|
|
Нов коловоз на пет улици во Кисела Вода
На пет улици на подрачјето на Кисела Вода во тек е обнова на коловозот. Паралелно, по налог на Општина Кисела Вода, се работи на подновување на улиците „Есенинова“, „Балканска“, „Жил Верн“, „Трпе Петровски“ и „Јордан Филиповски“.
На улицата „Есенинова“ веќе е изгребан стариот асфалт, а се поставува нов слој на површина од околу 950 квадратни метри, а речиси иста толкава површина ќе се обнови и на другите улици, додека 500 квадрати е површината за обнова на улицата „Стојан Стојановски“.
Општинарите информираат дека претходно на сиве овие улици е извршена реконструкција на водоводната мрежа. (С.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 615 пати.
|
|
|
|
|
|
|