Број 2860  петок, 12 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Анализа

Си велам...

Како ќе се трошат нашите пари

Ерол Ризаов

Во државата само малку луѓе можат да разберат каде, колку и како ќе се трошат парите на граѓаните

Македонија ќе стане нормална демократска држава оној ден кога најжешките, најжестоките и најдобрите дебати и расправи во парламентот, и во медиумите, и не само таму, ќе се водат за буџетот. Кажано народски, работите ќе дојдат на свое место кога ќе почне сите да не' боли како ќе се трошат нашите пари.

Сите граѓани на Македонија плаќаат пари во државната каса. Секој месец вработените издвојуваат речиси по уште една плата во заедничката каса. Плаќаме сите: вработени, невработени, и кога се раѓаме, и кога умираме. Секое барање до државата, до институциите на системот, до државната администрација, секое купување и продавање каков било имот, секоја услуга, уверение, потврда, игра на среќа, за секој двор, за секоја нива, за куќа, стан, викендичка, од се' се одвојува одреден процент за државната каса. Во новата 2009 година граѓаните на Македонија ќе треба да платат 2,7 милијарди евра на нивната „заедничка“ сметка. Нашата власт, избрана од нас, планира во 2009 година да имаме најмногу пари досега. Дали е тоа добро или лошо тешко може да сфатат полначите на буџетот. Тие што ќе ги трошат парите велат тоа е добро. Тие што најмногу ќе плаќаат се сомничави дека голем буџет во сиромашна држава, со уште посиромашни граѓани е добра работа. Богата државна каса, а сиромашен народ не ќе е на арно.

Во македонскиот парламент во тек е расправата за нашите пари. Обичните граѓани тешко можат да разберат зошто се потребни толку пари, уште потешко како ќе се трошат тие пари. Законите и меѓународните правила прецизно предвидуваат како да се собираат, како да се трошат парите, а има и механизми за контрола дали е се' според законот. Но, има и многу работи кои не можат да се видат. Македонскиот буџет е толку тежок за разбирање, што во државата можат само малку луѓе да разберат каде, колку и како ќе се трошат парите на граѓаните. Дебатата за буџетот во парламентот е прилично стеснета и не се дава големо значење во јавноста за една од најважните работи за животот на граѓаните. Има шанси оваа расправа да помине глуво без да се слушне гласот и волјата на тие што ги даваат парите. Дали тие што одлучуваат во наше име, како наши избраници, постапиле паметно што ни наметнале толкави давачки. Тешко е да се одговори ако не земат збор компетентни, независни, економисти и финансиски стручњаци, кои знаат што е буџет. Една од најзначајните светски институции која прецизно одредува и контролира како се собираат и особено како треба да се трошат парите на граѓаните е меѓународниот финансиски џандар, ММФ. Меѓутоа, македонската Влада се откажа од тие услуги со прилична еуфорија прикажувајќи го тоа како голем успех. А, всушност, власта не е многу среќна некој да ја надгледува како таа ќе ги троши буџетските пари, особено во година на избори. Но, без оглед на тоа, Меѓународниот монетарен фонд деновиве прати абер јавно до македонската Влада помалку да троши и да биде штедлива. ММФ ги повика властите повторно да го разгледаат буџетот, особено неговото енормно зголемување и да се откажат од некои непотребни трошоци, односно од некои трошоци кои во пресрет на големата светска криза можат силно да ја разнишаат македонската економија. ММФ вели дека откажувањето од планираната експанзија на потрошувачката во Македонија може да помогне Македонија да биде помалку ранлива од ненадејното запирање на надворешното финансирање, односно од кризата која се заканува со жесток шок во и онака слабото стопанство на Македонија.


Полна државна каса, сиромашен народ - не ќе е на арно

Големото трошење пари на граѓаните во Македонија во 2009 година без контрола ќе ја продлабочи и онака тешката финансиска состојба во државата и ќе донесе пред банкротство голем број компании. Ова мислење го застапуваат повеќе економисти. Наместо да им дели лекции на членовите на Бордот на директори на ММФ што знаат, а што не знаат, би било подобро министерот за финансии, Трајко Славески, и Владата сериозно да размислат за опомената што доаѓа од ММФ буџетот да се ослободи од работи кои не се приоритет на државата. Не треба да се потценува фактот дека и во 2002 година, Македонија го раскина аранжманот со ММФ за да може послободно да се трошат парите од буџетот без посебен надзор. Тогаш министер за финансии беше актуелниот премиер Никола Груевски.

Нашата парламентарна делегација предводена од претседателот на Собранието, застапена од сите релевантни политички партии, беше во посета на англискиот парламент. Не знам точно што разговараа нашите парламентарци со нивните англиски колеги, но навистина би било корисно и значајно ако ни пренесат како таму се одвиваат расправите за буџетот, какви се механизмите за трошење на народните пари, какви се контролите и зошто во англискиот парламент најважната работа е буџетот, се разбира како и во многу парламенти на развиените демократии. Расправата за буџетот во англискиот парламент е свечен чин и почнува со традиционалната церемонија, а завршува со жестока дебата. Сите граѓани на Обединетото Кралство можат да видат каде оди секој пени. На пример, колку ќе заработи градинарот на англиските воени гробишта во Битола. Кај нас не можеме да видиме зошто на полицијата годинава и' се потребни енормно високи буџетски пари, зошто токму во 2009 година ќе трошиме многу пари на споменици, на музеи на восочни фигури, за подводни и надводни наколни живеалишта, театри и на многу други работи кои, не дека не се потребни, туку сигурно во овој момент не се приоритетни. Исто така, во јавните настапи на владините функционери во врска со буџетот се кријат неколку стапици. На пример, дека ќе се инвестираат големи пари за изградба на патишта, аеродроми, брани и други инфраструктурни објекти. Парите што за оваа намена се предвидени од буџетот се симболични и тешко ќе можат со нив да се изработат проекти, а не патишта и други значајни инфраструктурни скапи објекти како што се патиштата и енергетските објекти.

Земањето кредити и задолжувањето во Светска банка, исто така, ќе биде неможно, бидејќи по секој аранжман таму убаво пишува дека државата мора да гарантира макроекономска стабилност за да може да с�� задолжи. Тоа значи дека ако нема договор со ММФ не ќе може ни Светска банка да ни даде кредити за објекти кои министерот за економија ги најави дури и на меѓународен собир во Охрид. Значи, доколку се почитува реалната опасност од прелевање на светската криза во сиромашните земји и доколку се имаат предвид вистинските можности за македонското стопанство најавениот „њу дил“ во Македонија повеќе личи на нова политичка предизборна пропаганда дека големиот буџет ќе значи просперитет.

Работите стојат сосема обратно.

Големиот буџет во кризна година ќе значи дополнително оптоварување на граѓаните и на стопанството што без малку ќе ја исцрпи целосно и онака слабата македонска економија. Тоа наложува Владата сериозно да ги преиспита буџетските стапки, особено за изградба на неприоритетни објекти и за големата потрошувачка. Форсирањето и стимулирањето буџетска држава, каде што сите државни чешми течат под диктат на политиката создаваат нездрава економија подложена на организиран криминал и корупција. Блиските компании до власта секогаш ќе го добиваат најголемиот дел од колачот, а тоа најдрастично го урива амбиентот за реформи и го спречува здравиот конкурентски натпревар.

Време е кога треба да се затворат државните јасли за партиските фирми. Оттаму се црпат пари за избори и скапи пропагандни и рекламни кампањи. Процените се дека изборите чинат од 20 до 40 милиони евра, а на корумптивните медиумски кампањи се троши исто толку. Никаде нема податоци за овие ставки. Интервенциите на државата се очекуваат во компаниите кои се погодени од светската криза. Како што тоа го прави нормалниот свет.


Статијата е прочитана 1641 пати.

Испрати коментар

Од: stojanka e zbuneta
Датум: 12.12.2008 00:19:54
stvarno ne mi e jasno dali lugevo treba da djdat do prosjacki stap za da pocnat da uviduvaat deka za sve sto se slucuva, od siromastija, grcko veto, izolacija ne e kriv ni kuhner, ni eu ne mrzi, ni fuere e od sdsm , ni bilo koj tuku nesposobnosta na vlasta koja gi laze i im servira samo reklami. ne mi e jasn dali ke gi ranat svoite deca so glupostinite na pasko kuzman ili ke baraat krivec pak nadvor - bilo vo opozicija, mmf, eu ihaha kolku sakas ima. pritoa finansirajki ja platata na dzemaili i na vmrovcinjata koi sedat vo 6 upravni odbori kako mnogu bistri
Од: Makedonec vo EU
Датум: 12.12.2008 00:59:51
"Сите граѓани на Македонија плаќаат пари во државната каса." :)))))))) Ova moze da go napise samo nekoj sto mnogu odamna ne bil vo Tetovo, Gostivar ili Kicevo :))
Од: igor-bt
Датум: 12.12.2008 01:08:50
Se e realno,mislam deka prasanje na vreme e, dve do tri godini ako ne i pobrzo koga narodot ke se kreni na socijalen bunt, ako do togas ne se sluci nekoja teska glupost vo makedonija, predizvikana indirektno od podelbata na kosovo. Inaku vo Bitola ima, germanski voeni grobista, francuski voeni grobista, kosturnicata Kajmakcalan, ima i evrejski i turski grobista, ama nemam slusnato za angliski voeni grobista, mal lapsus. I ve molam odgovorete mi G-ne Rizaov, koga ke napisete eden dobar tekst za ocajnata sostojba vo Sdsm, kade sto pretstedatelot javno kazuva na tribini deka vrabotuva partiski kadri vo opstina Strumica... Pozdrav
Од: gola voda
Датум: 12.12.2008 04:30:31
Erole i jas se prasuvam kade otidoa parite od privatizacijata,TAT,Alfa S,Lambros,od delovite za tenkovite,od dogovorite za zakup na delovi od Voena Bolnica itn itn.Dali sledniot pat bi mozele da mi dadete odgovor na ovie prasanja?Odnapred vi blagodaram.
Од: Komentator
Датум: 12.12.2008 07:51:05
Време е кога треба да се затворат државните јасли за партиските фирми. Mnogu interesno. Zoshto sega e tomu vreme?Mislam ke bidete mnogu pochituvavni ako ova go velevte i koga beshe SDSM na vlast koga toa beshe standraden sistem na SDSM-bliski firmi dobivanje privilegii za drzhavni kontratki. Zatoa vashiot komentar sekogash izgledal i ke izgleda politichki oboen. Ne e vreme.Toa treba da bide konstanta. Koga vashata konstanta ke bide kritika vo ovoj pogled na vlasta od bilo koja partija togash i samo togash vie ke mozhete da se narekuvate nezavisen novinar. Budzetite se delikaten balans i graganite i firmite se od edna strana optovareni so davachki a od druga strana se korisnici na budzetskite sredstva preku zdravstvo, obrazovanie, penzii, socijala itd. Znachi sega go kritikuvate inputot, chisto od prichina deka SDSM ne e na vlast. A ako ovaa vlada napraveshe pomal budzhet, odma gi predviduvam vashite komentari: Sebichnata vlast ne se grizhi za penzionerite, zdravstvoto,obrazovanie :-
Од: Трпе
Датум: 12.12.2008 09:18:56
Избори се ближат,избори се ближат,избори се ближат(празници се ближат)Владата на РМ,парите ке ги потроши за збогатуванје на една мала група луге(фамилијата)Затоа тие немат потреба од котролор(ММФ).Македонија со ова власт неможе да се одвои од минатото,од историјата.Приказните за мали деца се најактуелни.Тоа е како кога Насредин Оџа сакал магарето да го научи да не јаде.Го врзал магарето за еден столб иако пред него имало доволно сено.Магарето умрело тамам пред да се научи да живее без храна.Голем срам за способната ни влада која народните пари ги троши ненаменски само идеалошки.Но по се изгледа дека и за тоа засл��жуваме.Од глаата си патиме.
Од: Dejan
Датум: 12.12.2008 09:32:45
Eh, Erole,Erole...bar od tebe ocekuvav poveke. tekstot moze 50000 karakteri - podatoci nula. taka vo vcerasniot broj nekoj tekst 3 reda za nesto deka makedonecot mozel samo da se prehrani so platata... Pa brojki daj bre Erole, pa sporedi so lani , so taa i taa godina, pa tolku i tolku togas a otisle narodni pari za obrazovanie a ovaa godina iako e pogolem budzetot za obrazovanie tolku i tolku pomalce pari. Vaka,izvini,nisto ne si kazal.Da receme deka budzetot e zgolemen 100% ama parite za za obrazovanie , zdravstvo , infrastruktura se zgolemeni 200% a namalen e 90% izdatok za namestaj.ne velam deka e taka, ne znam , prasuvam.koga veke si sednal da napises spremi se prvo a vaka...rekla - kazala
Од: citatel
Датум: 12.12.2008 09:48:26
Do shtabot za pisuvanje komentari na vmro: na sekoja kritika kon vasite kriminalci od vladata replicirate na ist nacin..dosadni ste. Mozebi ke se svestite koga ke kolabira ovaa drzava po site osnovi.
Од: do koga
Датум: 12.12.2008 11:10:17
Do"Gola voda" Ako Ljubco vojvodata i Branko kradele mnogu znaci li deka ovie gi izbravme da kradat dvapati po tolku?Onoj sto ne uci od greskite na prethodnite osuden e da gi povtoruva,t.e.da krade povece.Arno ama pravdata ce go stigne brzo,dali bozjata ili narodnata.
Од: Sirius
Датум: 12.12.2008 14:42:53
Koi Vasi pari???Dali tie sto se odlevaa od zemjava vo izminatite 60 godini! Olabavi malku prijatele, nema Vasi pari veke vo Makedonija. I, Ostavete go narodov na mira veke, zbogum zasekogas!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа