Број 2805  вторник, 07 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Поради нешто сте нерасположени, па потрудете се да се ослободите од емотивната напнатост и ограничувањата. Доколку имате оптимизам и се надевате на поволен исход на случувањата, ќе се поштедите од маките. Одете на прошетка.



Бик

Ве вознемируваат љубовни јадови. Можеби сте премногу посесивни и љубоморни, а со тоа го одбивате партнерот. Имате премногу проблеми, но ви недостасува енергија за да ги решите. Можни се хистерични реакции како последица на немоќта.



Близнаци

Вие сте убедлив говорник. Успешно решавате се' што е поврзано со вашата работа. Успехот нема да изостане, но мора да се потрудите малку повеќе. Поволните планетарни влијанија ќе ви донесат успех и на материјален и на емотивен план.



Рак

Не одбивајте ја поканата на пријателите за излегување. Мора да бидете флексибилни и комуникативни. Ако сакате да бидете среќни, мора да запомните дека не е се' во парите. Се оптоварувате со работи кои се само плод на вашата бујна фантазија.



Лав

Подготвени сте да направите милион глупости, но добро се чувствувате. Во фаза сте на очекување признанија и успеси и на материјален и на духовен план. Партнерот ви нуди забава и уживање. Внимавајте на исхраната.



Девица

Ќе бидете во ситуација да ја убедувате околината во нешто. Бидејќи успехот е загарантиран, бидете трпеливи и тој ќе дојде во вистински момент. Вооружете се со трпение кога станува збор за партнерот, но и реализацијата на плановите.



Терезија

Наклонетоста кон настинки и вирусни инфекции е само последица на намалениот имунитет. Пожелно е да направите нешто како превенција. Бидејќи некои планови не се одвиваат со саканото темпо, почнувате да го губите трпението.



Скорпија

Вистински мајстор сте за забави, но и за манипулирање со околината. Надевајте се на успех за она за што сте заинтересирани, но мора да бидете трпеливи. Ве очекува реализација на плановите, по што следува голема прослава.



Стрелец

Пред вас се активности кои би требало да дадат конкретни резултати. Се' за што се надевате порано или подоцна ви се остварува. Затоа бидете оптимисти. Периодот пред вас е одличен за професионален напредок. Емоциите оставете ги настрана.



Јарец

Чувствувате потреба за осаменост, доколку ви се укаже прилика за тоа, ќе се чувствувате среќно. Постојано размислувате за новата врска, но не преземате конкретни чекори. Потрудете се да му покажете на партнерот што чувствувате.



Водолија

Благодарение на сугестивното влијание на околината, ќе постигнете успех. Не се откажувате од она што сте го наумиле, бидејќи остварувањето на денешните планови е повеќе од возможно. Ја преценивте сопствената енергија, затоа мора да одморите.



Риби

Уживате во прегратките на партнерот. Се' ќе се одвива според планот, затоа и ќе бидете среќни и задоволни. Прифатете ги советите на блиските, но мора малку повеќе да се активирате на професионален план. Преминете од зборови на дела.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ