Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Скопје

Пробната работа на ТЕ-ТО ја тестира издржливоста на граѓаните

Жителите се жалат на неподнослива бучава, вибрации и чад што излегуваат од централата

Снежана Калабакова
Бојан Шашевски


Пробната работа на гасната електрана ТЕ-ТО ја стави на тест издржливоста на граѓаните. Жители од Ќерамидница во Гази Баба во последниве денови се вознемирени од неподносливи вибрации, бучава и чад, кој излегува од оџаците на ТЕ-ТО. Загрижени се и граѓаните од другата страна на Вардар, станари во зградите на улицата „Владимир Комаров“ во општината Аеродром, бидејќи иако се подалеку од електраната, силните вибрации ги погодуваат дури и нивните домови.

Горан Петрушевски, станар од една од зградите на „Владимир Комаров“, вели дека бучавата е неподнослива и трае со часови, а навечер не може да се заспие. Машинските звуци и густите бели облаци од чад ги плашат станарите дека ќе бидат секојдневје кога ќе почне да работи централата. Граѓаните веќе се пожалиле до надлежните инспектори во Општина Гази Баба, а деновиве подготвуваат да испратат и петиција. Реагирале и во Министерството за животна средина, но оттаму ги смирувале дека нема да има проблем кога електраната ќе почне официјално да работи, бидејќи сега бил пробен период.

„Во Општина Гази Баба секојдневно стигнуваат поплаки од жителите на Ќерамидница. Тие завчера доставија и писмени жалби во кои ги наведуваат проблемите со бучавата, вибрациите и чадот од ТЕ-ТО. Од жителите на Аеродром не е добиена писмена пријава, но има телефонски повици во кои се жалат на истите појави“, велат од Гази Баба.

Општината ги проследила пријавите од граѓаните до Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за издавање на А интегрирана еколошка дозвола на ТЕ-ТО и за инспекциски надзор на инсталацијата.

„Општина Гази Баба нема ингеренции ниту за давање на еколошката дозвола ниту за инспектирање на електраната. Сепак, во рамките на законските можности, имаме право на мислење во однос на апликацијата за интегрираната дозвола. Ова право го искористивме и укажавме на важноста на квалитетот на животната средина за жителите на населбата Ќерамидница. Општина Гази Баба ја поддржува работата на ТЕ-ТО под услов да бидат исполнети сите услови согласно со важечките прописи со кои нема да се наруши квалитетот на живеење на граѓаните“, велат од Одделението за односи со јавноста во Гази Баба.

До Општината било доставено и писмо од „Гама пауер системс“, со кое се информира дека од 25 ноември годинава електраната започнува со пробна работа, при што е можно појавување високо ниво на бучава и облаци од водена пареа. Пробната работа би требало да трае 30 дена. Во писмото се наведува и дека сите активности се во согласност со вообичаените процедури неопходни за успешно тестирање на гасната централа и дека се под целосна контрола на „Гама пауер системс“.

„Белиот прав и бучавата се дел од пробното работење на новата гасна централа. Деновиве се регулираат и пробуваат главните машини и турбини. Белиот прав, всушност, е најобична водена пара, која не содржи никакви штетни материи. Предвидено е пробниот период да трае од 30 до 45 дена и за тоа време граѓаните треба да имаат разбирање и трпение. Се работи за гасна централа, која покрај електрична енергија, ќе произведува и топла вода за греење. Опремена е со најсовремени машини и технологија, максимално еколошки поддржани“, објасни Фируз Мемет, државен инспектор за животна средина.

Тој додава дека се' уште не е определено нивото на изложување од бучавата, односно колку децибели и дека е согласно со Законот за бучава. Министерството постојано врши мониторинг на целокупните активности во централата. Инаку, според Законот за заштита од бучава, максимално дозволената бучава изнесува 60 децибели.


#
Статијата е прочитана 2036 пати.

Испрати коментар

Од: Vane
Датум: 11.12.2010 22:43:51
Од властите, како и обично , само дрн, дрн.... ништо конкретно околу тоа што всушност се случува. Ги жалам оние кои живеат покрај централата. Ќе биде само полошо, никако подобро !

Најди! во Утрински
Скопје
Скопјани 10 години ќе ги отплаќаат катните гаражи
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency