozila pominat niz centralnoto podracje na metropolata Skopje da bidat registrirani preku ovie kameri ,a policijata vednas da gi pecne sto se odnesuva za strani vozila ,a za nasi toa lesno ke go napravi preku registracijta na voziloto ,a ova moze i da se praktikuva i za stranski registraciji do kolku ambasadite odlucat da se zanimavaat so ovaa rabota ,samo na ovoj nacin ke se rastereti teskiot-tovaren soobrakaj koj ne potrebno navleguva vo centralnoto podracje na metropolata Skopje ,a do kolku se odnesuva ovoj soobrakaj za metropolata treba stokata koja se transportira za namenite na metropolata da bide transpotirana do magacinete vo samoto predgradije na SK od site strani ,pa potoa so pomali vozila da bide transportirana stoka

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (15)
Зденко
И патриотите со штетни политики се предавници!
Струмица живее во златна треска
Тројца пациенти во критична состојба
Груевски го чека датумот во Брисел
Лице и опачина
Пекол во ноќниот клуб во Перм
На Македонија и е потребно единство
Без паника - старите лични карти ќе важат до 2012 година
Македонија е Гордиев јазол на ЕУ
Политичка рамнотежа за енергијата и за водата
Притвор за осомничениот братоубиец од Охрид
Како до економија со зелена технологија
Стагнира борбата со корупцијата