Амернис Нокшиќи - Јовановска
актерка
Денеска е првата клапа од снимањето на серијата „Министерот“, којашто ќе се емитува на телевизија Алсат, па и покрај свечениот момент, сепак ќе треба нешто и да работиме, т.е. снимаме. Попладне, пак, со душа го очекувам договореното дружење со пријателите, како едно викенд - олабавување.
Коле Ангеловски
режисер
Одамна не ми се случило во денот да немам ништо за работење. И затоа денеска ја имам улогата на бебиситер на седумнаестмесечниот внук Гриша. Навистина стекнав искуство во таа професија и признавам дека е „најтешката“ на светот што не признава никаква режија и глума. Со Гриша се' е искрено, спонтано и прекрасно.
Билјана Петровска
пијанистка
Претпладнево ги имам редовните обврски во Средното музичко училиште во Скопје. Потоа продолжувам на проба со колегата Петар Колевски, кларинетист во нашето дуо „Пан“. Попладне имам гостување на Наша ТВ, а вечер уште една проба со дуото „Талија“ и колешката Пламенка Трајковска. |