Број 3026  петок, 03 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Нова војна

Антигона Петреска, Велес

Она што навистина зачудува и тера на сериозно размислување се изјавите на опозицијата која повторно се користи со методи на заплашување во своите изјави, но овој пат со доза на наивност. Само пред неколку дена, Љупчо Георгиевски, меѓу другото, изјави дека со Албанците никогаш не се знае. Во еден момент може се' да изгледа супер, а утре да имате војна во државата.

Неодамна Љубе Бошкоски, исто така, прогнозираше жешко лето на Владата. Денеска Бранко Црвенкоски уште еднаш ја потенцираше одговорноста која, според него, сега е целосно во рацете на Владата која, нели, ја има апсолутната власт.

Паралелно со овие изјави се случуваат и некакви пребројувања кај Албанците, ревизии на Рамковниот договор итн. Многу индикативно и добро позната реторика!

Сега е многу чувствителен период каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да игра мудро, но и истовремено да се чува од добро познатиот двоец Бранко-Љупчо, а и од Бошкоски, да не ни направат нова војна.


#
Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар

Од: mitko nesto ne mu e jasno
Датум: 03.07.2009 01:55:02
Abe Antigono neli veke ednas ovie ti objavija pismo so istatata umotvorina (Ljubco i Branko a bogami i Ljube ni planiraat vojna). I toa pismo ne ti bese mnogu inteligentno ama izgleda nekoj saka da te povtoruva.
Од: kole
Датум: 03.07.2009 05:58:59
Антигона размислува како Македонка од Велес (онаа на Бумбар), за се е крива опозицијата, изгледа не гледаш колку знаат и умеат твоите цепеници од ДПМНЕ, префиксот и не го заслужуваат...
Од: Албан
Датум: 03.07.2009 08:26:50
Леле, одлична анализа, Антигоно девојко. Јас сум воодушевен од твоите размислувања. Дај те молам, објасни ни во што е смислата на животот? Каде се наога гробот на Џими Хофа? Зошто над Македонија не се појавуваат НЛО? Дали на третиот од исток сателит на планетата Југалинда има преисторијски бактерии? Вита јела зелен бор, чекамо - бре! - ултра брзи одговор.
Од: dbreak
Датум: 03.07.2009 10:23:47
Se dodeka Makedoncite, Albancite i drugite nacionalnosti shto ziveat vo makedonija, ne razberat deka ovde treba da se zivee, raboti, napreduva zedno, vo site polinja, bez razlika na poteklo ili veroispoved, deka site treba da go dademe svojot zalog za drzavava. Se dodeka ne se sluci toa, politicarite ke si igraat vojna i mir so niv. Makedonija kako multi-etnicka i multi-kulturna drzava e mnogu napred duri u pred mnogu razvieni evropski drzavi... Ke bide zalno toa da se izgubi... pozdrav
Од: од кого да се чуваме?!!
Датум: 03.07.2009 11:50:51
Си се навикнавме да си играме пинг понг каде топчето е фрустрираниот граѓанин,од различните страни на мрежата позицијата и опозицијата,а мрежата кога е потребно темпирана до се подкрева или спушта зависно кој треба да победи,а тоа е меѓународниот мориторинг.Се така,не сваќајќи дека таблата на која се игра-земјата се излити.Навистина две децении поминуваат нашите играчи ништо ново не покажаа од толкуте *проекти*.Изгледа наместо да учат на тие сеанси,тие секогаш фаќале кривина во стилот *професоре,може малку вград-имам нешто да пазарам,за подома*.Залудно,потрошено и време и пари.Е,балканецу,зарем навистина ти беше толку тешко *ропството од антиката до денес*,та толку ефтино се продаваш.Најдобро сите да се занимаваме со музика,попрофитабилно ќе поминеме,а да си најмиме *политичари*,кои ќе не извлечат од калта.
Од: b
Датум: 03.07.2009 13:07:27
Антигоно, сирота за жалење. Мисли малку со своја глава, а не со главата на твојот омилен водач. Кај кого е мори власта и сите полуги во државава. Ама дури има такви како тебе, лесно им е! Преку Латас, Миленко, Јанко, Бумбарката и слични, ќе те замајуваат, а тие ке си земаат скапи кредити, ке си трошат и ке си уживаат. Фала му на господа што такви како тебе има се помалку и помалку, па белким има надеж дека нешто ке остане од Македонија. Ус пат да ти кажам, сто пати повеке им верувам на Албанците отколку на такви како тебе. Со нив е далеку полесно да се сочува државата отколку со вас, вмро-овците.

Најди! во Утрински
Писма
„Преродбенички“ настап во Белград
Внимание за Египќаните
Груевски сака аплаузи како Путин