Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Судството се ослободи од 600.000 предмети

Во рацете на нотарите и на извршителите преминуваат извршните предмети

Гордана Дувњак


Околу 600.000 предмети од вчера не се повеќе во судовите и се трансферирани во рацете на нотарите и на извршителите. Судиите во иднина ќе се занимаваат само со решавање на спорните предмети, а се ослободуваат од оставински и извршни предмети, парични казни и прекршоци, како и од платни налози врз основа на веродостојна исправа. Промените најмногу ќе ги почувствува најоптоварениот суд во државата - скопска „двојка“, кој ќе се испразни за околу 300.000 предмети. Овие новини произлегуваат од измените на Законот за парнична постапка и од Законот за извршување, што почнаа да се применуваат од вчера.

Министерот за правда, Михајло Маневски, вчерашн��от ден еуфорично го означи како „ден Д“ за третата власт и почеток на долгоочекуваната нова ера во судскиот систем. На вчерашната прес-конференција министерот се пофали дека сега судовите ќе имаат многу поголема можност за поефикасно решавање на спорните граѓански, кривични, стопански, стечајни и други видови спорни предмети.

Маневски потенцираше дека со трансферот на околу 600.000 предмети во судовите во Македонија ќе има 148.329 спорни предмети за разлика од 938.970 предмети на 1 јули 2006 година, што значи дека тоа е намалување за 790.000 предмети или речиси шест пати.

Со законските измени судовите не се надлежни да постапуваат по извршните предмети, туку тие по налог на доверителот ќе ги доставуваат до извршител или до нотар, во зависност од тоа во која фаза е постапката. Доставувањето треба да заврши до 31 декември годинава, а доколку во овој период од шест месеци доверителот не побарал од судот да го достави предметот до извршител или до нотар ќе се смета дека го повлекол предлогот за извршување. На овој начин од судовите кај нотарите или кај извршителите ќе бидат трансферирани околу 402.000 предмети.

Наместо судовите, платните налози што најчесто се издаваат по барање на доверители за неплатени сметки за струја, вода, топлинска енергија, други комунални услуги или парични побарувања ќе ги прават нотарите. Како што појасни Маневски, доколку должникот поднесе приговор на издадениот налог постапката ќе продолжи пред надлежниот суд. Со ова решение судовите се растоваруваат за околу 200.000 предмети на годишно ниво.

Од ноември минатата година извршувањето на паричните казни за кривични дела и прекршоци преминаа во надлежност на УЈП каде што се трансферирани 42.710 предмети, а со префрлањето на оставинската постапка кај нотарите, судовите се ослободени и со околу 25.000 предмети.

„Ова е крај на ерата на милионски предмети во судовите и повеќегодишното траење на судските постапки. Судството темелно се реформира и застана на браникот на правата и слободите на граѓаните и владеењето на правото. Со судските реформи се става крај на долготрајноста на постапките и неразумното време на решавање на предметите во судовите. Се става крај на неразумните решенија што предвидуваа се' и сешто да се решава преку судовите што доведе до тоа речиси секој граѓанин по некоја основа да биде заведен во некој судски деловоден протокол“, рече министерот Маневски.

Тој додаде дека во сите судови во Македонија денес има вкупен обем на спорни предмети во работа од 445.873, од кои се решени 297.864 или 66,8 проценти, а нерешени останале 148.329.


#
Статијата е прочитана 811 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Како Стејт департментот и' помага на Македонија
Времеплов на еден плоштад
Полска на чело на ЕУ, името, па преговори
Вербатим

"""