Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Погазена од својата црвена линија?

Малкумина веруваат дека ПАСОК е нарачател на текстот во „Етнос“. Главниот „осомничен“ е противникот на Дора Бакојани, сопартиецот и лидер на Нова демократија, Самарас

Од нашиот известувач
Миркица Поповиќ

Атина - Никој веќе не сака да „ја игра“ Бакојани? Веста дека Дора Бакојани не ја оспорила употребата на термините македонски јазик и идентитет и не инсистирала на име за општа употреба на тајна средба со Антонио Милошоски во 2008 година е само еден од редот удари што се насочени кон директно уништување на имиџот на Бакојани на грчката политичка сцена. Стројната Бакојани, кај која освен насмевката, немаше никаква мекост во политичките одлуки, нема да може да ја поврати политичка сила и влијание што ги имаше како министерка за надворешни работи во владата на Костас Караманлис, во наредните пет-десет години. По оваа вест, која стана една од главните политички теми во Грција, не е ни чудно што на денот на победата на ПАСОК на парламентарните избори во септември Бакојани помалку личеше на дух при појавувањето во прес-центарот „Запион“ во Атина.

Грчката јавност беше сигурна дека Бакојани ќе го наследи кормилото на десничарската Нова демократија по оставката на Караманлис по објавувањето на резултатите на изборите. За време на изборната кампања, Бакојани беше отсутна при јавните појавувања на Караманлис, што доведе до шпекулациите дека таа работи на својата идна победа како лидер на Нова демократија, а со тоа му откажува љубов на човекот кого ја стави на министерската позиција. Два месеца подоцна, стопроцентната сигурност дека ќерката на Костадинос Мицотакис ќе застане на чело на Нова демократија полека почна да паѓа во вода, а предноста ја доби поранешниот министер за надворешни работи и некогашен бегалец од партијата на Бакојани и Караманлис, Антонио Самарас. Дора Бакојани изгуби на изборите, а сега се работи на нејзино истиснување од политичката сцена како на жена од класичното грчко кафенио - малечко, застарено правливо кафуле каде што се собираат исклучиво мажи, играат табла или карти, гледаат телевизија и бистрат политика и на чуден начин се и одвоени и меѓусебно и од надворешниот свет, но и споени во исто време.

По објавувањето на документот во „Етнос“ во неделата, во кој се наведува дека Бакојани на средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во 2008 година не го иницирала прашањето за македонскиот јазик и идентитет и нагласила дека нема да се бара промена на македонскиот Устав, никој не застана во нејзина одбрана, најмалку нејзината матична партија. Дури и оние што ја поддржуваа нејзината кандидатура за лидер на партијата деновиве се откажаа од неа.

Реакцијата на Бакојани за текстот во „Етнос“ беше реакција против ПАСОК, од каде што, наводно, го испратиле документот до весникот кој е близок до партијата на власт, во кој ги опомена да не се занимаваат со работи што ги прават и самите, односно тајни средби што ги одржуваат и самите со Милошоски.

Сепак, малкумина веруваат дека ПАСОК е нарачател на текстот во „Етнос“. Главниот „осомничен“ е противникот на Бакојани, сопартиецот и лидер на Нова демократија, Самарас.

„Самарас сега нема од што да се плаши, ја има власта и може да прави што сака. Еден од тие негови чекори е уништувањето на Бакојани и на нејзините поддржувачи“, велат во новинарските кругови во Грција. Политичките аналитичари сметаат дека Бакојани е жртвата со која Самарас ќе го исчисти својот грев кон грчкиот народ. Имено, голем дел од народот беше лут на Самарас за неговите жестоки ставови во врска со прашањето за името во 1993 година, кога тој беше министер за надворешни работи. Многумина сметаат дека доколку не беше остриот став на Самарас, имаше шанса да се најде решение за името уште тогаш. Така, наместо каменот да удри по Самарас, удри по Бакојани. Ставот со кој се произнесоа сите е дека Дора Бакојани е предавник.

Аналитичарите сметаат дека објавувањето на веста по внатрешните избори во Нова демократија е токму оваа приказна, односно да не се возобнови лутината на граѓаните кон Самарас за време на изборниот процес. Доколку ова обвинување против Бакојани се појавело за време на изборната кампања, таа сигурно ќе одговореше со контраобвинување за политичките одлуки на нејзиниот противник и неговата победа ќе беше на стаклени нозе.

Грците имаат изрека која вели дека штом нешто ќе падне, сите се нафрлаат и удираат по него. Ударите за Бакојани не престануваат. Лидерот на ултранационалистичката ЛАОС, Јоргос Караџаферис, по веста во „Етнос“ изјави дека црвената линија, која ја постави Бакојани во Букурешт и се' уште е водилка на надворешната политика на Атина за Скопје, не е толку црвена, туку веројатно повеќе „удира“ на розово.

За поддршка од Караманлис не станува ни збор, бидејќи се шушка оти тој тајно од самиот почеток го поддржувал Самарас, чија идеологија ја смета поблиска до својата. Со Самарас започнува и период на битка меѓу него и Караџаферис, бидејќи лидерот на ЛАОС може да се почувствува загрозен од поранешниот министер за надворешни работи, чии ставови се речиси еднакво екстремно десничарски и може да предизвикаат преливање на поддржувачите на ЛАОС во редовите на Нова демократија.

Зошто толкав удар за уништување на Бакојани. Поради негативниот имиџ, голема е веројатноста дека таа нема ни да биде во можност да формира своја посебна партија. Причината ја бараат во нејзиниот татко и поранешен премиер, Мицотакис, кој не е омилен кај грчкиот народ и често пати се смета за човек што предизвикал раздор во грчката држава уште во далечната 1965 година. Друга причина поради која ја гледаат со лошо око се и нејзините пријателски ставови спрема САД.

За Македонија, Бакојани не беше јагне, но беше помалото од двете зла, ако се земе предвид ставот на Самарас, кој е против каква било употреба на терминот „македонски“. Реално, се забележува пораст на симпатизерите на Самарас, кој е уште позацврстен по поддршката која Ердоган и' ја даде на Македонија. На овој начин Македонија сега се стекна и со имиџ на близок пријател на Турција, политичкиот непријател број еден на Грција.


#
Статијата е прочитана 2533 пати.

Испрати коментар

Од: dimo
Датум: 09.12.2009 05:06:09
Ako Bakojani dala takva dobra ponuda zosto ne e prifatena od nasa strana?
Од: Gruevski e grobar na Makedonija
Датум: 09.12.2009 07:42:47
Ako e vistina toa deka Bakojani postapila taka sprema Makedonija togas ZOSTO Gruevski i nasata Vlada go kriele toa???? Zosto ne prevzele nisto??? Zosto ja propustile sansata da se resi problemot so imeto??? Znaci nasata Vlada na celo so Gruevski glumi "patriotizam" a vsusnost e PREDAVNICKA Vlada. Veke stanuva jasno deka Gruevski uporno ja turka Makedonija vo propast i neizvesnost a od druga strana lazno ja predstavuva Evropa i Grcija kako nasi neprijateli broj eden i deka vsusnost tie bile onie koj nejkele da se resi problemot i ne turkale vo propast. Eve se gleda sega KOJ vsusnost nejke da trgne Makedonija napred. A nejke zatoa sto Grujo saka sve da opljacka i da ja unisti drzavata a voedno saka i da glumi pateriot za da ostane sto poveke na vlast a ako vlezeme vo Evropa NE ke moze toa da go pravi. Ete ZATOA e sokrieno seto ova so Bakojani. A kojznae i uste sto sve krie Gruevski za poslednava slucka na 7-mi sto bese.
Од: Паци
Датум: 09.12.2009 09:07:42
И нашава Влада ја пропуштила оваа прилика !?!? Повеќе им се допаѓа да бидеме БИВШИ Југословени??? Па значи тие се најголемите ПРЕДАВНИЦИ на македонската кауза.
Од: b
Датум: 09.12.2009 09:32:14
Кој не знаеше дека дрипците од Македонија што ко бајаги водат некаква надворешна политика, нешто муваат, кријат, се со цел да не се реши проблемот, да не ги наречат предавници. Со ова и нанесоа невидена штета на Македонија. Јасно е дека е додека оваа гарнитура на влеас, нема да има ниту решение на проблемот, ниту било што добро за Македонија!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 10:15:53
Типичен балкански,,обрачун,, во освојување на партиска власт.Од текстот негледам дали било тоа нејзин пробен балон визави нас,од причини што нејзиниот ривал а сега преседател Самарас е познат по екстремните ставови кон нас,а да не бил информиран за ваквиот потез тоа е нонсенс.И види мајката одма се залепија како муви на...... помодрените,ептен одлепија во својата наивност,да поверуваат дека еве соседите биле кооперативни а ние не.Абе иди бегај,зошто сега него повторија истото да го демаскираат премиерот.
Од: dedo dimo
Датум: 09.12.2009 12:10:20
A da ve prasham ,shto bi vi dala Bakojani so toa shto ne barala nisto za jazikot i Makedonski .Aloooo .Razmislete malku nie i den deneshen toa go imame i nikoj ne mozi da go zemi .Ali edno e sigurno, ako go izgubime imeto ,Togash ke nasednime so gol gas kako vo 90, godini koga se prifati da se pregovara za toa shto nasheto ime mu smetalo na nekoj od nadvor Ve molam pred da dadete vakvi komentari mislete so glavata a ne so nozete,kako tie od SDSM na celo so Branko.Ednash ako go izgubite Imeto ,zasekogash ste izbrishani i mozite da se javuvate sve samo ne MAKEDONCI.

Најди! во Утрински
Втора страница
Обиколница на глупоста
Вербатим
Што му понудила Бакојани на Милошоски?