Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Уметничкиот сензибилитет е нагласен, па ќе уживате во убави работи, но ќе ви пречи се' што не ги задоволува вашите строги критериуми. Може да ви се јави желба да ги решите проблемите на партнерот. Обратете внимание на здравјето и на нервозите кои може лошо да влијаат врз вас. Потрудете се повеќе време да бидете сами.



БИК

Ужасно се чувствувате и ништо не ви оди од рака, разочарани сте и не знаете каде да најдете излез. Чувството на неизвесност влијае деструктивно врз вашиот нервен систем. За се' има лек, па така и плановите за кои мислите дека е невозможно да се остварат. Слободните припадници може да очекуваат интересна средба.



БЛИЗНАЦИ

Нешто ве мачи, а и самите не знаете како да најдете излез. На прв поглед изгледате ведро, се трудите да прикриете длабоки емотивни преживувања. Партнерот не ги исполнува вашите мегаломански барања. Прашања има безброј, а ниту еден одговор. По извршувањето на обврските, ќе се забавувате во одлично друштво.



РАК

Фантастично функционирате на сите полиња. Прекрасно се чувствувате. Задоволни сте со професионалната соработка и општествените контакти. Позитивни сте и се трудите да го пренесете тоа на околината. Потребна ви се поддршка и помош, кои безрезервно ќе ги добиете од партнерот.



ЛАВ

Имате многу работи напамет што сакате да ги остварите, но малку сте разочарани. Бидете поголеми оптимисти, само така ќе успеете да излезете од проблемите. Малку интроспекција не би била на одмет. Потрудете се од моменталната ситуација да извлечете максимум. Вашиот систем на вредности се менува.



ДЕВИЦА

Потрудете се да извршите минимум од она што морате. Една од причините за мрзливоста е ослабениот имунитет, но и партнерот. Нешто ве вади од контрола, претеравте со изливите на нежност. Грешите ако мислите дека партнерот не ви враќа со иста мера. На повидок е интересно патување, кое и тоа колку ви е потребно.



ТЕРЕЗИЈА

Конечно, се олабавивте и најдовте заеднички јазик со соработниците. Одеднаш се' ви станува јасно, ви беше потребно време за да сфатите кои сте и што можете. Успехот е неминовен, но морате да се помачите. Немојте да сте нетрпеливи, ситуацијата бара повеќе флексибилност, а помалку нервирање.



СКОРПИЈА

Активно вклучете се и во уметничкиот живот. Ќе уживате во убави и скапоцени работи. Влијателни сте над околината, особено над оние од кои може да имате корист. Здравствената состојба ви е одлична, но морате да внимавате на бубрезите. Партнерот ве сака и ве почитува, возвратете му. Шетајте заедно во природа.



СТРЕЛЕЦ

Во мислите сте со некој со кој не можете да остварите постојана врска. Морате да се задоволите само со моменти, смачени ви се ограничувањата во љубовниот живот. На работното место ве очекуваат промени, прифатете ги. Нервозите оставите ги за некое друго време.



ЈАРЕЦ

Умеете секогаш да бидете на вистинското место, пријателите сакаат кога ги делат проблемите со вас. Вистински советодавач сте, особено кога станува збор за егзистенцијални проблеми. Љубовта е главна движечка сила и смисла на вашиот живот, која ви е многу потребна. Имате впечаток дека никој не ве разбира.



ВОДОЛИЈА

Одморете се малку и уживајте во семејната идила. Доколку сте осамени, ќе се чувствувате лошо. Многумина од вас во овој период ќе се потрудат да ги стабилизираат брачно партнерските односи, некои, пак, ��е влетаат во брачни води. Може да се јави проблем со видот и со крвната слика. Бидете внимателни и избегнувајте нервози.



РИБИ

Одморот ви помогна да ја повратите силата и да закрепнете од изнемоштеноста. Со партнерот се трудите да најдете заеднички јазик. Мислите дека за се' сте во право, па не сте толерантни. Потрудете се малку да се коригирате и сите работи ќе си дојдат на свое место. Намалете ги цигарите - ќе се намалат проблемите со дишните патишта.














#
Најди! во Утрински