Број 3154  понеделник, 07 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Пекол во ноќниот клуб во Перм

Поради неправилно користење на ладен огномет беше предизвикан пожар во диско-клуб при што загинаа 112 лица

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - Во ноќниот клуб „Хроми коњ“ во центарот на рускиот град Перм во петокот ноќта, околу еден часот, од последици на пожар загинаа 112 лица, а 130 се повредени и 88 од нив се во тешка состојба. Сопствениците на ноќниот клуб организирале прослава по повод осумгодишнината од постоењето и имало околу 450 гости. Пожарот почнал кога во затворената просторија некој пуштил ладен огномет, чиј пламен наводно не може да предизвика оган. Меѓутоа, настана пожар што брзо се рашири, бидејќи ѕидовите биле обложени со сува трска. Клубот зафаќаше површина од околу 500 квадратни метри.

Пожарот избил во близина на сцената. Оние што тргнале кон службениот излез побрзо ги напуштиле зачадените простории. Интересно е тоа што спомнатиот ноќен клуб два пати е казнуван поради непридржување до правилата за противпожарна безбедност. Денес, 7 декември, требаше да биде извршена и нова противпожарна контрола.

Повеќето од жртвите загинаа од задушување со чад и во турканицата на излезот. Според информациите од болниците, повеќе од половина од повредените се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Дури 61 лице се приклучени на апарати за вештачко дишење.

Повеќето од преживеаните се очевидци и на уште еден шок. Тие се сеќаваат дека по огнометот во затворената просторија брзо почнал да се шири густ чад со тежок мирис. По гаснењето на пожарот на подот имало десетина мобилни телефони кои постојано ѕвонеле, но на нив немало кој да одговори.

По трагедијата полицијата го задржа Анатолиј Зак, сопственик на ноќниот клуб „Хроми коњ“, кој спаѓа меѓу стоте најбогати лица во Перм. Тој е сопственик и на синџир продавници. Исто така, уапсена е и директорката на клубот Светлана Јефремова. Подоцна истражните органи уапсија уште три лица за кои постои сомневање дека се можни виновници што дошло до пожарот во ноќниот клуб. Истражните органи не пронајдоа никакви траги од експлозив.

Премиерот Владимир Путин нареди да се формира посебна комисија што ќе ги истражи причините за трагедијата во Перм. На местото на трагедијата веќе пристигнаа министерот за вонредни ситуации Сергеј Шојгу, министерот за полиција Рашид Нургалиев и министерот за здравство Татјана Голикова. Сега истражните органи утврдуваат кој го активирал огнометот. Вработените во ноќниот клуб тврдат дека тоа го направил некој од гостите.

Во ноќниот клуб каде што се случи трагедијата и досега повеќепати се одржало таканаречено огнено шоу. Тоа се гл��да и од фотографиите што се наоѓаат на сајтот на ноќниот клуб. На фотографиите се гледа настапот на факири што од уста исфрлаат оган. Огненото шоу беше организирано кога во клубот го славеа Денот на рибарите, потоа Празникот на сонцето и слично.

Еден од вработените на ноќниот клуб раскажа дека трската што била на плафонот, наводно, била обработена со противзапалива течност. Меѓутоа, снимките од ноќниот клуб потврдуваат дека трската брзо се запалила, како и декоративната пластика.

Ладен огномет се користи во затворени простории, бидејќи не се создава чад што е штетен по здравјето. Очигледно, направена е грешка, бидејќи во клубот плафонот е многу низок. Љубителите на огномет велат дека најпознати се т.н. водопади и фонтаните што може да се користат дури и во поголеми станови. Експертите тврдат дека во Перм е направена грешка, бидејќи не била пресметана висината на плафонот и бројот на луѓето во просторијата. Освен тоа, сцената била прекриена со леснозапалива пластика.

Огорчен поради големиот број загинати и ранети млади луѓе рускиот претседател Дмитриј Медведев, пред ТВ-камерите кажа се' што мисли за неодговорните сопственици на ноќниот клуб. „Иако се предупредувани, сепак, тие не ги поправија пропустите во заштитата од пожари, туку повикаа луѓе на прослава и организираа огномет. Сопствениците на ноќниот клуб немаат ниту мозок, ниту совест. Тие се однесуваат рамнодушно во однос на тоа што се случи. Уште и побегнаа од местото на несреќата. Треба да бидат казнети според секој закон“, изјави налутениот Дмитриј Медведев.


#
Статијата е прочитана 727 пати.

Испрати коментар

Од: od;DIMITRI
Датум: 07.12.2009 16:44:15
izvestajov koj go ima napisano me iznasmeja , ima eden mn interesen del , koj glasi ; po gasnenjeto na pozarot na podot imase desetina mobilni telefoni , koj postojano zvonea , ALI NEMALO KOJ DA ODGOVORI !!!!!! hahahahahaha pa koj sakas da odgovori be gospodine novinar , na tie telefoni koj ostanale vo salata ????? se nadevam deka komentarov ke bide objaven ... blagodaram unapred...

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (15)
И патриотите со штетни политики се предавници!
Зденко
Струмица живее во златна треска
Тројца пациенти во критична состојба
Груевски го чека датумот во Брисел
Лице и опачина
На Македонија и е потребно единство
Без паника - старите лични карти ќе важат до 2012 година
Македонија е Гордиев јазол на ЕУ
Притвор за осомничениот братоубиец од Охрид
Ќе остане ли обиколницата без возила?
Политичка рамнотежа за енергијата и за водата
Стагнира борбата со корупцијата
Како до економија со зелена технологија