Груевски сака аплаузи како Путин
Мане Миjаков, Гостивар
Последното нешто „појасно“ во врска со спорот за името меѓу Република Македонија и Грција го кажа премиерот Груевски. Тој се договорил со претседателот Иванов дека оној предлог за името што ќе биде прифатлив за Грција да им го проследи на граѓаните во нашата земја на изјаснување. При тоа не го кажува својот став, тој на Владата и на неговата политичка партија.
Тоа, всушност, е и неговата порака: I dont care, I dont care a bit.
Значи, Груевски сака аплаузи.
Се сеќавате на претседателот Путин кога побара пониска цена за колбасите. Никој не му аплаудираше на менаџерот кога му се обрати на премиерот дека има производи (колбаси) и со пониска цена, освен од оние што ги земал.
Значи, ниту е премиерот Путин, ниту ние сме Русија. Затоа треба да решава, зашто и така доцниме. Не може да има легитимитет, моќ и мнозинство, а да зборува: „Не ме интересира, не се грижам за тоа, не ми е до тоа...“. |