Даблдекерите со двојно помал капацитет од старите автобуси на ЈСП
Постојниот возен парк превезува 40.000 патници, a новите автобуси само 24.600
Снежана Калабакова
Новите 300 двокатни автобуси, што ќе ги набави Владата за да го обнови возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие, ќе имаат помал капацитет отколку сегашниве стари возила. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека еден даблдекер ќе има 82 места, од кои 21 место ќе бидат за стоење. Наспроти новите, сегашниве стари единечни автобуси, со просечна старост од 17 години, имаат капацитет да примат по 100 патници и 30 места за стоење. Во зглобните автобуси има место за двојно повеќе патници, односно 200 места. Математиките говорат дека ЈСП со возен парк од 400 автобуси кои, како што велат од претпријатието, постојано се подготвени да бидат на линија, сега превезува 40.000 патници, а со новите 300 даблдекери ќе можат да се опслужат 24.600 патници. Ова доволно зборува дека јавниот превоз во Скопје и натаму ќе колабира, а згора на се', се нема визија ниту за зголемувањето на бројот на жители.
Од претпријатието коментираат дека, и покрај староста на возилата, од вкупно 400 возила, колку што има во нивниот возен парк, 260 возила постојано се на трасите низ градските улици од понеделник до петок, а со летниот возен ред, кога ги нема учениците, сега во саботите и во неделите, нивниот број е редуциран и активно се вклучуваат само 150 возила. Пред пристигнувањето на новите возила за претпријатието ќе биде важно да ги направи сите подготовки околу подигнувањето на височината на гаражите, пералните за возилата и, најбитно, нивните возачи навреме да ја поминат обуката за управување на двокатните автобуси.
„Според техничките карактеристики на автобусите, кои треба да ги изработува кинеската компанија ’Џенгџоу Јутонг‘, тие ќе примаат најмн��гу 82 патника. На горниот кат овие возила ќе имаат 39 седишта. На долниот кат има 18 места за седење и 21 место за стоење. Тука се предвидени и три седишта на преклопување. Наспроти тоа, 260 единечни автобуси на ЈСП собираат по 100 патници, а во 93 зглобни автобуси можат да се превезат и по 200 лица. Тоа доволно кажува дека новите двокатни автобуси, не само што нема да не' спасат од секојдневните турканици во јавниот превоз, туку уште повеќе ќе го зголемат проблемот. Условно речено, за да се избегнат турканиците, наместо на десет минути, веројатно двокатните автобуси ќе мора да поминуваат кај постојките на пет минути за да можат да соберат поголем број патници“, објаснува Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП „Скопје“.
Од претпријатието додаваат дека дневно 220 автобуси сообраќаат на 70 линии и потенцираат дека првите 100 автобуси, кои ќе пристигнат во септември наредната година, ќе бидат вклучени на пофреквентните градски и приградски линии. Еден даблдекер чини 180.000 евра, без вклучен данок и царински давачки.
ЈСП има перална за автобуси? Па зошто не ја употребуваат?
Од: Силвија
Датум: 06.07.2009 00:25:16
Дали некој се запрасал сто би слуцувало на спратот на автобусот? Насиве хулигани ке го демолираат, а возацот сто попрво данаправи? Освен ако не се распореди усте едно лице за дисциплина:
Од: anti_matematicar
Датум: 06.07.2009 00:44:49
Kolku sto e dobra matematikata, (babi i zabi) tolku e dobar i prevozot !.
Од: boris
Датум: 06.07.2009 02:17:15
Се се плашам дека некој кинеска автобус при некоја кривина ќе се преврти или пак, ќе му откаже некој дел...Да не чува Бог од експериментите на оваа влада! Сигурно Ставревски,Маневски,Славевски и Груевски нема да се возат во нив!
Од: Od Orce -AUSTRALIJA-SPECIJALIST ZA AVTOBUSI
Датум: 06.07.2009 05:58:20
Do Ministersvoto za transport i vrska ke ja dostavam mojata ideja kako najpravilna za resavanje na ovoj problem,a toa e samo nisko ednokatni avtobusi .koj jas licno gi imam isprobano kako najstabilni vo periodi koga od koja bilo pricina navleguvas so golema brzina vo nekoja od raskrsnicite vo nasata metropola- SKOPJE ,dodeka dvokatnite mozat da posluzat samo za ; zabava,razgleduvanje na metrpolata -SKOPJE ,pa zatoa najpovolno e da se nabavat sto pogolem broj na ednokatni avtobusi ,kako i dvokatni kade so koje ke se odbelzi minatoto na metropolata -SKOPJE ,no toa da bide poveke kako namena za turizam.POZZ- ORCE .
Од: Danijela S.
Датум: 06.07.2009 06:26:39
konecno nesto ubavo,gradot da se otarasi od tie stogodisni krntii.pa ne kraj na svetot,ke se kupat i drugi,vazno e da se otarasime od grdotiite sto go pravat gradot kako da ne e mrdnat po vojnata 1945.
Од: Ајван Доктор
Датум: 06.07.2009 10:39:48
А, како изгледа досегашното возење во „Градските“ автобуси? Чекање („да се офарба автобусот“), Гужва, нечистотии, смрад, хаос...! Замислете само како ли ќе „личи“ кога ќе се преполови капацитетот за превоз на патници?? Приватните (поим на капитализмот) се уште Погрди, „еколошките“ цевки за одвод на гасовите се свртени внатре во автобусот - за да не ја загадуваат околина! :) Нека излезат малку селскиве кметови надвор низ светов (кутрите ненашетани), да видат како изгледа превозот во други градови! Не мора да одат подалеку. Кога одат на „шопинг“ во Солун, нека влезат во автобус, да се повозат малку. (пак тие грчиштата... :) Но, нам изгледа повторно сообраќајот ќе ни го средуваат „Специјалисти за Автобуси“, Шофери од Астраља, од типот Орце!
Од: Пинг
Датум: 06.07.2009 10:42:57
До Вас Г-ѓо Калабакова: Математиката Вие „весела“. Доколку тоа е поради незнаење, Ве разбирам, ама ако е тенденциозно, тогаш е за жалење. Бројките кои ги споменувате треба да ги дополните со следново: Јсп СКОПЈЕ дневно превезува по 120.000 до 130.000 патници (просечно за време на зимски возен ред). Имајќи ги во предвид бројот на линиите-вкупно градски и приградски 64, бројот на возилата по одредена линија, како и „турите“ кои ги врти секое возило, онака лесно ќе дојдете до најмалку 4000 тури во текот на денот. Ај помножете, поделете па ќе видите дали се доволно овие автобуси. Поздрав до сите коментатори, посебно до оние кои се разбираат по малку во автобуси и градски превоз на патници. Секако поздрав до сите Ваши и наши. ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА, НЕ СЕ БУДАЛЕТЕ.
Од: orhanmakedonski
Датум: 06.07.2009 19:11:20
Ajde ne uvelicuvajte,mnogu ste kriticni.
Vo London skoro site aftobusi se dvokatni,i e mnogu prijatno za vozenje.Vie najverovatno upotrebuvate komunisticka matematika za brojot na patnici.