Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Запечатен див погон за моторно масло

КУМАНОВО - Државната пазарна инспекција со асистенција на кумановската полиција вчера изврши претрес и заплени големи количества моторно масло, масло за подмачкување и ,,антифриз‘‘ во погонот на кумановецот С.С. (36), лоциран на улица ,,Никола Тесла‘‘ во Куманово. Според наоди на инспекторите на Државниот инспекторат и на полицијата, осомничениот подолг временски период работел на диво, така што во својот импровизиран погон пакувал моторно масло и ,,антифриз‘‘, што со автоделови ги продавал во своите две продавници. Вчера инспекцијата ги запечати продавниците.

При претресот инспекторите заплениле 266 буриња со моторно масло во вкупна тежина од над 55.000 литри, околу 400 литри моторно масло спакувано во пластична амбалажа по литар, 470 литри ,,антифриз“ и поголеми количества масло за подмачкување, како и комплетна техничка опрема за преточување и пакување на производите. Станува збор за стока што осомничениот ја увезувал од странство и ја препакувал и продавал без соодветна дозвола за работа. По целосното документирање на предметот, против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава. (Ст.Б.)


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Трагедија во Слатино, Охридско - со камења ја отепал мајка си
Сведоци му обезбедија алиби на обвинет за грабежот во Прокредит банка
Момче почина во сообраќајка кај Зајас
Работник загина паѓајќи од шест метри