Што прават денеска
Марјан Коцев
пејач
Вчера се вратив од Бугарија, каде што учествував на интернационалната вечер на „Пирин фолк-фест“. Искуствата се бројни и интензивни, па денешниов ден ми е потребен за одмор и за споделување на впечатоците со пријателите. Уживам во слободен ден среде недела.
Васка Леонтиќ
стилистка
Во академијата „Леонтиќ“ веќе сериозно почнавме со подготовките за ревијата на фризури, всушност, модниот ден, што ќе се случува на 19 септември во Музејот на град Скопје. Во врска со ревијата, денеска имам и едно интервју, а остатокот од денот речиси целосно им е посветен на учениците.
Тодор Зафков
музичар
По активното лето со настапи и со студиски снимања, септември е некако стивнат. Па, денеска верувам дека ќе имам сосема обичен ден, со редовните проби на работното место во „Танец“. Она што останува од денот, немам планирани обврски, па оставам да ми тече спонтано и релаксирано. |