Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Адвокатска приправничка го преживеала нападот во „Биг фиш“

Девојката, наводно, преживеала, бидејќи еден од загинатите успеал да ја заштити од куршумите со своето тело

Приправничка во угледна скопска адвокатска канцеларија го преживеала трикратното крваво убиство во населбата Аеродром што ја шокираше јавноста. Според досегашните сознанија, таа седела на масата заедно со тројцата убиени во моментот кога уапсениот Тони Денковски стрелал во своите жртви. Претпоставките се дека девојката го преживеала крвавиот чин, бидејќи еден од загинатите успеал со своето тело да ја заштити од куршумите.

Трикратното убиство се случи во четвртокот вечерта во ресторанот „Биг фиш“, во трговскиот центар „13 Ноември“ во скопската населба Аеродром. Денковски, според сознанијата на полицијата, во еден момент влегол во ресторанот и со рафални истрели ги погодил велешанецот Јордан Јорданов, кој починал веднаш, како и Влатко Андреевски (26) и Владо Милошев (36), кои им подлегнаа на повредите во болница. МВР го лоцираше мотивот за убиството во нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу убиецот и Јордан Јорданов, кој, наводно, бил цел на нападот.

Иако приведениот за трикратното убиство, Тони Денковски, се одлучи да молчи пред истражниот судија, се очекува натамошната судската истрага да фрли ново светло на настанот. Во истрагата, која се очекува да добие на интензитет во наредниве денови, едно лице веќе е заведено како очевидец и оштетен.

Иако никој моментално не сака отворено да говори за убиствата, неофицијално се дознава дека критичната вечер на иста маса освен сега загинатите Милошев, Јорданов и Андреевски, била и една девојка. Според истите сознанија, станува збор за приправничка во една угледна скопска адвокатска канцеларија, која била сведок на настанот, односно била на масата во миговите кога Тони Денковски стрелал во своите жртви.

Претпоставките се дека девојката успеала да ја преживее стрелбата, бидејќи дел од куршумите завршиле во телото на еден од убиените, кој се наоѓал пред неа. Дали настанот навистина течел според ваквото сценарио, дополнително ќе треба да утврди истрагата, па оттука не треба да се исклучи и можноста од реконструкција на целиот настан.

За јавноста се' уште остана нејасно како се нашле тројцата убиени во исто друштво, особено што едниот од нив е вработен во Шестата управа на МВР, задолжен за обезбедување странски делегации, а другите двајца отпорано и' се познати на полицијата како припадници на „Франкфуртска мафија“, позната по трговија со дрога?!

Од МВР и натаму тврдат дека загинатиот припадник на полицијата имал чисто досие и дека никогаш не било практика да се води истрага против жртви, туку само против извршителите на убиствата. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 9031 пати.

Испрати коментар

Од: trajce
Датум: 07.09.2010 12:47:49
normalno e deka nema da se vodi istraga za milicaecot bidejki ke se otkrie na kogo jordanov rkulot daval pari za da ne odi vo zatvor mvr e totalno korumpirana pogotovo vrvot
Од: Ајван Доктор®
Датум: 07.09.2010 13:06:59
Станува сè поинтересно: Дилер на дрога,Лихвар,Полицаец,кој,според Латас,сосема случајно се нашол на местото и „случајно“е од блиското окружување на Министерката... приправничка „во една угледна адвокатска канцеларија“,сосема „случајно“...Полицаецот „случајно“е роднина со еден од обезбедувањето на Шерифот...Упс!Затоа ли беше толку блед и уплашен кога ни ја раскажуваше бајката за секојдневниот напредок и остварените резултати?!Имајќи го в предвид и прекарот на едниот роднина (Урко!?),во служба на Шерифот,по сè изгледа,новото име кое ни го спремаат е Планета на Мајмуните!
Од: Јован АН
Датум: 07.09.2010 13:08:29
Можеби полицаецот бил на работна задача?Зошто само го напаѓаат?Зарем полицијата нема свои луѓе од кои се добиваат “оперативни сознанија“?
Од: Вераг
Датум: 07.09.2010 13:18:13
Оваа наша миистерка ептен ја бива - иште истрагата не почнала,а таа веќе го знае мотивот. А овој ист мотив беше соопше тна јавноста после претепувањето на Ивица Младенов, иако не се најдоа тепачите.
Од: Milan
Датум: 07.09.2010 13:24:58
Bas im e gajle vo MVR koj sto mislel i pisuval za niv. Tie se drzavata.
Од: Ози
Датум: 07.09.2010 13:45:55
Ама друштво! Корумпиран полицаец, мафијаш, дилер на дрога и адвокатка. Огледало на нашето општество.
Од: risto
Датум: 07.09.2010 14:18:21
Телевизија АЛФА се кажа,сите тројца убиени биле мета на ДЕНКОВСКИ,бидејќи сите го рекетирале,што значи и миленикот на ГРУЕВСКИ И ЈАНКУОВСКА - полицаецот бил вмешан во матните зделки
Од: Тајна задача
Датум: 07.09.2010 14:32:12
Задачата била толку тајна што и претпоставените на полицаецот не знаеле за неа!Да испукаш сто куршуми,а да не ја погодиш девојката,кажува дека сите тројца биле цел.
Од: kire
Датум: 07.09.2010 14:46:12
Direktorot od Osnovnoto Uciliste Goce Delcev Resen Mitrevski Zoran Drvata koi bile na ucilisteto im gi prodaval na vrabotenite ,a tie mu plakale na amin bez dokument bez dokaz a kaj se parite i kolku se toa ostanuva da go dokaze Antikorupciska. Ednas neka izleze se na videlina ,dosta,dosta bogatewe na drzavata i na narodot bes tronka trud sekoj neka go dobie toa sto go zasluzuva
Од: kiki
Датум: 07.09.2010 15:11:30
Imal cisto dosie!!!!So eden telefonski povik i so edno pritiskanje na gluvceto celo dosie se brise.
Од: Трпе
Датум: 07.09.2010 15:39:55
Тоа е Долина на волците,македонска верзија.Адвокатката била адвокат на мафијата.Само незнам кој бил Џан Полат.
Од: kaktus
Датум: 07.09.2010 16:23:39
Браво Ајван докторе! Ова за планетата на мајмуните ти е оригинално и треба да го патентираш, како што го патентира и името. Така тие е во држава кај што се ценат само прилепски дипломи.
Од: sasko
Датум: 07.09.2010 21:06:29
Pun restoran, nema kaj da sednes, pa decki moze na vasa masa da ja lapnam ribava,sedi decko mu odgovorile, so e tuka misterija kako se nasle site na ista masa
Од: sladj
Датум: 07.09.2010 23:25:01
something is very "fishy" in the big fish.
Од: mene
Датум: 08.09.2010 02:20:58
policaecot nemal dosie???a koj policaec ima dosie???stvarno ne mi e jasno...vakvi gluposti moze da trese samo ministerkata...valjda nekoj treba da e lud sto raboti u MVR i sam da si pisuva dosie ili kolegata da mu pisuva....skroz bezvrska
Од: Albanec
Датум: 08.09.2010 03:04:36
Policaecot sigurno bil vmesan, bidejki da bese na dolznost toj ke imase pokrivka od kolegite, znaci ke bese podgotovka za akcija. Ova pokazuva oti vo vrvot na MVR se mafijasite tocka.
Од: Mene
Датум: 08.09.2010 04:07:41
Ribata smrdi od glavata......site znaete so sakam da kazam,pozdrav od mene....
Од: kole
Датум: 08.09.2010 11:05:18
Ocigledno ADVOKATKAVA dobro go pece zanaetot...... ovaa ke bide perspektivna za Pretsedatel na Ustaven sud.....
Од: meme
Датум: 08.09.2010 11:09:31
Pak nekoja cistacka ke nastrada kako glaven vinovnik za trikratnoto ubistvo! Ili samo ke ja prerasporedat i taka ke zavrsi slucajot. Toa e Makedonija!
Од: zizi
Датум: 08.09.2010 12:32:20
Sekoj normalen covek od gradot Skopje znae deka ''policaecot'' bese prominentna figura vo naseto podzemje so godini nanazad.Prasanjata zosto bil na masa so dileri stvarno zvuci glupavo,ili komentari od informirani voopsto ne se objavuvaat....ke vidime.
Од: R.Hollandia
Датум: 09.09.2010 10:16:26
kako nema da negira mvr deka je so cisto dosie koga se site necisti od sto opstanuva partijata na gruevski samo od ne dozvolena tgovija i reket po firmite ili po biznismenite cela vlada je umesala preti vo tie kriminali a policijata isto ne sto je umesana i gi stiti mafijasite za profit neka im je so sreka ovoj biznis na vladata na gruevski sto veke se ucigledno gleda deka vmro dpmne je mafijacka partija i podpomognata od drugi prtiji vo kaulicija site jadat mrsno i go lazat narodo za nivno sraboteno a sto se srabotele se znae ja unistija drzavata a narodo go ostavija kako riba na suf pesak.
Од: Митко
Датум: 10.09.2010 09:28:54
Значи да се комплетира сликата : мафијаш + негов дилер на дрога + џандар + адвокатка ... фалат уште судија и обвинител... доаѓа лихварот со калашников и ги убива .... „па ово нема ни у Београду“ Оваква трагикомедија не можат да смислат ни големите пера на крими-романите. Ова е можно само у Македонија. Само не ни е Цацко крив - сами сме си виновни за се , и за промашените власти овие 20 години (сите ние ги гласавме) ; и за криминалот и корупцијата ; и за „ВРСКАЏИСТВОТО“ (ова е врскаџиско општество - секој за сенешто бара пократок пат, врскичка, „пречица“) ЈБГ - што би рекле србите

Најди! во Утрински
Хроника
Неизвесна екстрадицијата на Лирим Јакупи - Нацист