Перихан Туна
- актерка
Денеска сум во Битола на снимање на турската серија "Збогум, Румелија". Снимањето, додека не заврши дневниот сет, не остава многу време за слободни активности, па речиси целиот ден сум на работа. Во зависност од тоа дали ќе остане нешто за снимање на мојата улога, останувам вечер во Битола или се враќам во Скопје.
Мите Митев
- селек. на аматерска фуд. репрез. на Македонија
По квалификацискиот турнир за европското аматерско фудбалско првенство во Сан Марино, на кој учествуваше и нашата репрезентација, веќе започнавме со подготовките за избор на новата селекција, која ќе биде составена од играчи кои играат во Втората лига. Имаме квалитет за да направиме добар избор.
Сања Шутевска
- кореограф
Претпладнето ми е слободно да ги завршам сите домашни обврски, па попладне да се посветам на часовите со мојата класа во Средното балетско училиште. Веќе почнувам да размислувам, а наскоро и да ја подготвувам кореографијата за годишниот концерт, која годинава ја започнувам порано.
|