Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Скопје

Заеднички простор, еден газда

Во зграда во Капиштец станар си ја присвоил заедничката просторија без согласност од соседите

Бојан Шашевски


Станарите од зградата број 13 на улицата „Народен фронт“ во Капиштец стравуваат од узурпирање на заедничкиот станбен простор откако новиот сосед започнал самоиницијативно да доградува една од просториите на катот што се користи како остава, а води до противпожарните скали. Ова е втор случај на узурпација, бидејќи претходно тоа веќе го сторил станар од погорните катови, па станарите се плашат ваквата појава да не стане практика.

Неразумниот сосед сега не само што си го присвојува заедничкиот простор на катот туку истовремено презема активности и за спојување на сопствениот стан со сигурносните скали и делот низ кој минува водоводната инсталација, но и каблите за струја за целата зграда.

„На овој начин се блокира и делот што служи за итни случаи, па некои станари што немаат директен пристап од сопствената тераса до сигурносните скали комплетно се отсечени и немаат алтернативен излез во случај на евентуален земјотрес или пожар“, велат тие.

Граѓаните сметаат дека сето ова е контрадикторно со Законот за домување, кој предвидува постоење заеднички ходници, скали, тавани, пералници, сушилници, подруми, засолништа, простории за домарска служба, за куќен совет и слично, поточно, на простории што и' служат на населената зграда како целина. Но, и покрај тоа, незадоволните станари од „Народен фронт“ број 13 се плашат дека узурпирањето на заедничката станбена квадратура ќе продолжи да се практикува и во наредниот период.

„Освен што со години не се плаќа за лифтови и за чистачки, сега некои од станарите си земаат за право незаконски да ги прошируваат домовите. Погледнете наоколу низ населбата. По сопствен избор се менуваат фасадите на зградите, се доградуваат и прошируваат терасите и покривите, а со тоа постојано се видоизменува и губи препознатливоста на самата населба“, велат загрижените станари, тврдејќи дека воопшто немаат услови за договарање, бидејќи не постои ни куќен совет на зградата. „Секој си прави што ќе му падне на памет, без дозвола и меѓусебен договор“, додаваат тие.

Од Градежната инспекција на Општина Центар ни беше речено дека кај нив се' уште не стигнала официјална пријава за случајот, но потенцираат дека узурпирањето и доградувањето на простор од ваков тип е законски недозволиво. Ветија дека случајот дополнително ќе го проверат.




#
Статијата е прочитана 1991 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 06.11.2010 15:51:14
Vakvo samovolie i ne sodvetna kultura na zivenje , caruva vo stambenite zgradi vo Skopje . Sekoj gradi kako saka , Jas imam stan na potkrovje vo Naselba Aerodrom , krovot nad stanot e od zatvoren tip , no komsijata od sprat pogore otvoril prozor i sutot od gradezen materijal pagal na mojot krov , se zabusil odvodot koga vrne , i mene mi se poplavi stanot so ogromna steta . Na mojot prv komsija , komsikata mu se vlelila na ktovot . Po hodnicite prosiruvanje na stan so koristenje na zaednicka struja , sto e naj tragicno toa e masovna pojava . Za podrumite da ne zboram uzas , isto i za zaednickite prostori koi se prisvoeni od poedinci .Na toa ne zakonski gradezno Ludilo mora da se stavi Kraj .
Од: мирче
Датум: 07.11.2010 08:01:59
па нормално ќе имате такви комшии кога сите луѓе од цела провинција од по селата, групно доаѓаат да живеат во скопје. Култура имаат колку што има рефлекс издрогиран хрчак. И што е најлошо, се лажат и си мислат дека се скопјани... еее луѓе мои, опинците со кондури и мислите сте се смениле? Опинок си е опинок и в мед да падне
Од: svirce
Датум: 07.11.2010 12:48:43
abe mirce iskompleksiran. koj znae i ti od kaj si dosol vo skopje. jas ziveam vo zgrada kaj sto ima i skopjani i dojdeni od drugi gradovi. i pogodi koj gi pravi najgolemite problemi. ne se "provincijalcite" od vnatresnosta na mk tuku provincijalcite lokalni sto mislat deka se nesto poveke od drugite i si davaat za pravo da se odnesuvaat taka.
Од: Kire
Датум: 07.11.2010 14:58:27
Bravo za Mirce, posle vakov govor i vakov recnik, prosto site sakame da stanime Skopjani i da se izrazuvame kako tebe :))))))))))))))))))))))))
Од: Biljana
Датум: 07.11.2010 15:26:54
Kradenje tudjo mesto e i vo veles obicaj. Sum videla tarasi iznad mestoto na komsiite.Ludjeto se lutat koga vrz nivniot dvor ke iznikne terasa samo za eden den, , ama od strav ne se karaat.

Најди! во Утрински
Скопје
Основци трчаа есенски крос крај Вардар
"Дачиа" ја покажува својата општествена одговорност
„Македонска војска“ ќе добие атмосферска
„57“ се враќа на „Васил Ѓоргов“






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status