Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Игнорирана надворешна политика

Тамара Грнчароска


Надворешната политика вчера речиси и да ја немаше во експозето на премиерот Никола Груевски за сработеното во изминатите четири години. Груевски во тој дел единствено го спомена спорот со името како еден од двата најтешки проблема со кои се соочил во текот на четирите години во премиерската фотелја, а кое го попречилo нашето членство во НАТО и во ЕУ, и покрај исполнувањето на критериумите за членство. Притоа тој го повтори ставот дека Владата ќе направи се' за да најде решение за името и земјата да стане членка на НАТО и на ЕУ, но не по цена да се направи штета поврзана со нашите државни и национални интереси.

На прашањето дали се чувствува одговорен за слабеењето на меѓународните позициите на Македонија и за неактивната македонска дипломатија што доведува до тоа, премиерот изјави дека дипломатијата е максимално активна и дека не може да зборува за слабеење на меѓународната активност и позиции“. Според него, Македонија води тешка битка за зачувување на идентитетот со сериозен противник што е неколкукратно посилен во однос на ресурсите и капацитетите и во однос на неговата позиционираност внатре во НАТО и во ЕУ како член. „Тоа воопшто не е лесна битка“, рече Груевски. „Ние во тој контекст не сме бескомпромисни, сакаме да постигнеме компромис, но кој нема да им направи штета на државните и на националните интереси, всушност, компромис што би бил прифатлив за мнозинството граѓани во Македонија“, потенцираше Груевски.

Но, Груевски, и покрај решителноста решението да го стави на референдум, не знаеше да каже дали медијаторот Метју Нимиц подготвува нов предлог. „Не ни најавил, но може да излезе со такво нешто“, рече Груевски. На прашањето дали доколку има таков предлог би го ставил на увид на јавноста пред да се направи конечната верзија, тој првин одговори дека во моментот кога ќе биде даден предлогот тој ќе биде ставен на увид на опозицијата и на јавноста, но веднаш се коригираше со зборовите: „Ако за тоа има услови“.


#
Статијата е прочитана 1010 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2010 13:00:55
По се изгледа морам да го повлечам изразот tabula raza за г-ѓа Војновска,читајќи го весников видов да ,,независните,,новинари се поделиле по области и така вршат опсервирање на излагањето на премиерот.Ова го сватиле како ,,борбена,, задача и така независно и го критикуваат во целост,ништо нема позитивно, се е уназадено.Додека опозицијата без задршка се цитира и се потенцира.
Од: Јован АН
Датум: 04.09.2010 13:10:55
Името на Македонија НЕ СМЕЕ да се менува!Ако веќе треба да покажеме добра волја кон оние кои не негираат и го посакуваат исчезнувањето на Македонскиот народ,може да се договориме како Грција да и’ се обраќа на Република Македонија,а за светот остануваме тоа што сме - Република Македонија!Секоја додавка пред името Македонија е погубно за сите Македонци - каде и да се!
Од: Гуто
Датум: 04.09.2010 13:45:30
Груевски прецизно се изрази, тоа треба да го прават и новинарите. Немаме спор за (со) името. Имаме проблеми кои ни ги наметнува Грција, од привилигирана позиција, со ставање на вето затоа што била чуствителна на нашето уставно име, нашиот национален идентитет, јазик, култура, историја и се што е поврзано со НАШЕТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА. Почитувајте го новинарскиот принцип - прецизно изразување.
Од: Aaron
Датум: 04.09.2010 14:09:05
Imeto Makedonija ne e slovensko ime, tuku grcko.Mnogumina imperatori na Vizantija se narekuvali "Makedon" isto kako Vasilij Bugaroubiec.Da nosi edna drzava ime na geografska oblast e seedno Bugarija da se narekuva Trakija, Romanija-Karpatska, Avstrija-Alpionija.Taka e koga za 20g.se sozdavat ime,drzava, istorija!
Од: nacional-patriot
Датум: 04.09.2010 22:57:58
Imeto Makedonija ne e "grcko",tuku e ime od antickite Makedonci koi bile razlicni od togasnite Romei(heleni).Ovaa teritorija se vika Makedonija so vekovi poradi Makedoncite,a Atina go odbegnuvase imeto Makedonija se do 1988 godina.Prethodno za Atina imeto Makedonija i bese tugjo.Znaci imeto Makedonija e nacionalno kako sto i Kurdistan ne e samo geografsko ime,tuku i nacionalno,poradi kurdskiot narod.

Најди! во Утрински
На прво место
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Иванов се брифира пред посетата на Брисел