Работата е во експанзија, па затоа чувствувате дека ова се вашите пет минути. Од друга страна, сите би сакале да бидат во ваше присуство и да ја споделат со вас позитивната енергија. Пожелно е малку да посветите внимание и на самите себе.
Бик
Бидете реални во проценувањето на другите луѓе и не обидувајте се да изнаоѓате решение кога го нема. Што и да се случува со вашите соработници, потрудете се да бидете објективни во процената. Бидејќи околностите бараат да бидете поангажирани, размислувајте малку со ладна глава.
Близнаци
Проблемите со нервниот систем можат сериозно да му попречат на вашиот организам, бидејќи постојано ве иритираат ситници. Не навлегувајте толку во проблемите и обидете се да сфатите дека не можат секогаш работите да бидат според вашиот план.
Рак
Во љубовта се можни конфликти за кои ќе сфатите дека вие сте единствениот виновник. Се' што работите поминува махинално, па можеби е крајно време да го оправдате епитетот на добар работник и да сфатите дека доколку не се изборите со конкуренцијата, многу лесно ќе наидувате на препреки.
Лав
Посакувате да се изолирате за момент, бидејќи во самотија најдобро функционирате. Треба да си го поставите прашањето што е причината поради која не можете да бидете во друштво со другите. Присуството на нервоза, напнатост и несигурност произлегуваат од празнината што ја чувствувате без саканото лице.
Девица
Го прикривате незадоволството, но револтот што се јавува во вас ќе мора да го балансирате со околината. Проблеми може да настанат од вашата голема желба за критикување на другите и наметнување на ставовите. Затоа внимавајте и малку смирете ги страстите.
Терезија
Полни сте со енергија, но, за жал, не ја трошите на најдобар начин. Треба да научите да бидете умерени во се', зашто тоа е најдобрата насока за функционирање. Партнерот постојано е на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Можеби има право да се лути.
Скорпија
Професионалните обврски бараат од вас конкретно да се изјасните во однос на вашата крајна цел. Смислата за убавото како и секогаш ја наоѓате во прегратките на партнерот. Гледајте така и да остане, бидејќи партнерот ја ужива вашата наклонетост.
Стрелец
Многу подобро ќе биде доколку научите да ги балансирате нештата и тогаш кога изгледаат неостварливо. Емотивното разбирање и заемното дополнување на љубовен план претставуваат позитивен чекор на некои претходни случувања што ве загрижувале.
Јарец
Во љубовниот живот доживувате нова радост и ви годат блискоста и односот с�� партнерот. Направете се' што е потребно за да освоите нечие внимание и да добиете искрена наклонетост. Доколку сте слободни, одговорете на нечии пораки или додворување. Ве очекува задоволство во ново друштво.
Водолија
Колку подолго ве држи овој период, толку нештата ќе умеете повеќе да ги цените. Вие сте познати како големи љубовници, па моментно срцето ви е резервирано само за едно лице. Лежерни сте, се обидувате да уживате во различните ситуации или да ја осетите убавата страна на љубовниот живот.
Риби
Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Најдобро е да покажете каде се наоѓате и дали правилно постапувате. Доколку го правите тоа, резултатите се видливи.