Иванов се брифира пред посетата на Брисел
Реформите во правосудството и администрацијата, напредокот во економските критериуми, претпристапната економска програма, законските решенија во повеќето области и процесот на усогласувањето на македонското со европското законодавство, биле дел од темите на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, вицепремиерот и министер за фина��сии Зоран Ставрески, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и со министерот за правда Михајло Маневски.
Владините претставници го информирале Иванов за најновите достигнувања на Македонија во повеќето области пред неговото заминување за Брисел, каде што ќе има средба со клучните ЕУ-претставници, а во пресрeт на објавувањето на годишниот извештај на ЕК за Македонија.
Шефот на македонската држава, според најавите, во Брисел треба да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, со комесарот за проширување, Штефан Филе, како и со други функционери на ЕУ. (MИA) |