Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Се наѕира ликот на општинската зграда на Бутел

Градежните зафати на новата општинската зграда на Бутел се во полн ек и моментално, освен што се става надворешната изолација, се работи и во внатрешноста. Според динамиката со која се работи, општинарите се надеваат дека веќе од 1 март ќе работат во нови простории. Инвеститор на објектот е Општина Бутел, а неговата изградба ќе чини 1,2 милиона евра буџетски средства.

„Додека се поставува надворешната изолација, се избира и еден од неколкуте понудени модели за надворешно украсно стакло на фасадата. Со стакло во темна бордо боја ќе бидат покриени предните греди на објектот, а на останатите делови ќе има стакло со црвеникаво розова боја. Додека се работи на надворешноста, паралелно се изведуваат и занаетчиските работи внатре во објектот, кој се надеваме ќе биде готов според предвидените рокови“, вели Снежана Клинчарова, портпаролка во Општина Бутел.

Објектот ќе има приземје и еден кат и корисна површина од 2.500 квадратни метри. Во него ќе бидат сместени сите служби на локалната самоуправа, а проектирана е и голема сала за седници на Советот. Во посебен дел и со посебен влез ќе биде и Матичната служба, односно салата за венчавки. Изведувач на градежните работи е ДС „Галаб“ од Скопје. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 766 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
„Кермес“ од парк ќе се пресели на суд во Лондон
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society