Работник загина паѓајќи од шест метри
Градежен работник од Скопје загина во несреќата што завчера прет пладне се случи во куќа во скопската населба Ѓорче Петров. Полицијата соопшти дека несреќата се случила околу 11 часот кога Коце Симоновски, работејќи на куќа, паднал од височина од околу шест метри. При падот работникот се здобил со сериозни повреди, веднаш бил пренесен во болница, но лекарите само констатирале смрт. Симоновски бил вработен во приватна фирма од Струмица. Надлежните ги утврдуваат причините за несреќата. (Г.А.) |