Брoj 2775  сабота, 30 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

СДСМ ќе го чека Црвенковски

Светлана Унковска

Се' поизвесно е дека на неделната седница на Извршниот одбор на СДСМ ќе биде донесена одлука на вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи кон крајот на идниот месец да се оди со привремено решение за челната партиска позиција, а напролет, во април или најдоцна во почетокот на мај, кога завршува и мандатот на претседателот Бранко Црвенковски, да се одржи редовен конгрес на кој ќе се избере идниот лидер на партијата, велат извори на СДСМ.

Изминативе денови, откако беше одложен Извршниот одбор, социјалдемократите на интензивни средби и разговори со меѓусебни консултации се усогласуваа за состанокот. Дилемата во раководството на најголемата опозициска партија е за која опција да се определат - дали да се избере привремен претседател и кој би се согласил да ја прифати таквата функција или, пак, да се именува колективно раководство до изборот на новиот лидер. Одлуката што ќе биде донесена утре веќе в понеделник ќе ја разгледува и Централниот одбор на СДСМ, по што ќе биде утврден и точниот датум на одржувањето на вонредниот конгрес.

Според последните информации, голема е веројатноста да биде одлучено до пролетниот избор на прв човек на партијата опозицискиот СДСМ да го предводи в.д. претседател, а како можен преоден лидер се споменува потпретседателот на партијата, Зоран Заев. Сето ова би требало да се официјализира на вонредниот конгрес што треба да се одржи наредниот месец, на кој и формално ќе бидат констатирани оставките на лидерката Радмила Шекеринска и на генералниот секретар на партијата, Горан Минчев, а сите други органи и партиски тела ќе продолжат да функционираат нормално.

По јавниот настап на Црвенковски, во кој ја потврди одлуката дека напролет по истекот на мандатот се враќа во партијата и со тоа јасно даде на знаење дека повторно би застанал на чело на СДСМ, атмосферата во најголемата опозициска партија се' уште е зовриена.

Но, како што тврдат доброупатените извори, во СДСМ постои висок партиски консензус за враќање на Црвенковски на челната позиција, како личност која единствено би можела да ја консолидира партијата и да ја врати на својот колосек. Со одлуката да се одложи изборот на претседател до пролетниот конгрес се покажува и фер однос кон поранешниот лидер Црвенковски, со што ќе му се овозможи на голема врата да влезе како кандидат за претседател на СДСМ.

Лидерката на СДСМ во оставка, Радмила Шекеринска, пак, во својата изјава во Берово од пред два дена рече дека не се сомнева дека на седницата на Извршниот одбор ќе ја донесат најдобрата одлука за партијата, а дека според неа во оптек се' уште е опцијата за избор на нов лидер со четиригодишен мандат, затоа што, како што истакна, „не постои фоторобот за тоа како треба да изгледа новиот челник на СДСМ и дека во партијата постојат повеќе квалитетни имиња“. Она што Шекеринска во својата изјава го прецизира е тоа дека, доколку Извршниот одбор сепак донесе одлука за привремен претседател до изборот на нов лидер напролет, таа нема да прифати да ја врши оваа функција. Партиски извори велат дека ваквата изјава на Шекеринска ја разбираат како враќање на ударот поради изјавата на Црвенковски, кој рече дека никогаш досега партијата не била толку слаба и во толку сериозна криза, особено по изборите.



 


Статијата е прочитана 1301 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Бесплатно студирање на техничките науки на Штипскиот универзитет
Груевски му бара решение за името, Црвенковски обвинува за неукост
„Како се вика Македонија?“, се прашува париски „Ле монд“

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.