Градот Скопје гради атмосферска канализација во населбата Ѓорче Петров. Трасата со должина од 280 метри се движи по вториот дел од булеварот „Македонска војска“ и ќе минува под коловозот на новоизградениот булевар. Атмосферската канализација ќе има два крака и едниот ќе минува од раскрсницата на булеварот со улицата „Ѓорче Петров“ до изливот во Вардар, а вториот од стадионот во Ѓорче до изливот во Вардар. За изградбата, Градот ќе потроши околу четири милиони денари, средства што се во рамки на предвидената финансиска конструкција за пробив��ње и за изградба на булеварот „Македонска војска“. На терен работат екипите на градежната компанија „Гранит“.
Атмосферската канализација на вториот дел од булеварот „Македонска војска“ ќе биде со различен профил од 300 до 500 милиметри и со ПВЦ-цевки. Ќе има 28 ревизиони шахти и три приклучоци на постојната канализација. (Сн.К.)