Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

„Кермес“ од парк ќе се пресели на суд во Лондон

Трифун Костовски ќе ја тужи државата и ќе бара отштета до 15 милиони евра

Деспина Трајковска


Ни по четири изминати месеци од инсистирањата до надлежните да ги отворат картите на маса за случајот „Кермес“, Трифун Костовски не добил никаков абер. И писмата на двапати испратени на адреса на премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и Општина Центар не помогнале ексградоначалникот, кој има инвестиција во „Кермес“, заедно со швајцарската фирма „Гофи“, да добие конкретен одговор дали надлежните имаат намера да го расчистат проблемот или, пак, купуваат време.

Костовски нема да отстапи од намерата да ја тужи државата пред арбитражен суд во Лондон. Очигледно, смета тој, надлежните од познати причини за нив не се нафаќаат да го решат проблемот, додека нему од ден на ден му растат загубите поради запрената изградба.

И додека случајот очигледно е на стенд бај, објектот кој досега веќе требаше да биде изграден како репрезентативен објект во Градски парк, го нагрдува просторот. Напуштено градилиште, „заборавени“ столбови со арматура и оградена парцела е сликата која веќе речиси четири години е дел од паркот.

„Во јануари истекува законскиот рок за одговор на сите мои барања за случајот до нашите надлежни институции и практично тогаш ќе поднесам тужба до арбитражата во Лондон. Немам сомнеж дека ќе излезам победник, бидејќи арбитражата е непоткуплива од кој било аспект, за разлика од дел од институциите во нашава држава. Единствено ми е жал што цехот, всушност, ќе го плаќаат граѓаните. Според пресметките, досега имаме претрпено штета помеѓу 12 и 15 милиони евра и толкава сума ќе барам од државата за обесштетување по основа на загубена добивка, уривање на мојот углед и на угледот на швајцарската фирма ‘Гофи‘“, потенцира Костовски, кој како што одминува времето е убеден дека целиот случај е демонстрација на сила во која се гази правото.

Инаку, изградбата на „Кермес“ беше стопирана во декември 2006 година, кога Министерството за транспорт и врски ги запре градежните активности со барање до Управата за заштита на културно наследство да се изјасни дали некогашниот „Кермес“ бил заштитен споменик. Но, освен наводно донесената одлука, објектот, според досегашните официјални изјави на дел од надлежните, не е заведен во предметниот регистар за споменици на култура. Во меѓувреме, од инвеститорот „Гофи“ беше побарано да извади нова градежна дозвола за да ја продолжи изградбата, но, според Костовски, тоа ќе беше апсурд оти изградбата започнала со целосната документација издадена од Општина Центар во март 2005 година. Дел од неа било и мислењето на Управата, кое не е облигаторно.

Инвеститорот во започнатиот проект „Кермес“ вложи 3,5 милиони евра, од нив 335.000 евра се платени на Општина Центар за комуналии.

Костовски е убеден дека правдата е на негова страна и кога-тогаш „Гофи“ ќе го реализира проектот, па „Кермес“, исто како некогаш, ќе стане собиралиште на скопјани во Градски парк. На местото на старата кафеана, на површина од 3.250 квадрати, треба да никне хотел со четири ѕвездички, висок 10 метри.

За случајот вчера Општина Центар остана без коментар. Оттаму не одговорија ниту на поставените конкретни прашања. Од Министерството за транспорт и врски, пак, рекоа дека на нивна адреса не стасало никакво барање од инвеститорот за средба со министерот на која евентуално би се разговарало за неколкугодишниот проблем.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар

Од: Oskar
Датум: 25.11.2010 13:06:24
Kako Skopjanec i obozavatel na Gradskiot Park, smetam deka e nedozvolivo vakvo odolgovlekuvanje i neresavanje na vaka akutni prasanja koj go nagrduvaat izgledot na parkot kako: Kermes, Ezerce i Kineskiot zid. No uste po kategoricki reagiram protiv drskoto uzurpiranje na Gradskiot park za izgradba na hotel ili stanben kompleks (Kineski zid), koi treba da im gi polni paricnicite na poedini moknici, na smetka na graganite. Kermes, bez ogled dali e proglasen za spomenik ili ne, treba da se obnovi onakov, kako sto bese, isto i Ezerce vo naj kratok mozen rok.
Од: miki
Датум: 25.11.2010 14:01:44
Kermes samo takov kako sto BESE, obnoven i renoviran !!
Од: goce
Датум: 25.11.2010 14:31:22
abe sve e ok...sto go kupil ama kade otide metropol ni dividenta ne im se plaka ni akciii im se kupija na tolku luge nisto ne ostana a i kermes bese zaedno so metropol kako uspeaaa alal da im...PARATA GO VRTI SVETOT...
Од: k2
Датум: 25.11.2010 16:00:26
Samo bi postavil edno prasanje (iako spored mene i dvata slucai se korupcija)....Moeto prasanje e sto e razlikata pomegu Marjan Jovanov koj od pozicija na vlast kupi zemjiste i Trifun koj bese gradonacalnik na Skopje za vremeto na Kermes i pocetokot na Gradbata....Zasto toa prasanje ne e postaveno i dali Trifun vleze vo politikata za da gi ostvari svoite celi....
Од: TRAJANKA
Датум: 25.11.2010 17:37:41
Trifun treba da go vrati istiot izgled na Kermes !!! Gratckiot Park na grad Skopje e Srceto na gradot , Kermes e na site Skopjani naj ubava nostalgija , kao i Idadija . Toa se mesta koja gradot treba da gi neguva kao Tradicija i naj zastiteni so zakonot na Urbanizam . Trifun go sramni Kermes so zemja zatoa treba da go vrati vo orginalniot stil na negovoto sozdavanje i postoenje , na Orginal Kermes , ko e na site Skopjani , a ne samo na Trifun . Neka ne se zanesuva mnogu za da ne go vrati i Pelister nekoj den , koj go ima prisvoeno od narodot na Republika Makedonija .
Од: Benziska pumpa Luk Oil itn.
Датум: 25.11.2010 22:50:55
Abe lugje, baraat da se investira vo Makedonija, a mene licno mi stopiraa izgradba na benziska pumpa so obrazlozenie deka nivata mi bila 1-va klasa, a potoa odobrenieto go dadoa na lokalen Albanec isto za benziska pumpa na edno dvesta metri ponadolu vo istiot atar i na isti nivi od 4--ta klasa. Duri i vrhovniot Sud bese vo ednoumie so Vladata,..a ke povtoram baraat investicii vo Makedonija. Sto ne go procepkaa Trifun Kostovski...porano za poteklo na imot i t.n. ? Monopolot da se bide na vlast go svatile kako privaten biznis i se odnesuvaat so mentalitet na ":banda"!

Најди! во Утрински
Скопје
Се наѕира ликот на општинската зграда на Бутел
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars